Прејди на содржината

Сарбрикен

Координати: 49°14′0″N 7°0′0″E / 49.23333° СГШ; 7.00000° ИГД / 49.23333; 7.00000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сарбрикен
Грб на Сарбрикен
Сарбрикен во рамките на Германија
Сарбрикен
Управа
Земја Германија
Покраина Сар
Округ Сарбрикен
Градски единици 20
Градоначалник Шарлот Бриц (СДП)
Основни податоци
Површина 167 км2
Надм. височина 230 м
Население 181.959 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.090 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SB
Пошт. бр. 66001–66133
Повик. бр. 0681, 06893, 06897, 06898, 06805
Портал www.saarbruecken.de
Местоположба на град Сарбрикен во рамките на округот Сарбрикен
Карта
Карта
Координати 49°14′0″N 7°0′0″E / 49.23333° СГШ; 7.00000° ИГД / 49.23333; 7.00000
Грофовија Сарбрикен
Grafschaft Saarbrücken (de)
Comté de Sarrebruck (fr)
Grofschaft Saarbrécken (lb)
околу 1120–1797
Coat of arms of Сарбрикен, Грофовија
Coat of arms
Статусвазален
Главен градСарбрикен
Говорени јазициРајнско-франкониски дијалекти; видете јазици на Сар
УредувањеКнежевство
Историски периодСреден век
• Се приклучува на Светото
    Римско Царство

925
околу 1120 12 век
1353
• Окупирано од Франција
1793
• Анектирано од Франција
1797

9 јуни 1815
Претходници
Наследници
Бискупија Мец Бискупија Мец
Сар (департман)

Сарбрикен (германски: Saarbrücken; француски: Sarrebruck; луксембуршки: Saarbrécken) — главен град на покраината Сар во Германија. Градот се наоѓа во срцето на метрополитенската област, која се граничи на запад со Дилинген и на североисток со Нојнкирхен, каде што повеќето луѓе во Сар живеат.

Сарбрикен претставува индустриски и сообраќаен центар во големиот јагленски басен. Производството вклучува железо и челик, шеќер, пиво, керамика, оптички инструменти, машини и градежни материјали. Меѓутоа, во текот на последните декади, индустриската важност на Сар опаѓа, како што рударската индустрија станала непрофитабилна.

Историските знаменитости на градот се камениот мост преку реката Сар (1546), готската црква Свети Арнуал, замокот Сарбрикер од 18-от век и стариот дел на градот, Маркт Свети Јоханер. Во 1815, Сарбрикен бил под пруска контрола и на двапати во 20-от век (1919–35 и 1945–57) територијата на Сар била под француска администрација. Поради оваа причина, заедно со неговата близина до француската граница, задржал одредено француско влијание.

На денешниот германски Сарбрикен (Saarbrücken) буквално означува мостови над Сар и навистина има околу дузина мостови над реката Сар. Меѓутоа, името всушност претходи на секој мост на ова место најмалку 500 години претходно. Историското име на градот е всушност Sarabrucca, што доаѓа од старогорногерманскиот збор Brucca, што доаѓа од Brocken во горногерманските јазици (камен или карпа).

Историја

[уреди | уреди извор]

Римско Царство

[уреди | уреди извор]

Областа Сар била припоена кон Римското Царство во првиот век п.н.е. и подоцна била под контрола на Франките. Во 925, станала дел од Светото Римско Царство.

Среден век до 18-от век

[уреди | уреди извор]

Од 1381 до 1793, грофовите од Насау-Сарбрикен биле главните локални владетели. Често се бореле за нивните посилни соседи; областа дошла под француска доминација во 16-от век и била припоена кон Франција во 1680-тите. Франција била принудена да се откаже од Сар во 1697, но од 1793 до 1815 година повторно ја стекнала контролата над областа.

По 1815, поголемиот дел од областа бил дел од пруската Рајнска покраина. Во текот на 19-от век, ресурсите на јаглен и железо во регионот биле развиени. На почетокот на Француско-пруската војна областа била првата цел на француските инвазиски сили и ја окупирале помеѓу 2 и 4 август 1870, во текот на оваа војна.

Според Версајскиот договор (1919), рудниците за јаглен во Сар станале ексклузивна сопственост на Франција за период од 15 години, како компензација за уништувањето на француските рудници во текот на Првата светска војна. Договорот, исто така, предвидувал плебисцит, на крајот на 15-годишниот период, за да се утврди идниот статус на областа и во 1935 година повеќе од 90% од електоратот гласал за повторно обединување со Германија, додека само 0,8% гласале за обединување со Франција. Останатите сакале да се приклучат на Германија, но не додека нацистите биле на власт. Оваа статус кво група гласала за задржување на администрација на Друшвото на народите. Сар, потоа се вратил на Германија.

Втора светска војна

[уреди | уреди извор]

Тешко бомбардиран во Втората светска војна и станал дел од француската окупациска зона во 1945, но од областа била направена посебна зона во 1946. Во 1947, Франција ја создала номинално политички независниот протекторат Сар и бил споен економски со Франција со цел да се искористат огромните резерви на јаглен во областа. Политичкиот притисок на Франција од Западна Германија и другите, како и отфрлањето на граѓаните на Сар за компромисното решение за европеизација на областа, довело до политичко обединување со Сојузна Република Германија на 1 јануари 1957 година. Економската реинтеграција, меѓутоа, потрајала извесно време.

Инфраструктура

[уреди | уреди извор]

Градот е опслужен од аеродромот Сарбрикен (SCN) почнувајќи од јуни 2007 ICE брзите возови по линијата LGV Est обезбедуваат брзи врски до Париз од главната железничка станица Сарбрикен. Уникатно, „Saarbahn“ на Сарбрикен (направен според Модел Карлсруе за лесен шински систем) ја поминува француско-германската граница, поврзувајќи го француски град Саргемин.

Образование

[уреди | уреди извор]

Сарбрикен, исто така, е дом на главниот кампус на универзитетот Сар (Universität des Saarlandes). Заедно со универзитетот функционираат и неколку истражувачки центри, меѓу кои се:

Географија

[уреди | уреди извор]
Сарбрикен
Климатограм
ЈФМАМЈЈАСОНД
 
 
&1000000000000005400000054
 
&100000000000000030000003
&09999999999999998999999−1
 
 
&1000000000000004200000042
 
&100000000000000040000004
&09999999999999998999999−1
 
 
&1000000000000003800000038
 
&100000000000000090000009
&09999999999999997999999−2
 
 
&1000000000000003800000038
 
&1000000000000001300000013
&100000000000000040000004
 
 
&1000000000000004600000046
 
&1000000000000001800000018
&100000000000000080000008
 
 
&1000000000000004900000049
 
&1000000000000002100000021
&1000000000000001100000011
 
 
&1000000000000005000000050
 
&1000000000000002300000023
&1000000000000001300000013
 
 
&1000000000000004000000040
 
&1000000000000002300000023
&1000000000000001300000013
 
 
&1000000000000003900000039
 
&1000000000000001900000019
&1000000000000001000000010
 
 
&1000000000000005200000052
 
&1000000000000001400000014
&100000000000000070000007
 
 
&1000000000000005900000059
 
&100000000000000070000007
&100000000000000020000002
 
 
&1000000000000006100000061
 
&100000000000000040000004
&100000000000000000000000
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм
Извор: worldweather.org 2007-12-01


Некои од најблиските големи градови се Трир, Луксембург, Нанси, Мец, Кајзерслаутерн, Карлсруе и Mанхајм. Сарбрикен е, исто така, поврзан со градскиот јавен превоз со градот Саргемин во Франција, дозволувајќи лесно поминување на границата помеѓу двете земји. Исто така, е поврзан и со сателитскиот град Фелклинген, каде што фабриката за стар челик била прогласена за првиот индустриски споменик што се како светско културно наследство на УНЕСКО во 1994 — Völklinger Hütte.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]
Сарбрикен е збратимен со Тбилиси, Грузија

Сарбрикен е член на унијата на градови QuattroPole, заедно со Луксембург, Мец и Трир (соседните држави: Луксембург и Франција).

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Сарбрикен е збратимен со:

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Почесни граѓани

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Површина и население на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Сар. јуни 2023. (германски)
  2. „Тбилиси општински портал - Збратимени градови“. © 2009 - Град Тбилиси. Архивирано од изворникот на 2013-07-24. Посетено на 2009-06-16.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]