Ескишехир
Ескишехир | |
---|---|
Град | |
Местоположба на градот на картата на Турција | |
Координати: 39°47′N 30°31′E / 39.783° СГШ; 30.517° ИГД | |
Земја | Турција |
Регион | Средна Анадолија |
Покраина | Ескишехир |
Управа | |
• Градоначалник | Јилмаз Бујукершен (РНП) |
• Гувернер | Кадир Коџдемир |
Површина | |
• Град | 2.678,00 км2 (103,400 ми2) |
Надм. вис. | 788 м |
Население (2015)[1] | |
• Град | 826,716 |
• Густина | 236/км2 (610/ми2) |
• Метро | 717,079 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Поштенски код | 26 xxx |
Повик. бр. | (+90) 222 |
Регистарски таблички | 26 |
Мреж. место | http://www.eskisehir-bld.gov.tr/ |
Ескишехир (турски: Eskişehir, грчки: Dorylaeon) — град кој се наоѓа во северозападна Турција во истоимената провинција. Урбаното население на градот е 717,135 со градското население од 826,135 жители[1] . Градот се наоѓа на бреговите на реката Порсук, на 792 метри надморска височина, од каде се гледа фригиската плодна долина. Во околните ридови можат да се најдат топли извори. Градот се наоѓа на 233 километри (145 ml) западно на Анкара, 330 километри (205 ml) југоисточно од Истанбул и 78 км (48 ml) на североисток од Ќутахија. Познат како универзитетски град, во градот работи универзитетот Османгази и Анадолскиот универзитет[2]. Целата провинција зафаќа површина од 2.678 км2.
Историја
[уреди | уреди извор]Во превод, името на градот означува Стар град[3] . Всушност, градот бил основан од страна на Фригијците во најмалку 1.000 година п.н.е., иако се проценува дека е стар околу 4.000 години. Многу фригиски артефакти и скулптури сè уште може да се најдат во Археолошкиот музеј во градот. Во четвртиот век од новата ера, градот се преселил околу десет километри североисточно од Караџахисар.
Многу древни географи го опишале градот како еден од најубавите во Анадолија.
Како и многу други градови во Анадолија, христијанството пристигнало во времето на Константин Велики која оваа религија била прогласена за официјална религија на Римското Царство. Почнувајќи од 4 век, градот имал и епископска црква. Во тој период градот бил познат како Дорулајон. Овде живеел како епископ Евсевиј, кој бил вклучен во обликувањето на развојот на догмата за црквата.
Економија
[уреди | уреди извор]Градот бил проширен во времето кога била изградена железничката пруга Берлин-Багдад во 1894 година. Започнувајќи од 1920 година, градот станал еден од поважните рударски места во земјата[4]. Во тоа време, поголемиот дел од рудниците биле во сопственост на државата.
Првиот турски автомобил Деврим бил произведен во 1961 година во Ескишехир во работилницата ТУЛОМСАШ. Истата година во оваа фабрика била произведена и првата локомотива на пареа наречена Каракурт. Исто така овде за првпат започнала со работа производство на авиони и изградба на воздухопловна база, како седиште на НАТО силите во текот на Студената војна.
Во градот се произведуваат камиони, домашни апарати, железнички локомотиви, борбени авиони, земјоделска опрема, текстил, тули, цемент, хемикалии и рафиниран шеќер. ЕТИ, еден од најголемите брендови на храна во Турција (главно за производство на бисквити, чоколади и бонбони), е сместен во Ескишехир. Арчелик, една од главните турски домашни компании за производство на електроника, има еден од своите производствени погони во Ескишехир. Преку железничката пруга била подобрена патната трговија помеѓу Ескишехир и Анкара, благодарение на намалување на времето за патување.
Образование
[уреди | уреди извор]Постојат два универзитети во Ескишехир, универзитетот Анадолу и универзитетот Османгази. Денешниот градоначалник на Ескишехир, д-р Јилмаз бујукершен бил поранешен ректор на Универзитетот Анадолу.
Култура
[уреди | уреди извор]Во градот има значително население од Кримски Татари. По крајот на Балканските војни, голем дел од турското население од Балканот како Бугарија, Романија, Босна, Македонија и регионот Санџак во Србија се населило во градот. Ова население придонело за развој на металопреработувачката индустрија во градот. Во 2013 година градот бил домаќин на Турковизија, музички настан каде учествуваат музичари и уметници од различни делови на земјата. Во градот се наоѓа и Музејот на светските музеи.
Атракции
[уреди | уреди извор]Поголемиот дел од денешен Ескишехир бил повторно изграден по Турската војна за независност (1919-1922), но голем број на историски градби останале, како што џамијата Куршунлу. Археолошкото наоѓалиште на античкиот фригиски град се наоѓа во близина на Ескишехир. Градот е познат по своите природни топли извори.
Клима
[уреди | уреди извор]Ескишехир има влажна континентална клима со студени, снежни зими и топли, суви лета[5] . Поради малите годишни врнежи, климата е во близина на границата на ладна полустепска клима. Врнежите од дожд се јавуваат главно во текот на пролетта и есента. Поради големата надморска височина, Ескишехир е мошне пријатен во текот на летните ноќи.
Климатски податоци за Ескишехир (1960-2012) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 20.2 (68.4) |
21.5 (70.7) |
28.1 (82.6) |
31.2 (88.2) |
33.9 (93) |
36.8 (98.2) |
40.6 (105.1) |
39.0 (102.2) |
36.4 (97.5) |
33.0 (91.4) |
25.4 (77.7) |
21.4 (70.5) |
40.6 (105.1) |
Прос. висока °C (°F) | 3.8 (38.8) |
6.2 (43.2) |
11.4 (52.5) |
16.8 (62.2) |
21.8 (71.2) |
25.9 (78.6) |
28.9 (84) |
29.1 (84.4) |
25.2 (77.4) |
19.5 (67.1) |
12.4 (54.3) |
6.0 (42.8) |
17.25 (63.04) |
Сред. дневна °C (°F) | −0.1 (31.8) |
1.3 (34.3) |
5.1 (41.2) |
10.2 (50.4) |
15.1 (59.2) |
19.1 (66.4) |
21.7 (71.1) |
21.4 (70.5) |
17.2 (63) |
12.0 (53.6) |
6.2 (43.2) |
2.1 (35.8) |
10.94 (51.71) |
Прос. ниска °C (°F) | −3.7 (25.3) |
−3.0 (26.6) |
−0.5 (31.1) |
3.7 (38.7) |
7.8 (46) |
11.2 (52.2) |
13.8 (56.8) |
13.6 (56.5) |
9.4 (48.9) |
5.3 (41.5) |
1.0 (33.8) |
−1.3 (29.7) |
4.77 (40.59) |
Најниска забележана °C (°F) | −27.8 (−18) |
−22.4 (−8.3) |
−16.5 (2.3) |
−10.4 (13.3) |
−2.2 (28) |
0.5 (32.9) |
5.0 (41) |
3.6 (38.5) |
−2.0 (28.4) |
−7.1 (19.2) |
−12.2 (10) |
−19.2 (−2.6) |
−27.8 (−18) |
Прос. врнежи мм (ин) | 40.2 (1.583) |
31.6 (1.244) |
36.8 (1.449) |
43.4 (1.709) |
44.4 (1.748) |
31.0 (1.22) |
13.2 (0.52) |
8.7 (0.343) |
14.5 (0.571) |
30.6 (1.205) |
31.7 (1.248) |
48.4 (1.906) |
374.5 (14.746) |
Прос. бр. дождливи денови | 12.9 | 11.4 | 11.3 | 11.5 | 10.3 | 7.2 | 3.7 | 3.2 | 4.7 | 8.3 | 9.9 | 12.8 | 107.2 |
Прос. бр. снежни денови | 10 | 9 | 5 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 6 | 34 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 77.5 | 140.6 | 158.1 | 183 | 260.4 | 309 | 353.4 | 331.7 | 267 | 186 | 123 | 65.1 | 2.454,8 |
Извор бр. 1: Devlet Meteoroloji İşleri Genel Müdürlüğü [6] | |||||||||||||
Извор бр. 2: Weather2 [7] |
Спорт
[уреди | уреди извор]Фудбалскиот клуб од градот се вика Ескишехирспор. Клубот учествувал во првата и втората фудбалска лига на земјата. Кон крајот на 20 век имал учествано во европскиот турнир на УЕФА и турнирот на балканските клупски екипи.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]- Паџу, Јужна Кореја
- Казан, Русија
- Чанџоу, Кина
- Симферопол, Украина
- Берлин, Германија
- Кишинев, Молдавија
Литература
[уреди | уреди извор]- Falling Rain Genomics, Inc. „Geographical information on Eskişehir, Turkey“. Посетено на 2008-04-03.
- Municipality of Eskişehir, Turkey. „General information on Eskişehir“. Архивирано од изворникот на May 17, 2008. Посетено на 2008-04-03.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Turkey: Major cities and provinces“. citypopulation.de. Посетено на 2015-02-08.
- ↑ Statoids. „Statistical information on districts and town centers in Turkey“. Посетено на 2008-04-12.
- ↑ Lewis Thomas (Apr 1, 1986). Elementary Turkish. Courier Dover Publications. стр. 12. ISBN 978-0486250649.
- ↑ Prothero, G.W. (1920). Anatolia. London: H.M. Stationery Office. стр. 105.
- ↑ Updated world map of the Köppen-Geiger climate classification - Hydrology and Earth System Sciences Discussions
- ↑ „İl ve İlçelerimize Ait İstatistiki Veriler- Meteoroloji Genel Müdürlüğü“. Dmi.gov.tr. 2006-09-21. Посетено на 2013-03-24.
- ↑ „July Climate History for Eskisehir | Local | Turkey“. Myweather2.com. Посетено на 2013-03-24.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ескишехир“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Eskişehir. |
- District governor's official website (турски)
- District municipality's official website (турски)
- Eskişehir Police Headquarters (турски)
- Eskişehir News Архивирано на 25 август 2016 г. (турски)
- Eskişehirspor Sports Club