Прејди на содржината

Вотергејтска афера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слика од комплексот и околината за време на истрагата

Вотергејтската афера е политички скандал во САД од 1972 - 1973 што настанал со откривањето на уреди за прислушување во изборниот штаб на соперничката Демократска партија во комплексот Вотергејт во Вашингтон. Прислушувањето го организирале приврзаниците на Републиканската партија со знаење на најодговорните луѓе во партијата. Откривањето на тој случај довело до оставка (единствен случај) на претседателот на САД, републиканецот Ричард Никсон на 9 август 1974.

Скандалот започнал со апсењето на пет луѓе за упад во штабот на Демоктратсиот Национален Комитет во хотелскиот комплекс на 17 јуни 1972. Првичните истражувања спроведени од ФБИ и подоцна од Комитет за Вотергејт на Сенатот и на новинарите откриле дека овој упад или кражба се само една од многуте нелегално авторизирани и извршени активности од страна на персоналот на Никсон и оние лојални на него. Тие исто така откриле и огромен број на криминални дела и злоставувања, меѓу кои: измама во кампањата, политичка шпионажа и саботажа, нелегални провалувања, неправилни даночни пријави и посебен фонд за перење на пари за исплата на оние кои ги вршеле тајните операции[1][2]. Овој таен фонд исто така бил искористен и за „купување на тишината“ на седуммината кои беа обвинети за упадот на 17 јуни.

  1. Perry, James M. „Watergate Case Study“. Class Syllabus for "Critical Issues in Journalism". Columbia School of Journalism, Columbia University. Архивирано од изворникот July 15, 2019. Посетено на July 27, 2018.
  2. Dickinson, William B.; Cross, Mercer; Polsky, Barry (1973). Watergate: chronology of a crisis. 1. Washington, D.C.: Congressional Quarterly Inc. стр. 8, 133, 140, 180, 188. ISBN 0-87187-059-2. OCLC 20974031.