Прејди на содржината

Дортмунд

Координати: 51°31′0″N 7°28′0″E / 51.51667° СГШ; 7.46667° ИГД / 51.51667; 7.46667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дортмунд
Хоризонт на Дортмунд
Хоризонт на Дортмунд
Хоризонт на Дортмунд
Знаме на Дортмунд
Грб на Дортмунд
Дортмунд во рамките на Германија
Дортмунд
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Арнсберг
Округ Урбан округ
Градоначалник Улрих Зирау (СДП)
Основни податоци
Површина 280 км2
Надм. височина 152 м
Население 595.471 (31 декември 2023)[1]
 - Густина 2.127 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DO
Пошт. бр. 44001-44388
Повик. бр. 0231, 02304
Портал www.dortmund.de
Местоположба на град Дортмунд во рамките на округот Урбан округ
Карта
Карта
Координати 51°31′0″N 7°28′0″E / 51.51667° СГШ; 7.46667° ИГД / 51.51667; 7.46667

Дортмунд (германски: Dortmund) — град во Германија. Се наоѓа во покраината Северна Рајна-Вестфалија, во областа Рур. Неговото население од 585.045 (во декември 2006) го прави осми најголем град во Германија и 41-ви најголем град во Европската Унија. Дел е од урбаната зона со некои 5,2 милиони (2009), тоа е најголемата урбана агломерација во Германија. Исто така, дел е од поголемиот метрополитенски регион Рајна-Рур со повеќе од 12 милиони луѓе.

Реката Рур тече јужно од градот, а малата река Емшер тече низ самиот град. Каналот Дортмунд-Емс исто така, завршува во пристаништето Дортмунд, кое е најголемото европско пристаниште поврзано со канал и го поврзува Дортмунд со Северното Море.

Дортмунд е познат како вестфалската „зелена метропола“. Околу половина од градската територија се состои од водотеци, шуми, земјоделски површини и зелени површини со огромни паркови, како што се Вестфалскиот парк и ботаничката градина Ромбергпарк. Ова е во спротивност со речиси стогодишната историја на експлоатација на јаглен и челик во рамките на градските подрачја.

Историја

[уреди | уреди извор]
Дортмунд во 1647

Мало село на местото на Дортмунд било спомнато во официјалните документи од 880 како Тротмани (Throtmanni)[2]. Откако било уништено во пожар, царот на Светото Римско Царство Фридрих I Барбароса повторно го изградил градот во 1152 и престојувал во него две години. Станал слободен царски град во 1220. Во текот на тој век, бил „главен град“ на Рајна, Вестфалија и Холандскиот круг на Ханзата.

По 1320, градот се појавува во пишаните докази како „Дропмунде“ и земјотресот во 1661 ја урнал crkvata Св. Риналд. Во тамките на пруската Вестфалска покраина, Дортмунд бил окружно седиште во рамките на административниот округ Арнсберг до 1875, по што станал урбан округ во рамките на округот. Во текот на индустријализацијата на Прусија, Дортмунд станал главен центар за јаглен и челик.

Под нацистичка Германија, синагогата била уништена во 1938. Исто така, болницата Аплербек во Дортмунд пренесувала ментални и/или физички хендикепирани пациенти за евтаназија на менталната болница Хадамар како дел од акција T4 (дополнителни 229 деца биле убиени во „детскиот специјалистички департман“, кој бил пренесен од Марбург во 1941). Цели на бомбардирањето во Дортмунд во текот на нафтената кампања во Втората светска војна биле Hoesch-Westfalenhütte AG, „Hoesch-Benzin GmBH“ синтетичка нафтена фабрика и Zeche Hansa - погон за јаглен;[3] и бомбардирањето уништило околу 66% од домовите во Дортмунд[4] и околу 98% од градскиот центар. Лозинката Dortmund бил пренесуван на радио за започнување на кампањата операција Барбароса во 1941 против Советскиот Сојуз.

Сојузничките сили стигнале во Дортмунд во април 1945. Американската 95-та пешадиска дивизија, го нападнала градот на 12 април 1945 против раштрканата германска одбрана. Дивизијата, со помош на блиската воздушна поддршка, напреднала низ урнатините на урбаната борба и го завршила заземањето на 13 април 1945.[5]

По војната, зградите како што се Reinoldikirche (Рајнолдикирхе) и Marienkirche (цркви) биле повторно изградени и биле проширени со широки паркови и градини. LWL-Industriemuseum почнал во 1969,[6] и градот, потоа, станал центар за хај-тек индустријата.

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Културната историја може да се забележи по црквите во центарот на градот, чии кули го карактеризираат хоризонтот на Дортмунд. Reinoldikirche and the Marienkirche се камен-темелници на средновековната архитектура.

Центарот на градот на Дортмунд, сепак го задржал изгледот на средновековен град. Улиците во прстени го обележуваат поранешниот градски ѕид и Вестен-/Остенхелвег, делови од средновековниот трговски пат на солта, е сè уште главната (пешачка) улица во самиот центар на градот.

Reinoldikirche (Црква Свети Риналд)
  • Reinoldikirche, протестантска црква (околу 800)
  • Petrikirche, протестантска црква, зграда, која потекнува од 14-от век. Позната е по огромниот резбан олтар (познат како „Златното чудо на Дортмунд“), од 1521. Има 633 врежани златни дабови фигури, кои создаваат околу 30 сцени за Велигден.
  • Marienkirche, протестантска црква првично изграден во 1170-1200, но повторно изградена по Втората светска војна. Олтарот е од 1420.
  • U-Tower, поранешна пиварница Дортмунд, сега музеј
  • Florianturm, (телевизиска кула Флоријан)
  • Westfalenstadion: фудбалски терен на Борусија Дортмунд, лиценциран до 2016 под името Сигнал Идина парк. Блиску до него се Westfalenhallen, голем центар за конвенции, место на неколку големи конвенции, саеми, натпревари во уметничко лизгање, концерт и други важни настани од 1950-тите.
  • Вестфалски индустриски музеј Цолерн, точка на ERIH, Европски пат на индустриско наследство
  • Хаус Боделшвинг (13 век), опкружен замок
  • Хаус Делвиг (13 век), опкружен замок делумно обновен во 17-от век. Фасадата и стрмната кула и две згради во Фахверк, се оригинални.
  • Хаус Роденберг (13 век), опкружен замок.
  • Стара градска куќа, изградена во 1899 од Фридрих Кулрих.
  • Воден замок Боделшвинг
  • Стражарница Ромберг Парк (17 век), некогашна стражарница на замок. Сега е уметничка галерија.
  • RWE кула (120 метри висок облакодер - највисокиот во Дортмунд)
  • Оперска куќа (Дортмунд), оперска куќа изградена во 1966 на местото на старата синагога, која била уништена од нацистите во 1938.
  • Голем музеј на уметноста Музеј за уметност и историја на уметноста (Дортмунд) и неодамна отворениот Музеј Оствал.
Сигнал Идуна парк е најголемиот парк во Германија

Дортмунд е дом на спортскиот клуб Борусија Дортмунд, кој ги има освоено УЕФА Лига на шампиони и интерконтиненталниот куп во 1997, како и УЕФА Купот на победниците против Ливерпул во 1966. Ова го прави првиот победник на Европскиот куп во Германија. Тие играат на Westfalenstadion, моментално познат како Сигнал Идуна парк. Бил изграден за Светското фудбалско првенство во 1974 и бил домаќин на некои натпревари во Светскиот куп на ФИФА во 2006, меѓу нив и победата на Италија од 2-0 над Германија во полуфиналето. Ова е најголемиот фудбалски стадион во Германија со максимален капацитет од 80.720 гледачи.[7]
Борусија Дортмунд исто така има е женски ракометен клуб, кој игра во првата Бундеслига, додека тимот во пинг-понг и кошаркарскиот тим СВД 49 Дортмунд играат во нивните покраински втори лиги.

Дортмунд е олимписката точка за Вестфалија.

Шаховскиот турнир Шпаркасен се одржува во Дортмунд од 1982.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]
Старата градска куќа
U-Tower

Аеродромот во Дортмунд е од средна големина, но се развива со големо темпо. Се наоѓа 13 километри источно од центарот на градот, во близина на градот Холцвикеде.[8] Најблискиот интерконтинентален аеродром е Меѓународниот аеродром Диселдорф.

Централната железничка станица (Dortmund Hauptbahnhof) — третата најголема железничка станица за долги линии во Германија.

Пристаништето Дортмунд (Hafen) — најголемото канализирано пристаниште во Европа и 11-то речно пристаниште во Германија.

Дортмунд, исто така, е поврзан со главните европски и германски патишта. Ruhrschnellweg го следи стариот ханзин трговски пат и го поврзува градот со другите метрополи во областа Рур. Поврзан е со другите подалечни делови на Германија со A1 и A2, кој поминува непосредно на север и исток од градот и се сретнува со раскрсницата Каменер Кројц североисточно од Дортмунд. Заедно со A45 на запад, тие го создаваат обиколницата Дортмунд (Dortmunder Autobahnring).

За јавниот превоз, градот има голема мрежа на подземна железница и автобуси. Во април 2008, новоизградената исток-запад подземна железничка линија била отворена, завршувајќи го подземниот систем во центарот на градот и заменувајќи ги старите трамваи на површината.[9]

H-Bahn на универзитетот за технологија во Дортмунд е висечка самоносечка изградена специјално за пренесување на патници помеѓу двата универзитетски кампуси,[10]. Скоро идентичен самоносечки систем за пренесување на патници постои на аеродромот во Диселдорф.[11]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Дортмунд историски важел за индустриска област. Дортмунд, сега е дом на голем број на средни претпријатија за инфомациска технологија,[12] и повеќето поврзани со програмата Технолошки центар Дортмунд на локалниот универзитет.[13] Градот соработува со истражувачките институти, приватните универзитети и компаниите за комерцијализација на научните иницијативи.[14]

Во 2009, Дортмунд бил карактеризиран како Врзол град во индексот за иновации на градовите, издаден од 2thinknow.[15]

Политика

[уреди | уреди извор]

Политиката во Дортмунд главно ја водат социјалдемократите СПД. Од Втората светска војна, СПД е најголемата партија во градскиот совет (германски: Stadtrat). Со локалните избори во 2004, во него има 9 партии и избирачки групи (88 места; 1999: 82 места):

Партија Гласачи за партијата Процент на гласачи Вкупно места Процент на места
Социјалдемократска партија (СДП) 92.509 41,3% (-0,3) 36 (+2) 40,9%
Демохристијански сојуз (ДХС) 73.282 32,7% (-9,0) 29 (-5) 33,0%
Сојуз '90/Зелени 25.635 11,5% (+2,6) 10 (+2) 11,4%
Слободна демократска партија (СлДП) 8.591 3,8% (+2,0) 3 (+2) 3,4%
Германски народен сојуз (ГНС) 6.880 3,1% (+1,1) 3 (+1) 3,4%
Граѓански список 6.874 3,1% (+0,5) 3 (+1) 3,4%
Левица - Отворена список (ПДС-ОЛ) 6.346 2,8% (+2,8) 2 (+2) 2,3%
Лев сојуз Дортмунд 1.751 0,8% (-0,2) 1 (=) 1,1%
Партија на законот и редот (Офанзива Д) 1.669 0,7% (+0,7) 1 (+1) 1,1%
Градски зелени 265 0,1% (+0,1) 0 (=) 0,0%
Вкупно 223.802 100.0% 88 (+6) 100.0%

Од мај 2010, градоначалник на Дортмунд е Улрих Зирау (СПД). Тој ја водел коалицијата на СПД и Зелените.

Westfalenpark со Кулата

Градот има долга традиција на музика и театар. Оркестарот бил основан во 1887 и сега е нарекуван Дортмундска филхармонија. Првата оперска куќа била изградена во 1904, но била уништена во Втората светска војна и отворена повторно во 1966 како Оперска куќа Дортмунд. Управуван е од театарот во Дортмунд заедно со другите локации, меѓу нив (од 2002) и концертната сала Дортмунд. Градот е имењак на пивото Дортмунд и е дом на Пиварницата Дортмунд.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Дортмунд е збратимен со:[16]

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
  2. Rudolf Kötzschke (Hrsg.): Die Urbare der Abtei Werden a. d. Ruhr (= Publikationen der Gesellschaft für rheinische Geschichtskunde XX: Rheinische Urbare). Bd. 2: A. Die Urbare vom 9.-13. Jahrhundert. Hrsg. von Rudolf Kötzschke, Bonn 1908, Nachdruck Düsseldorf 1978, Bd. 3: B. Lagerbücher, Hebe- und Zinsregister vom 14. bis ins 17. Jahrhundert, Bonn 1908, Nachdruck Düsseldorf 1978, Bd. 4,I: Einleitung und Register. I. Namenregister. Hrsg. von Fritz Körholz, Düsseldorf 1978, Bd. 4,II: Einleitung, Kapitel IV: Die Wirtschaftsverfassung und Verwaltung der Großgrundherrschaft Werden. Sachregister. Hrsg. von Rudolf Kötzschke, Bonn 1958
  3. „Историски центар Хаген: Хроника 1945“ (германски). Посетено на 2009-06-03.
  4. A. Шилт, „Општествената историја на СР Германија до 1989/90, Минхен: Олденбург, 2007
  5. Стентон, Шелби, Втора светска војна Битки: Енциклопедиски наводи на американската војска, 1939-1946, Stackpole Books, стр. 171.
  6. „LWL-Industriemuseum“. Посетено на 2009-06-03.
  7. „Факти & Куриозитети“. Сигнал Идуна парк официјално мрежно место. Архивирано од изворникот на 2011-01-31. Посетено на 10 февруари 2011.
  8. „Пристигнување со кола - Аеродром Дортмунд“. Архивирано од изворникот на 2014-10-10. Посетено на 2009-06-03.
  9. „Нов У-Бан тунел: Без трамвај во градот Дортмунд“. Оливер Фолмерих. 2008-04-25. Архивирано од изворникот на 2008-09-14. Посетено на 2008-08-28.
  10. „Х-железница - Рута“. Посетено на 2009-06-03.
  11. „Х-железница - Небесен воз Диселдорф“. Архивирано од изворникот на 2007-08-13. Посетено на 2009-06-03.
  12. „Нов Дортмунд - простор за промена“. Град Дортмунд - Агенција за економски развој на град Дортмунд. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-07-30.
  13. „Нов Дортмунд - простор за промена“. Град Дортмунд - Агенција за економски развој на град Дортмунд. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-07-30.
  14. „Нов Дортмунд - простор за промена“. Град Дортмунд - Агенција за економски развој на град Дортмунд. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-07-30.
  15. „2thinknow Иновациски глобален индекс Глобал 256“. Архивирано од изворникот на 2010-09-11. Посетено на 2010-07-30.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 16,6 16,7 „Список на збратимени градови во областа Рур“ (PDF). © 2009 Twins2010.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-11-28. Посетено на 2009-10-28. Надворешна врска во |publisher= (help)
  17. „Партнерство Лидс-Дортмунд“. Leeds.gov.uk. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 2008-10-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]