Ареал
Изглед
Ареал (од лат. areale = „подрачје“), распространетост или дистрибуција e природната распространетост на некоја група растенија или животни[1], т.е. географското подрачје во кое може да се сретне еден вид.
Поимот има различни варијанти, зависно од контекстот:
- понекогаш се прави разлика помеѓу автохтон ареал на еден вид и местата кајшто видот е доведен со човековите активности (намерно или не сакајќи), како и местата каде што е повратен во природата ако бил претходно искоренет.
- кај видовите што живеат во различни подрачја во различни годшни времиња, се користат поимите летен ареал и зимски ареал.
- кај видеовите кои се размножуваат само во извесен дел од нивниот ареал не важат поимите расплоден ареал и нерасплоден ареал.
- кај животните што се постојано во движење, се зборува за природниот ареал, наспроти местата кајшто видот се јавува како скитник.
- честопати се додаваат географски и временски определници: македонски ареал или ареал пред 1930 г.
Постојат барем пет вида на распространетост:
- расеана/произволна (произволна распределеност)
- збирна/групирана (мнозинството е сконцентрирано во едно подрачје)
- линеарна (поставеноста образува линија)
- радијална (поставеноста образува облик ' х ')
- правилна/подредена (нема никаква произволност, туку видот следат рамномерна шема, како во решетка)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ареал“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, Он.нет