Прејди на содржината

Босанска криза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насловната страница на францускиот весник Le Petit Journal за босанската криза: кнезот Фердинанд од Бугарија прогласил независност и бил прогласен за цар, а австрискиот император Франц Јосиф ја анектирал Босна, додека османлискиот султан Абдул Хамид II набљудува и мисли.

Босанската криза или анексијата на отоманските територии[1] на Босна претставува присоединување на територијата на денешна Босна и Херцеговина кон Австроунгарија.

Областа била анектирана без консултации со останатите големи сили. Франц Јосиф I во царска прокламација од 7 октомври 1908 истакнал:

Кога пред едно поколение Нашата Војска ја прекорачи Вашата земја, дедено ви е Вам уверување, дека не дошле како душмани, туку како Ваши пријатели со цврста волја, да ги отстранат сите зла, кои Вашата татковина со години тешко ја притискале. Овие зборови, дадени Вам во оној сериозен момент, чесно е одржана. Нашат влада отсекогаш сериозно се трудела во мир и законитост внимателно да работи, а на Вашата татковина да и донесе среќна иднина... [2]


Според Берлинскиот конгрес од 1878 година во Босна и Херцеговина бил воведен окупаторски режим на Австроунгарија под изговор да се воспостави мир и ред по немирите во двете области во 1875-1878 година. Османлискиот султан го задржил на хартија суверенитетот на земјата кое било потврдено со билатерална конвенција во април 1879 година. Уште кон крајот на истата година и во почетокот на 1880 година, сепак Австроунгарија ја вклучила Босна и Херцеговина во своите граници и во даночниот систем. Управувањето било ставено под директна контрола од Министерството за финансии во Виена. Во 1881 година била воведена воена служба за месното население, што довело до вооружен востание во Херцеговина во почетокот на 1882 година.

Анексија

[уреди | уреди извор]

Младотурската револуција довела до зајакнување на англиското влијание во Цариград за сметка на австриското. Ова довело до стравување во Виена дека дека босанското население ќе бара автономија. Поради овие причини императорот Франц Јосиф одлучил да ја озакони еднотстрано власта во Босна и Херцеговина. Тоа станало на 24 септември 1908 година.

Босна и Херцеговина била доследна со прогласувањето на независноста на Бугарија два дена порано (22 септември). Речиси во исто време парламентот на автономниот Крит го отфрлил декларативно суверенитетот на султанот и објавил пристапување кон грчката држава. Овие нарушувања на Берлинскиот конгрес предизвикале дипломатска криза меѓу двата европски сојузи - Централните сили и Антантата. Српскиот министер за надворешни работи Милован Миловановиќ протестирал против активностите на Австроунгарија и побарал враќање на статус кво од пред анексијата или територијален надоместок во случај анексијата биде признаена. Како одговор Австроунгарија започнала да се подготвува за војна. Русија застанала на страната на Србија и за возврат барала ревизија на Берлинскиот конгрес, што ќе овозможи слободно преминување на нејзини воени бродови преку Босфорот и Дарданелите. Руските сојузници Франција и Велика Британија го отфрлиле ова барање.

На 13 февруари Отоманското Царство и Австроунгарија сепак склучуиле договор, што го потврдил приемот на Босна и Херцеговина кон двојната монархија. Во замена Австроунгарија ги повлекла своите војници од Новопазарскиот санџак и платила на отоманската влада 2,5 милиони фунти. Под притисок на Австроунгарија и нејзиниот сојузник Германија, на 9 март 1909 година Русија била принудена да ја признае анексијата. Под закана да ја води сама војната, Србија исто така ја признала анексијата неколку дена подоцна.

Последици

[уреди | уреди извор]

Во февруари 1910 година австроунгарските власти дале ограничена самоуправа на Босна и Херцеговина. Бил воведен устав со кое се формирал парламент, но не била обезбедена автономија на двете области. Со уставот и со делумното решавање на ова прашање во 1911 година австроунгарската влада заработила поддржувачи како меѓу хрватската и меѓу српската и муслиманската заедница. Радикалните приврзаници на единство со Србија, сепак одговорила на анексијата на Босна и Херцеговина основајќи ја револуционерната организација "Млада Босна". Од 1910 година натаму таа извршила редица напади врз високи претставници на австроунгарската власт. Кај еден од нив во јуни 1914 година во Сараево бил убиен австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Ова станало повод за избувнувањето на Првата светска војна.

  1. THE BALKAN WARS 1912–1913[мртва врска]
  2. Иван Божић, Сима Ћирковић, Милорад Екмечић, Владимир Дедијер, Историја Југославије, Просвета, Београд 1972. — скуп слика између страна 368-369. Чланак написан на основу факсимила објављене прокламације.