Прејди на содржината

Млеко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чаша млеко

Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, кашкавал, суво млеко и други производи.

Производство и пакување на млечни производи од Осоговска млекарница, Осогово Милк - Соколарци

Истиот поим може да се користи и за:
- белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна.
- неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.

Млекото е емулзија или колоид од маст од путер глобули во течност на база на вода која содржи растворени јаглехидрати и белковински агрегати со минерали.[1] Бидејќи се произведува како извор на храна за младите, целата негова содржина дава придобивки за растот. Главните барања се енергија (липиди, лактоза и белковини), биосинтеза на несуштински аминокиселини обезбедени од белковини (неопходни аминокиселини и аминогрупи), есенцијални масни киселини, витамини и неоргански елементи и вода.[2]

Разни содржини

[уреди | уреди извор]
Микробиолошки квалитет на млеко.

Други состави кои се наоѓаат во сировото кравјо млеко се живи бели крвни зрнца, клетки на млечните жлезди, разни бактерии, витамин Ц и голем број активни ензими.[3]

Млекото како тема во уметнота и популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Млеко на исконот“ (српски: Млеко искони) — поетска збирка на српскиот поет Миодраг Павловиќ од 1962 година.[4]
  • „Млечен бар“ (англиски: Milk-Bar) — џез-композиција на Тони Мурена (Tony Muréna) од 1942 година.[5]
  • „Млеко и алкохол“ (англиски: Milk And Alcohol) — песна на британската рок-група Dr. Feelgood од 1979 година.[6]
  • „Млеко“ (англиски: Milk) — песна на американскaта рок група Гарбиџ (Garbage) од 1995 година.[7]
  • „Безбедно како млеко“ (англиски: Safe as Milk) — песна од истоимениот музички албум на американскиот рок музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1967 година.[8]
  • „Млеко од девојка“ (англиски: Maiden's Milk) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1985 година.[9]
  • „Мајчино млеко“ (англиски: Mother's Milk) — музички албум на американскaта рок-група Ред хот чили пеперс (Red Hot Chili Peppers) од 1989 година.[10]
  • „Мајчино млеко“ (англиски: Mother's Milk) — песна на американскata рок-група Свонс (Swans) од 1992 година.[11]
  • „Хотел Неутрално млеко“ (англиски: Neutral Milk Hotel) — американска рок-група.[12]
  1. Rolf Jost "Milk and Dairy Products" Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, Wiley-VCH, Weinheim, 2002. doi:10.1002/14356007.a16_589.pub3
  2. Fox, P.F. Advanced Dairy Chemistry, Vol. 3: Lactose, Water, Salts and Vitamins. 2nd ed. Chapman and Hall: New York, 1995.
  3. McGee, Harold (2004) [1984]. „Milk and Dairy Products“. On Food and Cooking: The Science and Lore of the Kitchen (2. изд.). Њујорк: Scribner. стр. 7–67. ISBN 978-0-684-80001-1. Архивирано од изворникот 26 декември 2020. Посетено на 30 јуни 2022.
  4. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979.
  5. La fisarmonica nell jazz, MJCD 1104, 1995.
  6. YouTube, Dr. Feelgood - Milk And Alcohol (1979) HD 0815007 (пристапено на 7.2.2021)
  7. Discogs, Garbage ‎– Garbage (пристапено на 24.11.2020)
  8. All Music, Captain Beefheart / Captain Beefheart & the Magic Band - Safe as Milk (пристапено на 3.3.2016)
  9. Meat Puppets – Up On The Sun (пристапено на 28.3.2023)
  10. All Music, Red Hot Chili Peppers - Mother's Milk (пристапено на 3.3.2016)
  11. Swans - Mother's Milk - YouTube (пристапено на 3.3.2016)
  12. Neutral Milk Hotel - Официјално мрежно место (пристапено на 3.5.2017)

Дополнителна книжевност

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]