Оро
Оро (грчки: χορός, бугарски: хоро, српски: коло, хрватски: kolo) – народен танц во кој играчите најчесто фатени за раце се движат во круг.[1] Орото потекнува од Балканот, но се среќава и во други земји.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Името (со различен изговор и правопис во различни земји) се поврзува со грчкиот збор χορός. Оригиналното значење на овој збор може да е „круг“. Зборовите оро, хоро се наоѓаат во некои словенски јазици и имаат значење на танц во круг. Глаголот „се ори“, „орити се“ значи да се „зборува, пее“, а претходно значел да се „слави“.
Македонски ора
[уреди | уреди извор]Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите.
Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите.
Ората може да бидат отворени и затворени, а играчите се држат за раце, или за рамења, или за појасите, или под рака или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен ороводецот и последниот играч, кои може да изведуваат додатни чекори и движења. Ората се вијат обично на десно, но има и ора што се вијат на лево.
Ората се придружувани од народни инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре.
Македонските ора обилуваат со кореографски движења како: полусвртување, клекнување, потскокнување, подрипнување, трусање, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други.
Промената на ритамот се јавува кај повеќе ора, и тоа обично од бавно кон брзо.
Најчести ритми се: 2/4 и 7/6 (3,2,2), (3/4, 3/8, 4/4, 6/8, 5/16 (2,3), 7/16 (2,2,3), 8/16 (3,2,3), 9/16 (3,2,2,2), (2,3,2,2), 11/16 (2,2,3,2,2) и (3,2,2,2,2), 122/16 (3,2,2,2,3), 13/16 (3,2,3,2,3), 18/16 (2,2,3,2,2,2,3) и 22/16(2,2,3,2,2,3,2,2,2).
Бугарски ора
[уреди | уреди извор]Како и за другите балкански народи орото (хоро) е одлика на бугарскиот фолклор. Играорците се редат и танцуваат во круг, линија или други формации.
Ритамот на играорците се менува од бавен кон брз.
Бугарските се бројни и разновидни.
Романија и Молдавија
[уреди | уреди извор]Орото (хора) е традиционален романски фолклорен танц, каде што играорците меѓусебно се држат за раце и кругот се врти, обично спротивно на стрелките на часовникот, бидејќи секој учесник следи низа од три чекори напред и еден чекор назад. Орото обично е придружувано од музички инструменти како што се цимбал, хармоника, виолина, виола, контрабас, саксофон, труба или гајда.
Орото како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Тропнало оро големо“ - македонска народна песна.[2]
- „Оро се виет во сред Битола“ - македонска народна песна.[3]
- „Црно оро“ — песна на македонската рок-група Верка од 2010 година.[4]
- „Тешкото“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[5]
- „Оро весело“ — поетска збирка на македонскиот писател Васил Куноски од 1979 година.
- „Оро широко“ — поетска збирка на Васил Куноски од 1984 година.
- „Оро околу светот“ — песна на францускиот поет Пол Фор.[6]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Машко оро
-
Леринско оро
-
Оро на галичка свадба
-
Женско оро во изведба на „Танец“
-
Машко оро во изведба на „Танец“
-
Сценска изведба на народното оро потрчано
-
Жени од Прилеп играат оро во придружба на гајда, почеток на XX век.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Оро“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 40.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 125-126.
- ↑ Верка, Моторни песни, 2010.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 19-21.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 48.