Прејди на содржината

Вечерата на кнезот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вечерата на кнезот (српски: Кнежева вечера) - српска епска песна.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Ден пред Косовската битка, кнезот Лазар приредува слава во Крушевац на која присуствуваат сите српски господари: Југ-Богдан со неговите деветмина синови, Вук Бранковиќ, Иван Косанчиќ, Милан Топлица, Милош Обилиќ итн. Кнезот им наздравува на присутните при што го обвинува Милош Обилиќ дека ќе го предаде за време на Косовската битка и ќе пребегне кај царот Мурат. Милош, пак, одговара дека планира да погине во битката и да го убие турскиот цар, и додава дека вистинскиот предавник е Вук Бранковиќ. Исто така, тој дава завет дека,ако остане жив, ќе го фати Бранковиќ и врзан ќе го однесе на Косово.[1]

За песната

[уреди | уреди извор]

Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од татко му Стефан Караџиќ.[2] Во оваа песна се среќава редок и извонредно убав пример на споредба во облик на градација, во стиховите во кои кнезот Лазар јунаштвото го става највисоко од сите други човечки доблести.[3]

  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 144-145.
  2. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  3. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 27.