Азимут
Азимут (арап. السمت, ес‑симт = „насока“) е хоризонтален агол со теме во точка на картата, од која едниот крак е во правец на север, а другиот во правец на определена точка од стварноста. Азимутот се зголемува надесно и може да има вредност од 0 до 360 степени. Обратниот азимут е хоризонтален агол кој се разликува од азимутот за 180 степени. Азимутот и аголот на правец се мерат од карта со компас, агломер и тетивен агломер.
Видови азимут
[уреди | уреди извор]Географскиот азимут е хоризонтален агол меѓу географскиот север (меридијанот) и правецот на целта. Магнетниот азимут е хоризонтален агол меѓу магнетниот север и целта. Правоаголниот азимут (на правец) е хоризонтален агол меѓу правецот на х-оската и целта.
Магнетна деклинација
[уреди | уреди извор]Правецот на географскиот меридијан и правецот на магнетниот север се сечат под агол кој се вика магнетна деклинација. Вредноста на магнетната деклинација е променлива вредност поради промените во деклинацијата заради јоносферата и магнетните бури.
Меридијанска конвергенција
[уреди | уреди извор]Правецот на географскиот меридијан и правецот паралелен на х-оската, образуваат агол наречен меридијанска конвергенција (зближување на меридијаните).