Брест (Штипско)
Брест | |
Координати 41°36′23″N 22°19′22″E / 41.60639° СГШ; 22.32278° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 8 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30004 |
Надм. вис. | 470 м |
Брест на општинската карта Атарот на Брест во рамките на општината | |
Брест — село во Општина Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општината Штип, на северозападната падина на планината Смрдешник, а во сливот на реката Крива Лакавица, од нејзината десна страна. Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри. Од централното место Штип, населбата е оддалечена 28,5 км.
Атарот зафаќа простор од 8,3 км2. На него шумите заземаат површина од 304,9 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 258,2 ха, а на пасиштата 220,3 ха.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиската Империја.
Во Брест лежат урнатини од црквата „Св. Пантелејмон", но не се знае во кој период била изградена првобитната црква.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брест имало 230 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брест имало 184 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Брест е мало село, коешто во 1961 година броело 181 жители, а во 1994 година бројот се намалил за 30 жители.[6]
Според пописот од 2002 година, населението на Брест броело 32 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 184 | 175 | 187 | 181 | 157 | 87 | 42 | 30 | 32 | 8 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2310 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Св. Пантелеј - подигната во 1923 врз постари темели[13]
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Крундилов Дол - населба од доцноантичкото време;
- Плоча - средновековно градиште;
- Црква Св. Пантелеј - средновековна црква;
- Шумнати Рид - викус од доцноантичкото време;
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 39–40.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.34“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-01-12.
- ↑ Brancoff, D.M. (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne. Париз. стр. 134–135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. PX-Web. Посетено на 2023-01-08.[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ 13,0 13,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 429. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|