Прејди на содржината

7 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< ноември >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
2024

7 ноември — 311-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (312-и во престапна година). Остануваат 54 денови до крајот на годината.

Настани:

680  Започнал Шестиот вселенски собор во Цариград. Главна одлука на соборот, кој траел до 16 септември 681. година, била дека Исус има двојна природа — човечка и божја, и со тоа биле побиени и прогласени за ерес тврдењата на монотелитите дека има само божја природа.
1665  Започнал да излегува најстариот опстанат весник, „Лондон газет“.
1917  (23 октомври по стариот календар) Во Петроград избувна социјалистичката револуција во Русија, подоцна наречена Октомвриска револуција.
1944  НОВ: Ослободен е Охрид
1995  Во хотелот „Мармора“ во Истанбул беше потпишан договор за формирање мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.
2004  Во Република Македонија се одржа неуспешен референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата.

Родени:

630  Констанс II Ираклијвизантиски цар.
1787  Вук Стефановиќ Караџиќ — реформатор на српскиот јазик и азбука.
1810  Фриц Ројтер — писател на долногермански јазик.
1811  Карел Јаромир Ербен — чешки писател и историчар.
1829  Марко Цепенков — македонски преродбеник и собирач на народни умотворби.
1867  Марија Склодовска - Кири — полско-француска хемичарка и физичарка.
1879  Лав Троцки — руски револуционер.
1885  Френк Најт — американски економист.
1888  Венката Раман — индиски физичар.
1903  Конрад Лоренц — австриски зоолог.
1913  Албер Ками — француски писател.
1943  Мајкл Спенс — американски економист.
1943  Џони Мичел — канадска музичарка и сликарка.
1944  Лујџи Рива — италијански фудбалер.
1949  Гијом Фај — француски писател и мислител на десницата.
1950  Владислав Богичевиќ — српски и југословенски фудбалер.
1976  Алберто Ентрериос — шпански ракометар.
1978  Рио Фердинанд — англиски фудбалер.
1984  Лана Јурчевиќ — хрватска пејачка.
1990  Давид де Хеја — шпански фудбалер.

Починале:

644  Омар ибн ел-Хатаб — вториот калиф на исламот.
1550  Џон Арасон — последниот римокатолички епископ на Исланд.
1817  Жан Андре Делик — швајцарски геолог и метеоролог.
1850  Феликс Арвер — француски поет и драматург.
1878  Абрам Рабинович — советски шахист.
1980  Стив Меквин — американски глумец.
1992  Александар Дубчек — словачки политичар (р. 1921)
2011  Џо Фрејзер — американски боксер.