Јозеф Гебелс
Паул Јозеф Гебелс | |
---|---|
Канцелар на Германија | |
На должноста 30 април – 1 мај 1945 | |
Претседател | Карл Дениц |
Претходник | Адолф Хитлер |
Наследник | нема (Шверин фон Крозиг станал Водечки министер) |
Министер за народна просвета и пропаганда | |
На должноста 13 март 1933 – 30 април 1945 | |
Претходник | новосоздадена функција |
Наследник | Вернер Науман |
Лични податоци | |
Роден(а) | 29 октомври 1897 Рајт, Прусија, Германија |
Починал(а) | 1 мај 1945 Берлин, Германија | (возр. 47)
Партија | НСДАП |
Сопружник | Магда Ричел |
Установа | Бонски универзитет Вирцбуршки универзитет Фрајбуршки универзитет Хајделбершки универзитет |
Занимање | Политичар |
Потпис |
Паул Јозеф Гебелс (германски: Paul Joseph Goebbels; 29 октомври 1897 - 1 мај 1945) — германски политичар и Министер за народна просвета и пропаганда за време на националсоцијалистичкиот режим од 1933 до 1945 година. Тој бил еден од најблиските соработници и најпосветените следбеници на Адолф Хитлер. Гебелс бил познат по неговото жестоко говорништво и страшниот антисемитизам. Добил докторска диплома од Хајделбершкиот Универзитет во 1921 година.
Откако нацистите дошле на власт во 1933 година, тој бил назначен министер за пропаганда. Еден од неговите први чекори била наредбата да се запалат сите книги напишани од Евреи или антинацистички автори, и ја зголемил својата контрола над секој извор на информации во Германија. По неговото назначување на таа функција, неговите напади врз германските Евреи се зацврстиле и кулминирале со Кристалната ноќ во 1938 година, првиот отворед погром од страна на нацистите.
Како голем поддржувач на војната, Гебелс направил сѐ што можел за да го подготви германскиот народ за огромен воен конфликт. До крајот на 1943, војната се претворила во огромна катастрофа за Силите на оската, но тоа само го охрабрило Гебелс да ја засили пропагандата, со тоа што ги повикал Германците да ја прифатат идејата за тотална војна и мобилизација. Гебелс останал во Берлин со Хитлер до самиот крај, а по Хитлеровото самоубиство, служел како канцелар на Третиот рајх, иако само за еден ден. Во неговите последни часови, Гебелс ѝ дозволил на жена му Магда да ги убие нивните шест дечиња. Бргу потоа, Гебелс и жена му извршиле самоубиство, тој со истрел од огнено оружје, а таа со отров.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Адолф Хитлер |
Канцелар на Германија 30 април-1 мај 1945 |
Наследник Шверин фон Крозиг |
Оваа статија поврзани со Третиот Рајх е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|
|