Карл XII
Карл XII Вителсбах Karl XII | |
---|---|
Крал | |
Портет на Карл XII | |
На престол | 5 април, 1967 – 30 ноември, 1718 (регент до ноември 1697) |
Крунисување | 14 декември, 1967 |
Претходник | Карл XI |
Наследник | Улрика Елеонора |
Почивалиште | 26 февруари, 1719 |
Династија | Вителсбаховци |
Татко | Карл XI |
Карл XII (шведски: Karl XII) Вителсбах, нарекуван и Северниот Александар, бил крал на Шведска од 1697 до неговата смрт во 1718 година. Од Османлиите е нарекуван Демирбаш Шарл (Demirbaş Şarl). Тој е четвртиот крал од династија Вителсбах. Го наследил татко му на само 14 години на престолот на една од најмоќните држави во Европа. Русија, Данска, Полска и Прусија биле исплашени од силата на Шведското Царство и ја нападнале користејќи го малолетството на кралот (Големата Северна војна, 1700-1721). Карл покажал особени способности како полковник и последователно ги разрушил противниците. Но тој ги немал способностите на стратег и политичар и ја истоштувал земјата со непрекинати безрезултатни војни. Битката кај Полтава (1709) го навестила крајот на Шведското Царство. Карл бил ранет, паднал во кома и едвај бил спасен. Како бегалец бил примен од турскиот султан кој му обеќал помош. Минувајќи по земјите на Странџа, селаните масовно ги крстеле своите деца по него. И до ден денес има луѓе од тој крај кои се викаат Карл. Подоцна се враќа за да ја продолжи војната. За време на една опсада е убиен од случаен куршум, испукан од страна на Швеѓаните.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Северната војна и Карл XII Архивирано на 20 октомври 2017 г. (англиски)
- Карл XII и неговиот живот и смрт Архивирано на 6 април 2005 г. (шведски)
Оваа биографска статија за личност од Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|