Геди Дермен
Геди Дермен Επτάμυλοι | |
---|---|
Координати: 41°6′N 23°37′E / 41.100° СГШ; 23.617° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Сер |
Надм. вис. | 55 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 705 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Геди (Еди или Једи) Дермен (грчки: Επτάμυλοι, Ептамили; до 1927 г. Γενή Δερμέν, Гени Дермен[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 705 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Серското Поле, источно од градот Сер, на надморска височина од 55 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Геди Дермен бил чифлик во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Једи Дирмен (Yédi-Dirmen) имало 10 домаќинства и 30 жители Роми.[4]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Једи Дермен имало 72 Роми.[5]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Геди Дермен се водело како напуштена населба, но во 1920 г. броело 155 лица, што значи дека веднаш по Првата светска војна било обновено и во него биле сместени доселенички ссмејства од Понд.[3]
Во 1923-24 г. се населиле уште 55 бегалски семејства (вкупно 243 бегалци).[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ептамили (Επτάμυλοι).[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува тутун, компир, жито и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 358 | 358 | 388 | —[б 1] | 314 | 340 | 517 | 712 | 705 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1930 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 5,5 квадратни километри.[3] Општината Геди Дермен била приклучена во општината Сер во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Сер.
Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Геди Дермен, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — изградена во 1925 г. од грчките доселеници
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 23 март 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 248.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124–125. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
Забелешки
- ↑ Податоците за селото Геди Дермен, согласно територијална организација од 1968 година, во пописот од 1971 г. се вклучени во податоците за Сер.
|