Прејди на содржината

Герман (охридски патријарх)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Герман
Архиепископ од 970-ти
Архиепископ до о. 1000
Претходник Климент Охридски
Наследник Никола I
Роден X век
?
Починал о. 1000
Преспа

Герман (или Гаврил) — охридски патријарх, поглавар на Охридската патријаршија кон крајот на X век, за време на Самоиловото Царство. Бил мошне близок пријател со царското семејство и се смета дека во негова чест Самоил го нарекол својот првороден син-престолонаследник, идниот цар Гаврил Радомир.[1]

Се претпоставува дека е избран за патријарх во 970-тите години. Според Диканжовиот список, седиштето му било во Воден, а подоцна во Преспа. Според бугарскиот историчар Димитар Цухлев, Герман бил избран за патријарх во Средец и првично престојувал во тој град, но Иван Снегаров, водејќи се според хрисовул на царот Василиј II, вели дека по напуштањето на Воден и и пред конечното останување во Преспа, патријархот извесно време живеел во Меглен.

Герман ја возглавувал црквата на Самоиловото Царство. Во негово време (во 983 или 985 г.) од Лариса во Преспа се пренесени моштите на св. Ахил и се положени во катедралниот храм подигнат во негова чест, на истоимениот остров. Меѓу 989 и 992 г. Цар Самуил и патријархот Герман ги пренеле моштите на св. Јован Рилски во Средец.

Патријархот Герман починал во Преспа околу 1000 г.[2] и е погребан во храмот црквата „Св. Герман“ во истоименото преспанско/леринско село[3], подоцна прогласена за епископска црква.

Според месното предание во преспанското село Герман, името на селото и неговат црква „Св. Герман“ се поврзува со охридскиот патријарх Герман.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Герман“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 353. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 Снегаров, Иван (1995) [1924]. История на Охридската архиепископия, т.1 (Второ фототипно издание. изд.). София: Академично издателство „Марин Дринов“. стр. 26–27. no-break space character во |pages= во положба 3 (help)
  3. „Ралица Байтазова, Историческите паметници на остров Св. Ахилий, Арх и Арт, 20 септември 2007 г.“. Архивирано од изворникот на 2015-05-09. Посетено на 2020-12-02.