Прејди на содржината

Православна црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Православната црква е втората најголема христијанска црква според бројот на верници, односно со над 250 милиони членови.[1][2] Таа е една од најстарите религиозни институции во светот, и одиграла клучна улога во историјата и културата на земјите од Источна Европа, Балканот, Кавказ и Блискиот Исток.[3] Православната црква е организирана како заедница на автокефални цркви, со кои раководат епископи, преку Светиот синод.[4] Православната црква нема централен авторитет како што е папата во Римокатоличката црква, туку Вселенскиот патријарх е признат од сите како primus inter pares („прв меѓу еднаквите“) на епископите.

Православната и Римокатоличката црква биле во заедништво до Големиот раскол во 1054 година, поттикната од разликите во доктрините, посебно поради авторитетот на папата. Пред Четвртиот вселенски собор од 451 година, Древноисточните цркви биле дел од оваа заедница, и се одвоиле поради разлики во толкувањето на христијанството.

Најголем дел од православните христијани живеат во Источна Европа, Балканот и Кавказ, а постојат помали заедници во бившите византински региони околу Средоземното Море, Африка, и уште помали заедници во Среден Исток поради прогонот на христијаните. Секако, постојат заедници во други делови од светот, кои ги одржува дијаспората.

Особености

[уреди | уреди извор]
Константин Велики го претставува Цариград, мозаик одСвета Софија, околу 1000 година.
Икона на Свети Јован Крстител, 14 век, Република Македонија

Целото име на Православната црква е Света вселенска соборна апостолска црква, основана од Исус Христос и неговите апостоли. Првото споменување на изразот „соборна црква“ (he katholike ekklesia) било во писмо напишано околу 110 година од една грчка црква до друга црква, односно од светецот Игнатиј Богоносец до црквата во Смирна. Во писмото се вели: „Каде епископот ќе се појави, таму луѓето ќе се соберат, и таму е универзалната соборна (katholike) црква."[5] Така, од почетокот, христијаните ја сметале црквата за „Една, света, апостолска црква“.[6] Црквите во Рим и Цариград се одвоиле по настанот познат како Големиот раскол, кој се случил во 1054 година, сепак одвојувањето било постепен процес, а не ненадејно. По одвојувањето, и двете цркви сметале дека другата отпаднала од „едната вистинска црква“.

Сите православни христијани ги обединува заедничката вера, како и покрстувањето и начинот на одржување на светата литургија,[7] без разлика на националноста, локалните обичаи или годината на раѓање. Доктрината на Православната црква доаѓа од Симболот на верата.

Организација

[уреди | уреди извор]
Црквата „Свети Ѓорѓи“ на Цариградската патријаршија, во Истанбул.

Православната црква е заедница на автокефални цркви, со Вселенски патријарх на чело, кој ја носи титулата primus inter pares, со значење „прв меѓу еднаквите“. Вселенскиот патријарх нема вистинска власт или моќ врз црквите,[8][9] бидејќи Православната црква смета дека Исус Христос е главата на црквата, а црквата е неговото тело. Се верува дека авторитетот и милоста божја директно се спушта врз православните епископи и свештенството преку ритуалот на положување на рацете, пракса која ја започнале христијанските апостоли, и дека оваа непрекината историска и физичка врска е основен елемент на вистинската црква (Дела 8:17, 1 Тим 4:14, Хеб 6:2).

Постојат автокефални и автономни црковни тела. Автокефалните цркви се 14 на број: Цариград, Александрија, Антиохија, Ерусалим, Грузија, Кипар, Бугарија, Србија, Русија, Грција, Полска, Романија, Албанија, и Чешка и Словачка, и сите биле официјално поканети на „Севселенскиот собир“ од 2016 година.[10] Секоја црква има свој избран епископ и Свет синод кои ја водат црквата. Секој епископ има свое седиште од каде раководи.[9] Глвана обврска му е да се осигура дека се спроведуваат традициите и практиките на православието. Епископите имаат еднаков авторитет меѓу себе, и не може еден епископ да се меша во работата на друг. Епископот секогаш се бира меѓу монасите, и мора да не е женет.

Распространетост

[уреди | уреди извор]
Проценти на православни христијани во светот по земји:
  Повеќе од 75%
  50–75%
  20–50%
  5–20%
  1–5%
  Под 1%, а кои имаат автокефалност

Политиката, војните, прогоните, угнетувањата и сличните закани[11] прават да биде тешко да се пребројат православните христијани барем во некои региони. Историски гледано, присилните миграции ја менуваат демографијата за кус временски период. Најприближната бројка на православни христијани во светот е 200 милиони,[12] што го прави православието втора најголема христијанска заедница во светот, веднаш по Римокатоличката црква.[13] Бројните протестантски групи во светот ако делуваа заедно, ќе беа побројни од православните,[14] но тие се разликуваат според теологијата и не делуваат како една заедница.[13] Според книгата од 2015 година во која е објавена меѓународна религиозна демографија, бројот на православните во 2010 година се намалил на 4%, за разлика од 7.1% во 1910 година. Според истиот извор, процентите на православни од бројот на христијани воопшто во светот, изнесувал 12.2% и 20.4% за годините споменати погоре.[15]

Православните христијани денес најмногу ги има во земјите од Источна Европа и Северна Азија, како и во земји од Средна Азија и Левант, иако православието е распространето секаде низ светот, и има цркви речиси сите земји и во поголемите градови. Земјата со најголем број православни верници е Русија, каде живеат речиси половина од сите православци во светот.[16][17] православието е најбројна религија во Украина,[18][19] Романија,[18] Белорусија,[20] Грција,[18] Србија,[18] Бугарија,[18] Молдавија,[18] Грузија,[18] Македонија,[18] Кипар,[18] Црна Гора,[18] а доминантна религија е во делови од Абхазија, Јужна Осетија и Приднестровие. Православните се значајно малцинство во Босна и Херцеговина,[18] Латвија,[21] Естонија,[22] Казахстан,[23] Киргистан,[24] Либан,[25] Албанија,[26] Сирија,[18] и во други земји.

Процентот на христијани во Турција паднал од 19% во 1914 година, на 2,5% во 1927 година,[27] најмногу заради прогоните, како геноцидот на понтиските Грци и размената на население меѓу Грција и Турција,[28] размената на население меѓу Бугарија и Турција, како и миграцијата на христијаните во Европа и Америка).[29] Денес таму живеат околу 160.000 христијани (околу 0.2%) од различни христијански заедници.[18]

Поради миграциите, православните христијани се најбрзорастечка религиозна група во некои западни земји, на пример во Ирска.[30] Во САД, расте бројот на православни парохии.[31]

Теологија

[уреди | уреди извор]

Свето тројство

[уреди | уреди извор]

Православните христијани веруваат во Светото тројство, кое има иста божја суштина.[32] Трите личности се поврзани, со тоа што Отецот е вечен, не е роден и не потекнува од никого, Синот е вечен, син е на Отецот, а Светиот Дух е вечен и е продолжение на Отецот. За да се разбере Светото тројство како „еден Бог во три личности“, трите личности не треба да се сметаат за повеќе од едниот Бог, и обратно. Иако трите личности се посебни, тие се обединети во една света суштина.

Грев и спасение

[уреди | уреди извор]
Јован Дамаскин

Според православната вера, на почетокот од човековото постоење, луѓето биле соочени со избор: да ја научат разликата меѓу доброто и злото преку набљудување или преку учество. Библиската приказна за Адам и Ева укажува дека луѓето избрале да учествуваат во злото, преку непочитување на наредбата од Господ. Намерата и делувањето не се божја волја, па затоа некои постапки се грев. Сепак, човечката природа не е самата по себе зла, бидејќи луѓето се создадени според божјата слика, а Господ никогаш не создал никакво зло. Но, природата на луѓето е отворена за зли намери и постапки, па понекогаш се вели дека луѓето се „склони кон гревови“, посебно што некои грешни нешта им се привлечни.

Споре православното верување, Исус Христос има две природи, божја и човечка, син е на Отецот кој е Бог, а неговата човечка природа е во фактот дека е роден од жена по име Марија, која зачнала со слегување на Светиот Дух. Живеел на земјата како човек, и како човек умрел, но бидејќи имал божја природа, можел повторно да се врати, односно да воскресне. Со ова, Христос им обезбедил на луѓето начин да избегаат од својата падната природа. Православната црква учи дека преку крштевањето, и со помош на Бога ние исто така би можеле да воскреснеме со Христос во рајот. За православните христијани, овој процес се нарекува „спасение“. Овој процес се нарекува дивинизација или дека „Господ станал човек, па човекот може да стане Бог“. Но, мора да се нагласи дека православните христијани не веруваат дека човекот може да стане Бог според неговата суштина, туку дека човечката природа може да стане учесник во Божјата природа (Второ Петрово послание, 1:4).

Воскресението на Христос

[уреди | уреди извор]
„Воскресение“, икона од 17 век, Руска православна црква

Православната црква го сфаќа како реален историски настан распнувањето и воскреснувањето на Исус Христос, онака како што е опишано во Новиот завет. Според Новиот завет, Исус воскреснал од мртвите на третиот ден по смртта. Имено, откако починал како последица на распнувањето на крст, бил погребан во една пештера, но неговите следбеници го нашле гробот празен третиот ден по закопот, а потоа им се укажал на многу луѓе во периодот од 40 дена по смртта, пред да се врати на небото.

Христијаните го прославуваат денот на воскресението, односно Велигден, како најголем верски празник, а традицијата вели дека секој човек може да стане бесмртен.

Живот на православен христијанин

[уреди | уреди извор]

Црквата учи дека православниот христијанин преку крштевањето влегува во нов живот. Животот на православниот христијанин треба да биде исполнет со непрестајна молитва, и преку исихазам,[33] да се моли. Со помош на божјата љубов изразена преку Светиот Дух, секој православен христијанин станува посвет и поцелосно поврзан со Христос.[34] Црквата учи дека секој човек е создаден според божјата слика, и дека секому му е дадена можноста да учествува во божественоста преку кооперативно прифаќање на божјиот дар, благодетта.[35]

Божјата мајка и светците

[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Благовештение“ во Тинос, Грција.
„Владимирската Богородица“, една од најценетите икони.

Сите луѓе кои се во рајот се светци, без разлика дали се познати или непознати нивните имиња. Кога ќе се открие светец кој е признат од голем дел од Црквата, започнува службеното признавање, односно канонизација. Со ова, не се претвора човекот во светец, туку се потврдува тој факт, и се објавува. За секој светец се одредува ден во кој ќе се слави, се компонира химна и се создаваат икони. Светците се слават и се почитуваат, но не се обожуваат. Православните веруваат дека светците може да помогнат во процесот на спасение на другите.

Најпочитувана меѓу светците е Богородица, божјата мајка.[36]

Православната црква ги смета моштите на светците за свети, како и нивните физички предмети што ги поседувале додека биле живи. Бројни чуда биле пријавувани низ историјата, поврзани со светите предмети, од кои најчести биле излекувања од тешки болести или тешки повреди.[37]

Есхатологија

[уреди | уреди извор]
Последниот суд, мозаик од 12 век

Православните христијани веруваат дека кога човек ќе умре, душата привремено се одделува од телото, и може да скита по Земјата во еден период. Но, за време на Последниот суд, душата и телото ќе бидат обединети.[38][39] До Последниот суд, на душата на покојникот делуваат позитивно молитвите и љубовта што ја испраќаат праведните.[40] Поради ова, постои посебна молитва за умрените на третиот, деветтиот, четириесеттиот ден по смртта, како и на првата годишнина од смртта, а постојат и посебни денови од годината за општа комеморација на починатите. Овие денови обично паѓаат во сабота.[39]

Манастирот на Свети Јован Богослов во Патмос, каде било напишано Откровението на Јован

Православната црква го додава Откровението на Јован во светите текстови, но тој текст е мистерија. Теолозите кои ги проучувале страниците на ова Откровение, сметаат дека споменатите „илјада години“ се однесуваат на денешните денови. Фрески на „Последниот суд“, сцена од Откровението, често се наоѓаат на западниот ѕид од црквите, потсетувајќи ги верниците да живеат безгрешно. Во православието, пеколот е казна, при која душата е отфрлена од божјата љубов.

Библијата

[уреди | уреди извор]
Давид свири харфа, од Париски псалтир, пример за Македонска ренесанса

Официјалната Библија на Православната црква содржи седумдесет текстови од Стариот завет, задедно со Книга на пророкот Даниил, и Новиот завет.[41] Православните христијани Библијата ја нарекуваат „Свето писмо“, бидејќи сметаат дека текстовите ги содржат основните вистини за христијанската вера, како што се откриени од Христос и Светиот Дух.

Светиот Јероним го завршил најпознатиот превод на Библијата на латински јазик, Вулгата, кон крајот на 4 век, во времето кога списокот на текстови бил прифатен на запад. На исток, списокот на текстови бил прифатен еден век подоцна, со прифаќање на неколку дополнителни текстови, кои ги немало во списокот прифатен на запад. Разликите биле мали, и не пречеле на заедништвото меѓу исток и запад, и во наредни илјада години не претставувале контроверза. Дури во 16 век, за време на протестантската реформација списокот бил оспорен, и било повикано да се отфрлат оние текстови кои ги немало во Библијата од 3 век. Како одговор на ова, двете цркви, Римокатоличката и Православната ги потврдиле веќе прифатените списоци на текстови со формални канони.

Текстовите содржат историски факти, поезија, метафори, морални поуки, параболи и мудрости.

Православни цркви во светот

[уреди | уреди извор]

Покрај четиринаесетте автокефални цркви, за петнаесетта се смета и делумно признатата Православна црква во Америка. За автономни цркви се сметаат: Финска православна црква, Синајски манастир, Јапонска православна црква, Кинеска православна црква, Православна Охридска архиепископија. Самоуправни цркви се: Критска архиепископија, Света Гора, Корејска православна црква, Северноамериканска архиепископија, Руска православна задгранична црква, Украинска православна црква, Латвиска православна црква, Естонска православна црква, Бесарабиска митрополија (оспорена од Руската православна црква), и со нерешен статус е Естонската апостолска православна црква (оспорена исто така од Руската православна црква).

Со нерешен канонски статус се црквите: Абхазиска православна црква, Белоруска автокефална православна црква, Келтска православна црква, Француска православна црква, Православна црква на Галите, Хрватска православна црква, Евангелска православна црква, Света православна црква на Северна Америка, Лузитанска православна црква, Македонска православна црква - Охридска архиепископија, Црногорска православна црква, Италијанска православна црква, Грчка православна црква, синод на отпорот, Катакомбна црква, Вистинска руска православна црква, Турска православна црква, Киевски патријархат, Украинска автокефална православна црква, Украинска автокефална православна црква канонска.

  1. Adherents (28 October 2005). „Christianity“. Major Branches of Religions Ranked by Number of Adherents. Архивирано од изворникот на 2015-03-15.
  2. Mary Fairchild. „Orthodox Affiliation“. About.
  3. Ware 1993, стр. 8.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име GOAA.
  5. Thurston, Herbert (1908). „Catholic“. Во Knight, Kevin (уред.). The Catholic Encyclopedia. 3. New York: Robert Appleton Company. Посетено на 17 August 2012.
  6. Hardon 1981, стр. 217.
  7. Ware 1991, стр. 282.
  8. „Eastern Orthodox Church“. BBC. Посетено на 26 July 2015.
  9. 9,0 9,1 „Eastern Ortthodoxy“. www.religionfacts.com.
  10. „The Orthodox Churches - The Holy and Great Council of the Orthodox Church“. www.holycouncil.org.
  11. Dagher, Sam (14 Apr 2015), Mideast's Christians Trapped by Extremists, Wall Street Journal, стр. A1, A12
  12. Meyendorff, John (2014-07-14). „Eastern Orthodoxy“. britannica.com. Britannica. Посетено на 26 July 2015.
  13. 13,0 13,1 „Major branches of religions ranked by number of adherents“. adherents.com. Архивирано од изворникот на 2015-03-15. Посетено на 2014-05-22.
  14. Diamond, Plattner & Costopoulos 2005, стр. 119.
  15. Yearbook of International Religious Demography 2015. BRILL. 29 June 2015. стр. 156. ISBN 978-90-04-29739-5.
  16. „Orthodox belonging to Church – 41%“. sreda.org. Moscow.
  17. Филина, Ольга (2012-08-27). „Верю — не верю“. kommersant.ru (руски). Moscow: Коммерсантъ. Архивирано од изворникот на 2012-08-27. Посетено на 2015-09-27.
  18. 18,00 18,01 18,02 18,03 18,04 18,05 18,06 18,07 18,08 18,09 18,10 18,11 18,12  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Светската книга на факти — документ: „Field listing :: Religions“.
  19. Sparkle Design Studio. „Опитування: Віруючим якої церкви, конфесії Ви себе вважаєте? // Центр Разумкова“. Архивирано од изворникот на 2014-04-08.
  20. „Religion and denominations in the Republic of Belarus by the Commissioner on Religions and Nationalities of the Republic of Belarus from November 2011“ (PDF).
  21. „Tieslietu ministrija iesniegtie religisko organizaciju parskati par darbibu 2011. gada“ (латвиски). Архивирано од изворникот на November 26, 2012. Посетено на 25 July 2012.
  22. "Statistical database: Population Census 2000 – Religious affiliation" . Statistics Estonia. 22 October 2002. Retrieved 2011-02-18
  23. Table 28, 2013 Census Data – QuickStats About Culture and Identity – Tables.
  24. „Kyrgyzstan“. State.gov. Посетено на 17 April 2010.
  25. Lebanon – International Religious Freedom Report 2010 U.S. Department of State. Посетено на 14 February 2010.
  26. Religion in Albania#Religious demography
  27. Içduygu, Ahmet; Toktas, Şule; Ali Soner, B. (1 February 2008). „The politics of population in a nation-building process: emigration of non-Muslims from Turkey“. Ethnic and Racial Studies. 31 (2): 358–389. doi:10.1080/01419870701491937.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  28. „Chapter The refugees question in Greece (1821–1930) in "Θέματα Νεοελληνικής Ιστορίας", ΟΕΔΒ ("Topics from Modern Greek History"). 8th edition“ (PDF). Nikolaos Andriotis. 2008.
  29. 'Editors' Introduction: Why a Special Issue?: Disappearing Christians of the Middle East“ (PDF). Editors' Introduction. 2001. Посетено на 11 June 2013.
  30. „Number of Orthodox Christians in Ireland doubled over five years“. pravoslavie.ru. Moscow: Sretensky Monastery. 2012-11-01. Посетено на 2014-05-23. Предлошка:Tertiary
  31. Jones, Whitney (2010-10-06). „Report finds strong growth in U.S. Orthodox Churches“. huffingtonpost.com. New York. Religion News Service. Архивирано од изворникот на 2010-10-10. Посетено на 2014-05-23.
  32. Ware 1993, стр. 208-211.
  33. Hierotheos 1998, стр. 234-237,(241=Glossary).
  34. Fitzgerald, Fr. Thomas (2014). „Spirituality“. Greek Orthodox Archdiocese of America. Посетено на 15 May 2014.
  35. George 2006, стр. 21.
  36. Ware 1993, стр. 257-258.
  37. Ware 1993, стр. 234.
  38. The Longer Catechism of The Orthodox, Catholic, Eastern Church, an Orthodox catechism from 1830, by Metropolitan Philaret. Start with item 366 or 372. Архивирано на 22 јули 2007 г.
  39. 39,0 39,1 Rose, Father Seraphim, The Soul After Death, St. Herman Press, Platina, CA, c. 1980
  40. The Longer Catechism, Item 377. Архивирано на 3 јули 2007 г.
  41. Gherghitta p. 6, 2003; Collins/Flint/VanEpps p. 586 2002; Geisler/Nix, 2012;