Куќа на Петруш Вангелов
Изглед
Куќа на Петруш Вангелов | |
---|---|
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Адреса | ул. „Коста Рацин“ бр. 45 ул. „Коста Рацин“ бр. 49 (стара адреса) ул. „Коста Рацин“ бр. 31 (стара адреса) |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Куќа на Петруш Вангелов — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Коста Рацин“ бр. 31.[1][2][3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31).
Архитектура
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31). Изградена е во XIX век и претставува единствената преостаната староградска куќа во маалото. Се состои од приземје и два ката. Приземјето и дел од првиот кат се камени, а остатокот е бондручен. Катовите се еркерно издадени, потпрени на дрвени косници. Фасадата има дрвени опшиви на аглите, скромни стреи и ритмично распоредени отвори.[1] Била во сопственост на Петруш Вангелов.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Западната страна одблизу
-
Северната страна на куќата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Куќата на ул.Коста Рацин бр.45“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 10 ноември 2017.
- ↑ 2,0 2,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 46.
- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 30 август 2022.