Прејди на содржината

Октомвриска револуција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Октомвриска револуција
Дел од Руска револуција (1917), Руска граѓанска војна
Датум 7 - 8 ноември 1917
Место Петроград,
Исход победа на црвените
Завојувани страни
КПСС
леви есери
црвена гарда
Конгрес на Советите
Руска република (до 7 ноември)
Команданти и водачи
Владимир Ленин
Лав Троцки
Павел Дибенко
Русија Александар Керенски
Сила
10.000 црвени морнари, 20.000 - 30.000 црвеногардејски војници 500 - 1.000 војници доброволци, 1.000 војници

Дел од темата
„Историја на СССР“

(1917 — 1927)

Руска револуција
Февруарска револуција
Октомвриска револуција
Граѓанска војна
Договор за основање
Економска политика

(1927 — 1953)

Сталинизам • Голема чистка
Петгодишен план
Втора светска војна
Студена војна

(1953 — 1964)
(1964 — 1982)

Реформи од 1965
Стагнација

(1982 — 1991)

Перестројка
Гласност
Августовски пуч
Распад


Портал:СССР


Октомвриска револуција (позната и како Болшевичка револуција) — втората фаза на Руската револуција од 1917 г. Првата фаза на Руската револуција започнала со Февруарската револуција во истата година. Револуцијата ја кренале руските болшевици на чело со Владимир Ленин и Лав Троцки заедно со меншевиците, левите социјалисти и анархистите. Оваа револуција била првата марксистичко-комунистичка револуција во историјата.

На почетокот, овој настан се нарекуваше Октомвриско востание или Востанието од 25-ти, на пример, во првите изданија на севкупните дела на Ленин. Неговиот официјален назив, „Голема октомвриска социјалистичка револуција“ потекнува од прославата на 10-годишнината од револуцијата во 1927 г.

Резултатот од револуцијата било воведување на еднопартиска власт на комунистите и реорганизација на претходното Руско царство во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.

Позадина

[уреди | уреди извор]

Големото незадоволство кое владеело во Русија довело до предизвикување на Јулските денови. По крајот на јулските денови следела Керенската офанзива против Германија и Австроунгарија во Галиција. Повлекувањето на војската дополнително ја загрозила позицијата на Керенски во Привремената влада. По ова, околу 20.000 морнари влегле во престолнината Петроград, барајќи Советите да ја заземат власта. Престолнината била без одбрана два дена. По задушувањето на бунтот, владата ги обвинила на болшевиците, кои преминале во нелегалност. Од друга страна пак кај комунистите започнало консолидирање на партијата. Голем дел од социјалдемократите се придружиле кон болшевиците. Голем дел од нив, како Лав Троцки на пример, одиграле голема улога во болшевичкото заземање на престолнината.

Најважните револуционерни активности во Петроград, тогашната престолнина на Русија, биле под команда на Петроградскиот совет на чие чело се наоѓал Лав Троцки и Воениот револуционерен комитет, на чело со Адолф Јоф. Револуционерите успеале да ја симнат Привремената влада, кое пак по нејзиниот крај дошло до започнувањето на Руската граѓанска војна која завршила со создавањето на Советскиот Сојуз во 1922 година.

Во почетокот, револуцијата се нарекувала Октомвриска побуна или Востанието 25, според тогашните документи како на што се споменати во првите изданија на делата на Ленин. Самата револуција започнала да се смета како многу важен глобален настан, како прв настан кој во иднина ќе се темели на т.н. Студена војна и борбата меѓу Советскиот Сојуз и капиталистичките земји во Западна Европа и САД.

Името Голема октомвриска социјалистичка револуција било официјално за оваа револуција од 1927 година, кога биле прославени десет години од нејзиниот успех. Денеска, ова име главно се користи од страна на руските комунисти. Името Црвениот октомври исто така бил користен за да се опишат настаните од тој месец.

Тек на револуцијата

[уреди | уреди извор]

На 23 октомври 1917 година, болшевичкиот водач Јан Анвелт ги повел своите левичарски револуционери во Талин. На 25 октомври Владимир Ленин ги повел своите сили кон Петроград. Нередите во Петроград биле проследени со мал број на жртви. Болшевиците ги зазеле владините објекти со мал отпор пред конечниот напад на Зимскиот дворец во ноќта меѓу 6 и 7 ноември. Нападот бил предводен од страна на Владимир Антонов-Овсенко, а Зимскиот дворец бил под контрола на Козаците. Дворецот бил заземан во околу 2 часот наутро. Датата 7 ноември е земан како официјална дата на Октомвриската револуција. На седницата на ЦК на Болшевичката партија одржана на 23 октомври била донесена одлука да се крене востание на денот на отворањето на Вториот серуски конгрес на советите. На конгресот, „за” гласале десет членови, „против” гласале два члена (Лев Каменев и Григориј Зиновјев), а отсутни биле единаесет членови.

Заземање на власта

[уреди | уреди извор]

Следниот ден е отворен Вториот конгрес на советите. На вториот конгрес присуствувале 650 претставници од кои 390 биле болшевици, а околу 100 биле леви социјалисти, кои исто така го поддржувале падот на Привремената влада. Кога бил објавен падот на Зимскиот дворец, Конгресот усвоил декрет за заземање на власта од страна на работниците, војниците и селаните со кое била ратификувана револуцијата.

... потпрен врз волјата на мнозинството од работниците, војниците и селаните, потпрен врз целосното победоносно востание на работниците и на гарнизонот во Петроград, Конгресот ја зема власта во свои раце. Привремената влада е соборена... Конгресот заклучува: Власта во целост преминува кај советите на работничките, војничките и селанските депутати, кои треба да воведат вистински револуционерен ред.

Заземањето на власта не поминало без несогласувања. Централното и десното крило на социјалистите, како и меншевиците верувале дека Ленин и болшевиците нелегално ја презеле власта. Десните социјал-револуционери и меншевиците го напуштиле конгресот пред усвојување на резолуцијата, во знак на протест поради преземањето на власта од страна на болшевиците, додека левите социјалреволуционери застанале зад болшевиците. Додека излегувале, Лав Троцки им кажал:

Вие сте жални изолирани поединци. Вие сте губитници. Вашата улога е одиграна. Заминете таму каде што припаѓате.

Консолидирање

[уреди | уреди извор]

На следниот ден, Советот избрал Совет на народни комесари како основа за новата советска влада. Исто така бил усвоен Декрет за мир и Декрет за земјата. Српот и чеканот го претставувале сојузот помеѓу селаните и работниците, па овој симбол станал официјално знаме на земјата.

Заземањето на власта во останатите делови од земјата биле доста успешни. Во Москва борбите траеле две недели. Сепак, во деловите од поранешната империја каде Русите не биле мнозинство имало поголеми конфликти бидејќи тие земји барале независност уште пред Февруарската револуција. На пример, украинската Рада, која прогласила автономија на 23 јуни 1917 година, ја основала Украинската народна република, која била поддржана од страна на Украинскиот конгресен совет. Ова довело до конфликт меѓу болшевичката влада во Петроград.[1]. Во Естонија се појавиле две сопернички влади: Естонскиот Дијет прогласил независност на 28 ноември 1917 година, додека естонскиот болшевик Јан Алвет на 8 декември бил признат од страна на владата на Ленин како водач на Естонија и покрај тоа што неговите сили го контролирале само Талин.[2].

По крајот на Октомвриската револуција започнала Руската граѓанска војна. САД не ја признавале руската влада до 1933 година, а во времето на војната испратиле 10.000 војници за да помогнат во јапонската инвазија во Сибир.

На 25 ноември се одржале избори за Уставотворното собрание. Резултатите не биле во прилог на болшевиците. Најмногу мандати освоиле социјалреволуционерите: од вкупно 715 места во Собранието, тие добиле 412 (57,6%). Од тоа, левите социјалреволуционери имале 42 мандати, а десните социјалреволуционери 370. Болшевиците биле втори по сила во Уставотворното собрание, добивајќи 183 мандати (25,6%), потоа следувале меншевиците со 17 мандати, конституционалните демократи со 16, народниците со 2, а различните национални малцинства освоиле преку 80 мандати. Сепак, болшевиците не дозволиле партиите што имаат мнозинство во Уставотворното собрание да ја преземат власта и на 19 јануари 1918 година го распуштиле Собранието и ја зацврстиле својата власт.

Октомвриската револуција како мотив во уметноста

[уреди | уреди извор]
  1. -{Encyclopedia of Ukraine}-
  2. -{Britannica Concise Encyclopedia}-
  3. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 151-152.
  4. Виктор Пелевин, Синиот фенер. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 402-430.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]