Париз-Ница 2018 — 76. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, која се одржала помеѓу 4 и 11 март како шести настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Трката била освоена на последниот ден од возачот на Мовистар Тим, Марк Солер, од Шпанија. Ја започнал завршната етапа со 37 секунди зад предводникот на трката Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) на шестото место во генералниот пласман, Солер нападнал на половина пат од етапата заедно со сонародникот Давид де ла Круз (Тим Скај); на двоецот им се приклучил Омар Фраиле (Астана) и тројката успеала да остане пред главната група како се приближувале во Ница. Бидејќи Де ла Круз и Фраиле се бореле за етапата, Солер завршил трет - добивајќи четири бонус секунди, плус трите освоени од средниот спринт - и со 35 секунди разлика во однос на Јејтс и останатите фаворити, успеал да ја земе победата за четири секунди пред Јејтс. Подиумот бил заокружен од возачот на Бахреин-Мерида, Горка Изагире, кој завршил пред неговиот брат и колега Јон Изагире поради бонус секундите на завршниот ден, 14 секунди зад Солер, кој исто така ја освоил белата маичка како најдобар млад возач.
Лото-Судал ги освоиле останатите две маички на трката; Тим Веленс ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман, завршувајќи пет пати во првите десет, додека Томас де Гент го освоил планинскиот пласман. Со резултатите на браќата Изагире, Бахреин-Мерида го освоиле екипниот пласман.
Бидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.[4]
Париз-Ница била прва трка за Групама-ФДЖ со оваа ознака, откако француската компанија за осигурување Групама потпишала договор за спонзорство со екипата.[5]
Екипи од Светската турнеја на UCI
Професионални континентални екипи
Рутата за Париз-Ница 2018 била објавена на 9 јануари 2018 година.[6]
На Париз-Ница 2018 постоеле четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист на крајот на секоја етапа. Постоеле временски бонуси за првите тројца на друмските етапи: етапниот победник добивал десет секунди, додека второпласираниот и третопласираниот добивале шест односно четири секунди, соодветно. Временски бонуси добивале и првите тројца возачи на средниве спринтови — три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот и една секунда за третиот возач. Предводникот на генералниот пласман ја добивал жолтата маичка.[7] Овој пласман бил сметан за најважен на Париз-Ница 2018 и победникот на пласманот бил сметан за победник на трката.
Бодови за етапна победа
Место
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
|
8
|
9
|
10
|
Добиени бодови
|
15 |
12 |
9 |
7 |
6 |
5 |
4 |
3 |
2 |
1
|
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде била доделувана зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите десет на етапите. За разлика од бодовниот пласман на Тур де Франс, видот на етапата немало влијание на бодовите кои се добивале – секоја етапа имало подеднаков број на достапни бодови во ист сооднос. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средниве спринтови; три бода доколку за првиот кој ќе ја помине линијата, два бода за вториот и еден за третиот.[7]
Бодови за планинскиот пласман
Место
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
|
Бодови за категорија 1
|
10 |
8 |
6 |
4 |
3 |
2 |
1
|
Бодови за категорија 2
|
7 |
5 |
3 |
2 |
1 |
0
|
Бодови за категорија 3
|
4 |
2 |
1 |
0
|
Имало и планински пласман, а предводникот во пласманот ја добивал белата маичка со црвени точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле добивани доколку се стигне на врвот на искачувањето пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано со прва, втора или трета категорија, а бодовите биле сразмерно делени. На искачувањата од прва категорија, седум возачи освојувале бодови; на искачувањата од втора категорија пет возачи, а на искачувањата од трета категорија само тројца возачи освојувале бодови.[7]
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележена со белата маичка. Пласманот се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но учествувале само возачи родени на или по 1 јануари 1993 година.[7]
Постоел и екипен пласман, во кој времињата биле додавани времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја етапа; водечка екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.[7]