Прејди на содржината

Јован III Аин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован III Аин
Архиепископ од 1078
Архиепископ до 1084
Претходник Јован II
Наследник Теофилакт
Роден
Византија
Починал најверојатно 1084
Византија
Други архиепископи со име Јован

Јован III Аин бил византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот од 1078 до 1084 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

За неговото дело денеска многу малку се знае. Пред да застане на охридскиот престол, тој бил игумен во манастир кој се викал Ариција, кој се смета дека се наоѓал во близина на денешниот град Видин во Бугарија. На архиепископскиот престол се качил по смртта на Јован II Лампин, со помош на византискиот цар Никифор III.

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.