Куќа на Паунковци
Изглед
Куќа на Паунковци | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | класицизам |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | 1930 |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Ѓорѓи Ѓурчинов |
Куќа на Паунковци — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена на ул. „7-ми Ноември“ бр. 29 и 31. Изградена е во 1930 година по проект на инженерот Ѓорѓи Ѓурчинов. Ова е братска куќа со сутерен, приземје и мансарда над влезниот трем. Има нагласено богато обработена југоисточна фасада и претставува мешавина од архитектонски стилови. Има барокни елементи — полуоблиот тимпанон со гипсена розета над два сводести отвора кои образуваат лоѓија со балустрадна ограда, со поткровје — надоѕидок со мали украсни вути. Прозорците се големи и правоаголни со пиластри и други украсни елементи. Сутеренот е направен од делкан камен.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Куќа на ул.7-ми Ноември бр. 29 и 31“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 4 септември 2017.