Сер (општина)
Општина Сер Δήμος Σερρών | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | Серско Поле |
Население: | 70.703 (2021) |
Седиште: | Сер |
Нас. места: | 31 |
Пошт. бр.: | 621 00 |
Пов. бр.: | 23210-2 |
Портал: | serres.gr |
Сер (грчки: Δήμος Σερρών, Димос Серон) — општина во Серскиот округ, Егејска Македонија, во состав на областа Централна Македонија во денешна Грција.
Населени места
[уреди | уреди извор]Општина Сер е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на шесте стари општини Каваклија, Капетан Митруси, Киспикеси и Сер како и самостојните општински целини Горно Броди и Фраштани.
Општинска единица Горно Броди
[уреди | уреди извор]Општинската единица Горно Броди опфаќа само едно село — Горно Броди (Άνω Βροντού).
Општинска единица Каваклија
[уреди | уреди извор]Општинската единица Каваклија со седиште во Каваклија (Левконас) ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Каваклија
- село Каваклија (Λευκώνας, Левконас)
- Општински оддел Долно Христос
- село Долно Христос (Κάτω Χριστός, Като Христос)
- Општински оддел Календра
- село Календра (Καλά Δένδρα, Кала Дендра)
Општинска единица Капетан Митруси
[уреди | уреди извор]Општината е наречена по гркоманскиот андартски капетан Димитар Гоголаков (наречен Капетан Митруси), кој е роден во с. Хомондос (денес Митруси). Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ениќој
- село Ениќој (Προβατάς, Проватас)
- Општински оддел Горна Камила
- село Горна Камила (или Христијанска Камила; Άνω Καμήλα, Ано Камила)
- Општински оддел Горно Караџово
- село Горно Караџово (Μονοκκλησιά, Моноклисија)
- Општински оддел Неволјани
- село Неволјани (или Неволен; Βαμβακιά, Вамвакија)
- Општински оддел Хомондос
- село Хомондос (или Хуманџа; Μητρούσι, Митруси)
- село Долно Хомондос (или Долна Хуманџа; Κάτω Μητρούσι, Като Митруси)
- Општински оддел Чучулигово
- село Чучулигово (Αναγέννηση, Анагениси)
Општинска единица Сер
[уреди | уреди извор]Општинската единица опфаќа еден град и 10 села во Серското Поле и по западните падини на планината Сминица. Седиштето е во Сер.
Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Сер
- Општински оддел Геди Дермен
- село Геди Дермен (или Еди Дермен; Επτάμυλοι, Ептамили)
- Општински оддел Дервешани
- Општински оддел Дутлија
- село Дутлија (или Горен; Ελαιώνας, Елеонас)
- село Златен Извор (Χρυσοπηγή, Хрисопиги) новосоздадено
- село Раховица (или Орехово, Рахово; Μαρμαράς, Мармарас)
- манастир „Св. Јован Претеча“
На територијата на општината се и денес напуштените села Мрамор, Баница (во кое загинал Гоце Делчев) и Лакос (родно на револуционерот Коста Кукето).
Општинска единица Фраштани
[уреди | уреди извор]Општинската единица Фраштани опфаќа само едно село — Фраштани (Ορεινή).
Општинска единица Киспикеси
[уреди | уреди извор]Општинската единица Киспикеси со седиште во Киспикеси (Скутари) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Киспикеси
- село Киспикеси (Σκούταρι, Скутари)
- Општински оддел Агова Маала
- село Агова Маала (Αδελφικό, Аделфико)
- Општински оддел Гудели
- село Гудели (Βαμβακούσσα, Вамвакуса)
- Општински оддел Долна Камила
- село Долна Камила (или Турска Камила, Κάτω Καμήλα, Като Камила)
- Општински оддел Какараска
- село Какараска (Αγία Ελένη, Агија Елени)
- Општински оддел Комарјани
- село Комарјани (или Комарјан, Кумаре; Κουμαριά, Кумарија)
- Општински оддел Нова Маала
- село Нова Маала (Πεπονιά, Пепонија)
- Општински оддел Сал Маала
- село Сал Маала (Κωνσταντινάτο, Константинато)
- Општински оддел Џами Маала
- село Џами Маала (Κουβούκλια, Кувуклија)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|