Јован Јовановиќ - Пижон
Јован Јовановиќ - Пижон | ||
Роден | 3 септември 1869 Белград | |
---|---|---|
Починал | 20 јуни 1939 Охрид |
Јован Јовановиќ – Пижон (Белград, 3 септември 1869 — Охрид, 20 јуни 1939) бил српски дипломат, политичар, министер и писател.
Животопис
[уреди | уреди извор]Се родил во Белград во 1869 година, каде завршил основно училиште и гимназија, како и право во 1891 година. Меѓу 1899 и 1903 година бил писар во српскиот конзулат во Цариград, писар во Министерството на финансии и секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Србија. Во 1907 година работел во Атина и ја вршел должноста конзул во Цетиње. Заедно со Светислав Симиќ бил еден од најзаслужните државни службеници за помагање на организацијата на српското четничко движење во Македонија.[1] Од 1909 до 1911 година раководел со српскиот конзулат во Скопје, а во 1911 година станал началник на одделение на Миситерството за надворешни работи и во 1912 година, министер на тоа министерство. Од 1912 до 1914 година бил претставник во Виена, во 1915-1916 година во Лондон и во 1929 година во Вашингтон. Се пензионирал во 1920 година, кога ја основал Земјоделската партија. Починал во Охрид, во 1939 година.
Цел живот бил активен дописник за српските списанија и писател. Во „Српскиот книжевен гласник“ пишувал под псевдонимот Инострани. Автор е на делото „Јужна Србија од крајот на 18 век до ослободувањето“.[2]
Неговиот „Дневник (1896-1920)“ бил објавен во 2015 година.[3][4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Биљана Вучетић, Историјски часопис LVII(2008)413-426
- ↑ М. Станић, Успомене на митрополите са којима сам радио Михаила Г. Ристића, 123.
- ↑ „Дневник (1896-1920)“ Предлошка:COBISS
- ↑ Кралството Србија во дневникот на Пижон
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јован Јовановиќ - Пижон“ на Ризницата ? |