Прејди на содржината

Патрик (Штипско)

Координати: 41°35′53″N 22°12′31″E / 41.59806° СГШ; 22.20861° ИГД / 41.59806; 22.20861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Патрик
Патрик во рамките на Македонија
Патрик
Местоположба на Патрик во Македонија
Патрик на карта

Карта

Координати 41°35′53″N 22°12′31″E / 41.59806° СГШ; 22.20861° ИГД / 41.59806; 22.20861
Регион Источен
Општина Штип
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 635 м
Патрик на општинската карта

Атарот на Патрик во рамките на општината

Патрик — историско село во јужниот дел на денешна Општина Штип кое постоело сè до 1913 г.

Географија

[уреди | уреди извор]

Патрик се наоѓал на неколку километри јужно од с. Степанци, на билото на Конечка Планина (Серта). Денес местото се наоѓа во атарот на с. Лесковица.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Патрик било мало село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Патрик имал 80 жители, сите Македонци христијани.[2][3]

Во 1905 г. Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) го води селото (Patrik) двапати — еднаш со 112 и еднаш со 120 жители, Македонци, христијани.[2][4]

За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото е изгорено од српската војска. Во 1988 г. е обновена црквата „Св. Илија“.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 134-135.
  5. „Осма приградска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2021-08-05. Посетено на 1 април 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)