Држави на Германскиот Сојуз
Германскиот Сојуз се состоел од поголем број на држави-членки и траел од 20 јуни 1815 до 24 август 1866 г.
Територијата на сојузот се совпаѓала со онаа што останала во Светото Римско Царство по избувот на Француската револуција, но со исклучок на Белгија. Со исклучок на двете сопернички сили, Австрија и Прусија и западниот лев брег на Рајна (припоен од Франција со малата грофовија Каценелнбоген), останатите држави-членки (или нините претходнички) претходно членувале во Наполеоновиот Рајнски Сојуз.
- Австриско Царство, без Кралството Унгарија, Кнежевството Трансилванија и Кралството Хрватска (кои станале делови од апостолското кралство Унгарија во дунавската двојна монархија), Кралството Ломбардија-Венеција (од деловите кои влегле во Италија во 1859-1866 г.), Војводството Буковина и кралствата Далмација и Галиција (но од 1818 до 1850 г. вклучувајќи ги војводствата Ошвјенќим и Затор)
- Надвојводство Австрија (раздвоено на Горна и Долна Австрија во 1849 г.)
- Кралство Бохемија
- Маркгрофовија Моравија
- Големо Војводство Салцбург
- Војводство Корушка
- Војводство Крањска
- Војводство Горна и Долна Шлеска
- Војводство Штаерска
- Приморје (сочинето од Горица и Градишка, Истра и Трст)
- Грофовија Тирол
- Предарлска
- Кралство Прусија[1] (без Позен, Источна и Западна Прусија)
- Бранденбург
- Померанија
- Рајнска покраина (до 1822 г. Големо Војводство Долна Рајна и покраина Јилих-Клеве-Берг)
- Саксонија
- Шлеска
- Вестфалија
- Кралство Баварија
- Кралство Хановер (во личен сојуз со Обединетото Кралство до 1837 г.)
- Кралство Саксонија
- Кралство Виртемберг
- Изборно Кнежевство Хесен (наречено и Хесен-Касел)
- Големо Војводство Баден
- Големо Војводство Хесен (наречено и Хесен-Дармштат)
- Големо Војводство Луксембург (во личен сојуз со Обединетото Нискоземско Кралство; изгубило преку половина од територијата на запад, која влегла во Белгија со распадот кралството во 1839 г.; со тоа Војводството Лимбург станало членка.)
- Големо Војводство Мекленбург-Шверин
- Големо Војводство Мекленбург-Штрелиц
- Големо Војводство Олденбург
- Големо Војводство Саксо-Вајмар-Ајзенах
- Војводство Брауншвајг (пред брауншвајшко-линебуршкото Кнежевство Волфенбител)
- Војводство Холштајн (во личен сојуз со Данска; не било поранешен член на Рајнскиот Сојуз)
- Војводство Лимбург (станало членка во 1839 г. во личен сојуз со Холандија како надомест за територијалните загуби во Големото Војводство Луксембург преедизвикани од распадот на Обединетото Нискоземско Кралство.)
- Војводство Насау
- Војводство Саксо-Кобург-Залфелд (Саксонија-Кобург-Гота од 1826 г.)
- Војводство Саксо-Гота-Алтенбург (Саксонија-Алтенбург од 1826 г.)
- Војводство Саксо-Хилдбургхаузен (распушено во 1826 г.; територијата е припоена кон Саксо-Мајнинген)
- Војводство Саксо-Лауенбург (во личен сојуз со Данска)
- Војводство Саксо-Мајнинген
- Војводство Анхалт-Бернбург (споено со Анхалт-Десау во 1863 г.)
- Војводство Анхалт-Десау (Војводство Анхалт-Десау-Кетен од 1853 г.; Војводство Анхалт од 1863 г.)
- Војводство Анхалт-Кетен (споено со Анхалт-Десау во 1853 г.)
- Кнежевство Хоенцолерн-Хехинген (споено со Кралството Прусија во 1850 г.)
- Кнежевство Хоенцолерн-Зигмаринген (споено со Кралството Прусија во 1850 г.)
- Кнежевство Лихтенштајн
- Кнежевство Липе
- Кнежевство Ројс-Гера
- Кнежевство Ројс-Грајц
- Кнежевство Шаумбург-Липе
- Кнежевство Шварцбург-Рудолштат
- Кнежевство Шварцбург-Зондерхаузен
- Кнежевство Валдек и Пирмонт
- Хесен-Хомбург (станал член во 1817 г.; споен со Големото Војводство Хесен во 1866 г.)
- Слободен Ханзин Град Бремен (денес покраина во Германија)
- Слободен Град Франкфурт
- Слободен и Ханзин Град Хамбург (денес покраина во Германија)
- Слободен и Ханзин Град Либек
Четирите градови биле републики по устав, а сите други биле монархии — некои уставни, а некои апсолутни.
Војводството Шлезвиг никогаш не членувало во сојузот. Сепак, Шлезвиг е традиционално поврзан со војводствата Холштајн и Лауенбург, кои биле членки. Во 1848-51 г. (за време на Првата шлезвишка војна), се сметало за своевидна членка од краткотрајното Германско Царство. Во 1864 г. данскиот крал им ги предал овие три војводства на Австрија и Прусија (по Втората шлезвишка војна).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Eugen Huhn: Das Königreich Preußen geographisch, statistisch und topographisch dargestellt, Verlag Johann Karl Gottfried Wagner, Neustadt a. d. Orla 1848 (google.books.de Frontcover)
Извори
[уреди | уреди извор]- Westermann, Großer Atlas zur Weltgeschichte — подробни карти (германски)
- Германија — WorldStatesmen (англиски)
|