Прејди на содржината

Размена на население меѓу Грција и Турција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Документ за населението во Османлиското Царство во 1914 година. Вкупното население изнесувало 20.975.345, додека Грци имало 1.792.206.

Размената на населението меѓу Грција и Турција (грчки: Ἡ Ἀνταλλαγή, турски: Mübâdele) произлегла од потпишувањето на конвенцијата за размена на население, во Лозана на 30 јануари 1923 година од страна на владите на Грција и Турција. Размената вклучувала скоро 2 милиони жители (околу 1,2 милиони Грци од Мала Азија, Источна Тракија, Трабзон, Кавказ и Понтиските Планини, и околу 400.000 муслимани од Грција), многу од нив насилно биле направени бегалци.

На крајот на 1922 година повеќето Грци побегнале од Малз Азија заради геноцидот над Грците (1914-1922) и поразот на Грција во Грчко-турската војна (1919-1922).[1] Според некои пресметки, во текот на есента 1922 година, во Грција стигнале околу 900.000 Грци.[2] Според норвешкиот истражувач, Фритјоф Нансен, од 900.000 Грци пристигнати во Грција, 300.000 биле од Источна Тракија, додека 600.000 биле од Мала Азија.[3][4]

Размената на населението Турција ја гледала како начин за постојано да ги исели Грците од Турција, додека Грција конвенцијата ја видела како начин да ги пополни териториите кои ги напуштиле муслиманите.[5][6]

Размената на населението не било засновано на јазична или етничка припадност, туку на религиска. Ги вклучувала скоро сите православни христијани во Турција, вклучувајќи ги и оние на кои турскиот им бил мајчин јазик, додека на другата страна ги вклучувала и муслиманите кои не биле Турци.

Историска позадина

[уреди | уреди извор]

Размената на населението меѓу Грција и Турција произлегла како резултат на Турската војна за независност после што Мустафа Кемал Ататурк ја зазел Смирна што било проследено со распад на Османлиското Царство на 1 ноември 1922 година. Биле водени повеќемесечни преговори што довело до потпишување на формалниот мировна спогодба меѓу Грција и Турција на 24 јули 1923 година во Лозана. Две недели по спогодбата, Сојузниците му го предале Истанбул на националистите така означувајќи го целосното заминување од Анадолија.[7]

На 29 октомври 1923 година, Големото турско собрание објавило создавање на Република Турција, држава која ќе ги опфати повеќето територии кои ги освоил Кемал Ататурк во 1920 година.[8] На чело на Турција била Народната партија на Кемал Ататурк, која подоцна станала Републиканска народна партија. Крајот на војната за независност донел нова управа во регионот, но и нови проблеми. Реконструкција на градови, од кои многу биле напуштени. Грчко-турската војна оставила многу населби срушени и опљачкани.

Приказ на Грците во Османлиското Царство во 1910: модерните Грци се означени со жолто, понтските со портокалова и кападокиските со зелена (се однесува на дијалектите).[9]

После Балканските војни, Грција скоро ја удвоила својата територија, а населението од 3,7 пораснало на 4,8 милиони. Со новите анектирани територии, бројот на малцинства во Грција пораснал на 13%, а после Прва светска војнаПрвата светска војна пораснал на 29%. Поголемиот дел од етничката популација во анектираните територии биле муслимани, но не биле сите Турци.[8]

Ова посебно се истакнувало кај Албанците кои ја населувале областа Чамерија. Во текот на разгледувањето одржано во Лозана, било изнесено прашањето кој е Грк, Турчин и Албанец. Претставниците на Грција и Албанија одлучиле дека Албанците во Грција, кои главно живееле во северозападниот дел на државата, не се помешани и се разликуваат од Турците. Владата во Анкара сепак очекувала илјадници луѓе од подрачјето на Чамерија да стигнат во Анадолија и да се населат во Ердек, Ајвалик, Анталија, Сенкиле, Мерсин и Адана. На крајот, Грција одлучила да депортира илјадници муслимани од Лариса, Теспротија, Лангадас, Драма, Воден, Сер, Едеса, Лорин, Кукуш, Кавала и Солун.[8] Меѓу 1923 и 1930 година приливот на овие бегалци во Турција драматично ја променил нејзината општествена заедница.[8]

Патот до размена

[уреди | уреди извор]

Според некои извори, размената на население, иако неуредна и опасна за многумина, била извршена многу брзо.[10] Ако целта на размената била да се очистат етничките малцинства, тогаш тоа е постигнато од двете страни. На пример, во 1906 година во денешна Турција, имало 20% немуслимани, додека во 1927 година останале само 2,7%.[11]

Вршител на размената бил Фритјоф Нансен, поставен од страна на Лигата на народите. Како прв официјален висок комесар за бегалци, Нансен бил предложен и избран за надгледувач на размената при што да ги има во обѕир интересите на Грција, Турција и силите од Западна Европа. Како искусен дипломат, со искуство во населувањето на Руси и други бегалци по Првата светска војна, направил нов документ за патување на бегалците во текот на војната, Нансенов пасош. Бил избран за главен надгледувач во текот на мировната спогодба по Грчко-турската војна 1919-1922. Иако принудна размената на населението немало претходен обид во модерната историја, на Балканот била извршена размена на население меѓу Грција и Бугарија во 1919 година. Заради заедничката одлука на владите на Грција и Турција дека заштитата на малцинства не е доволна за да се подобрат етничките тензии настанати после Првата светска војна, размената на население била предложена како единствено одржливо решение.[12]

Според претставниците на Анкара, подобрувањето на статусот на малцинствата во Турција зависело од исклучување на каков било вид странско мешање и можности за провокација од страна. Тоа најефикасно можело да се постигне со размена на население и било најдобра гаранција за сигурност и развој на останатите малцинства после размената, било да се испочитуваат и законот и либералната политика во Турција, која се однесува на сите заедници чии членови не отстапувале од своите должности како турски граѓани. Размената исто така била корисна и како одговор на насилството на Балканот, каде имало милион Турци без храна и засолниште, а Европа и Америка не покажале никаков интерес.[12]

Размената на население била видена како најдобар начин да се заштитат малцинствата, но и како најрадикално средство. Нансен верувал дека она што било на преговарачката маса во Лозана не бил национализам, туку прашање кое изискува брзо и ефикасно решение, без никакво одлагање. Сметал дека економските проблеми на грчките и турските бегалци изискуваат најголемо внимание: "Ваквата размена ќе ѝ обезбеди на Турција моментално најдобри услови со неопходната популација да ја продолжи експлоатацијата на обработливото земјиште во областите кое го напуштаат Грците. Областите во Грција со муслиманско население ќе створат можност за самоиздржување за бегалците концентрирани во градовите ширум Грција." [13] Нансен сфатил дека тешкотиите биле огромни, дека размената изискува преместување на повеќе од милион луѓе. Истакнал: "Искоренувањето на тие луѓе од нивните домови, префрлање во странска држава, регистрирање, проценување и уништување на нивниот поединечен имот кој го оставиле и обезбедување исплата според вредноста на имотот.""[13]

Со спогодбата било ветено дека имотот на бегалците ќе биде заштитен и им било дозволено со себе да носат преносливи работи. Било речено дека работите кои нема да се носат низ Егејското Море, ќе бидат попишани на список, кој ќе им биде проследен на двете влади за надомест.[14] Откако комисијата постигнала договор за подвижните работи, требало да се одреди вкупната сума која секој ќе ја добие за својот неподвижен имот (куќа, земја, кола, итн.) Исто така било ветено дека во новата населба ќе им биде обезбеден истиот имот како тој што го оставиле. Грција и Турција ќе ја проценат вкупната вредност на работите кои останале и разликата ќе ѝ плати на другата држава. Секој имот што ќе остане во Турција ќе ѝ припаѓа на Турција и секој имот кој ќе остане во Грција ќе ѝ припаѓа на Грција. Заради разликата во природата и бројот на население, поседите кои остануваат зад грчката елита во Анадолија биле поголеми од поседите на муслиманските земјоделци во Грција.[14]

Американскиот историчар Норман Нејмарк тврдел дека оваа спогодба била последен дел од кампањата за етничко чистење, да се создаде етнички чиста татковина за Турците.[15] Историчарката Дина Шелтон напишала слично, истакнувајќи дека Лозанската спогодба го комплетирала насилното исфрлање на Грците од Турција.[16]

Бегалски кампови

[уреди | уреди извор]

Бегалската комисија немала корисен план за да го следи преселувањето. Кога стигнала во Грција со намера да ги насели бегалците во земјата, комисијата немала статистички податоци ни за бројот на бегалци ни за достапните поседи. Кога стигнала комисијата во Грција, грчката влада веќе настанила 72.581 фармерски семејства, главно во Македонија, каде куќите биле напуштени заради размена.[17]

Во Турција, имотот кој го напуштиле Грците, главно бил опљачкан од имигранти пред приливот на имигранти за размена на население. Како резултат на тоа, било тешко да се сместат бегалците во Анадолија, бидејќи многу куќи биле веќе зафатени од луѓе кои заради војната останале без дом, пред владата да може да ги заплени.[17]

Политички и економски последици од размената

[уреди | уреди извор]

Повеќе од милион бегалци кои ја напуштиле Грција после војата во 1922 година, низ различни механизми придонеле за обединување на елитите под авторитарност во Грција и Турција. Во Турција, областите со јака економска елита, православни Грци, ја оставиле доминантната турска елита непредизвикана. Бизнис групите кои ја поддржувале Слободната републиканска партија во 1930-тите, не можеле да го продолжат правилото за еднопартиски систем без опозиција. Преминот на повеќепартиски систем зависел од создавањето јака економска група во средината на 1040-тите, што било задушено заради заминувањето на средната и вишата економска класа Грци. Спротивно на Турција, доаѓањето на бегалците во Грција ја разбило доминантната монархија и старата политика поврзана со републиканците. На изборите во 1920 година, повеќето дојденци го поддржале Елефтериос Венизелос. Сепак, растечките жалби на бегалците предизвикале многумина својата лојалност да ја променат во корист на Комунистичката партија, што придонело за раст на комунистичката моќ. Како одговор на тоа, премиерот Јоанис Метаксас со поддршка на кралот го распуштил парламентот и воспоставил лична диктатура во 1936 година.[18] На тој начин, размената на население ги олеснило промените во политичките режими во Грција и Турција во меѓувоениот период.[19]

Голем број емигранти умрел од епидемии во текот на патувањето и чекањето на бродови за транспорт. Бројот на починати во текот на периодот на емиграција бил четири пати поголем од бројот на новородени.[20] Првите години по доаѓањето, имигрантите од Грација не биле успешни во економијата, со себе ги понеле само земјоделските вештини за производство на тутун. Ова створило значителни економски загуби во Анадолија на новата Турска Република. Од друга страна, Грците кои заминале, биле способни работници, кои ѝ биле верни на традиционалната трговија, како пред капитулацијата на Османлиското Царство.[20]

Влијание на другите етнички народи

[уреди | уреди извор]

Додека моменталното учење ја дефинирало грчко-турската размена на верско ниво, размената на население била многу покомплексна, според Лозанската конвенција од 30 јануари 1923 година таа била заснована на етничко ниво. Размената легално им овозможила и на Грција и на Турција да ги очистат етничките малцинства и да формираат национални држави. Покрај тоа, религијата била користена како легитимен фактор за означување на етничките групи како Турци или Грци во размената на население. Како резултат на тоа во размената биле преселени православни Грци од Турција и муслимани од Грција. Сепак, заради разновидност на природата на тие бивши османлиски земји, многу други етнички групи имале социјална и правна основа да учествуваат во размената. Меѓу нив биле Грците протестанти и католици, Арапи, Албанци, Срби, Руси, Романци, Македонци, Бугари и православни со мајчин турски јазик.[21]

Разновидната природа на етничките групи во Грција и Турција не се одразувала на воспоставување на критериумите договорени на преговорите во Лозана [21] Ова е заведено во првиот член на конвенцијата:"од 1 мај 1923 година ќе изврши принудна размена на православни Грци од турска националност, засновани во Турција и муслимани со грчка националност засновани во Грција."[21] Со спогодбата била дефинирана групата на која се однесува размената, муслимани и православни Грци. Оваа класификација е следена со правилата на милетот во Отоманското Царство. Во отсуство на строга дефиниција за национално, немало спремен достапен критериум за придонес на официјално одредување на идентитетот после векови без национален поредок.[21]

Преместување

[уреди | уреди извор]

Договор од СеврДоговорот од Севр ѝ наметнал тешки услови на Турција и поголемиот дел на Анадолија ја ставил под управа на сојузниците и Грција. Прифаќањето на договорот од страна на султанот Мехмед VI ги налутило турските националисти, кои воспоставиле соперничка влада во Анкара и ги реорганизирале турските снаги, со цел да го блокираат спроведувањето на договорот. Со падот на царството во 1922 година, владата во Анкара осигурала мнозинство и го заменила османскиот султанат како доминантна влада во Анадолија. Во светло на оваа случка, била одржана мировна конвенција во Лозана со цел да се склопи нова спогодба која ќе го замени Договорот од Севр. Покана да учествуваат на оваа конвенција добиле двете влади, владата во Анкара и османската влада во Истанбул, но по укинување на султанатот од страна на владата во Анкара на 1 ноември 1922 година и заминувањето на султанот Мехмед VI од Турција, владата во Анкара останала единствена влада во Анадолија. Владата во Анкара на чие чело бил Мустафа Кемал Ататурк, брзо почнала да го применува својот национален програм, кој не дозволувал присуство на голем број турски малцинства во Западна Анадолија. Еден од првите дипломатски акти, било и преговарањето и потпишувањето на конвенцијата за размена на население меѓу Грција и Турција на 30 јануари 1923 година која ја потпишал со Елефтериос Венизелос и владата на Кралството Грција.[22][23][24] Конвенцијата имала ретроспективно влијание на преселба на населението, кое настанало по потпишувањето на декларацијата за Првата балканска војна на 18 октомври 1912 година.[25]

Кога размената почнала на 1 мај 1923 година, поголемиот дел од предвоеното грчко население од Егејска Турција веќе побегнало. Размената ги вклучувале преостанатите Грци во Централна Анадолија, Понт и Карс, вкупно 189.916.[1] Вкупниот број христијани кои побегнале во Грција бил околу 1,2 милиони, од кои повеќето побегнале во 1922 година, пред потпишувањето на конвенцијата. [26] Биле вклучени 354.647 муслимани.[27]

Со договорот само било ратификувано она што веќе било извршено над грчкото и турското население. Од 1,2 милиони христијани вклучени во размената, само 150.000 биле преселени после спогодбата, поголемиот дел веќе побегнале заедно со грчката војска поразена во Грчко-турската војна (1919–1922), додека други побегнале од брегот на Смирна [28][29] Едностраната имиграција на грчкото население, која веќе била во напредна фаза, била претворена во размена на население под меѓународни легални гаранции.[30]

Во Грција, ова било сметано дел од случките наречени Катастрофа на Мала Азија (грчки: Μικρασιατική καταστροφή). Значајни имиграции веќе се случиле со Првата балканска војна, Првата светска војна и Турската војна за независност. Околу 1,2 милиони христијани од Мала Азија, Источна Тракија, Трабзон и Понтиските Планини и од областа Карс во Закавказје, кои не го напуштиле регионот одма после Првата светска војна.

Оваа размена вклучила и околу 350.000 муслимани, главно турски муслимани, но муслимани и од другите заедници Грци, Роми, Македонци-муслимани, Помаци, Чами, Мегленски Власи и Денме.

Последици

[уреди | уреди извор]
Грчко население во Истанбулу и процент од вкупното население во градот (1844–1997).
Декларација за сопствеништво во текот на размената на население од Јен во Солун

Турците и другите муслимани од Западна Тракија биле изземени од размената, како и Грците во Цариград и на Егејските Острови, Имброс и Тенедос. На Грците кои ги напуштиле овие региони пред размената, посебно Истанбул, не им било дозволено да се вратат по војната.

Република Турција во 1932 година спровела низа казнени мерки, донесени во парламенто, со кои на Грците им е забрането да се занимаваат со 30 работи, од кројач и столар до занимавање со медицина, право и други,[31] што предизвикало намалување на грчкото население во Истанбул, Имброс и Тенедос.

Поголемиот дел од имотот оставена од страна на Грците кои учествувале во размената, бил запленет од страна на турската влада, означувајќи ги како напуштени.[32] Имотот бил запленет така што сопствениците биле обележени како „бегалци“ пред законот.[33][34][35] Додатно, имотот на многу Грци бил прогласен дека не е баран и сопствеништвото му припаднало на државата.[33] Најголем дел од имотот на грчкото населени било продадено од турската влада.[33] Поткомитетот кој функционирал под закрила на Комитетот за напуштен имот, ја укинал верификацијата на лицата кои требало да бидат разменети, со цел да ја продолжи продажбата на овие имот.[33]

Таксата варлик вергиси била воведена во 1942 година за цело немуслиманско населени и служела дополнително да го намали економскиот потенцијал на грчките стопанственици во Турција. Истанбулскиот погром во 1955 година кој бил насочен против Грците, Евреите и Ерменците ја забрзал емиграцијата на Грците, смалувајќи го бројот на Грци од 200.000 во 1924 година на 2.500 во 2006 година.[36] Како целосен контраст, турска заедница во Грција се зголемила скоро на 140.000[37]

Профилот на населението на Крит бил значајно изменет. Грчките и турските муслимани се преселиле главно на анадолските брегови, како и во Сирија, Либана и Египет. Грците од Мала Азија, главно од Измир, се доселиле на Крит, носејќи ги својот дијалект и обичаи.

Според новинарот Брус Кларк, водачите на Грција и Турција, како и круговите во меѓународната заедница, резултатот на хомогенизација на нивните држави го виделе како позитивен и стабилен затоа што помогнал во зајакнување на националната природа на овие две држави.[38] Депортацијата донела значајни предизвици: социјални, како што е селење од едно место на друго и напуштање на семејната работа. Државите исто така се соочиле со одредени предизвици. Иако деценија подоцна, брзиот развој на делови од Атина, станбени згради кои брзо се одразиле на буџетот додека пристигало населението од Мала Азија. До денес Турција и Грција имаат напуштени села Кајакој, кои останале напуштени по размената.[38]

  1. 1,0 1,1 Gibney, Matthew J., Randall Hansen (2005). Immigration and Asylum: from 1900 to the Present, Volume 3. ABC-CLIO. стр. 377. ISBN 978-1-57607-796-2.
  2. Andriotis, Nikolaos (2008). The refugees question in Greece (1821–1930).
  3. „LEAGUE OF NATIONS“ (PDF).
  4. „The fate of Greek Majority Psomiades“ (PDF).
  5. Charles, Howland. „Greece and Her Refugees“.
  6. Affairs, Foreign (1926). The Council on Foreign Relations.
  7. Ryan Gingeras. (2009). Sorrowful Shores: Violence, Ethnicity, and the end of the Ottoman Empire, 1912–1923. Oxford Scholarship. doi:10.1093/acprof:oso/9780199561520.001.0001.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Ryan Gingeras. (2009). Sorrowful Shores: Violence, Ethnicity, and the end of the Ottoman Empire, 1912–1923. Oxford Scholarship. doi:10.1093/acprof:oso/9780199561520.001.0001.
  9. Richard MacGillivray Dawkins (1916). Modern Greek in Asia Minor. A study of dialect of Silly, Cappadocia and Pharasa. Cambridge: Cambridge University Press.
  10. Karakasidou, Anastasia N. (1997). Fields of Wheat, Hills of Blood: Passages to Nationhood in Greek Macedonia 1870–1990. University of Chicago Press.
  11. Keyder, Caglar.. (1987). State & Class in Turkey: A Study in Capitalist Development. Verso.
  12. 12,0 12,1 Özsu, Umut. Formalizing Displacement: International Law and Population Transfers. Oxford: Oxford University Press, 2015. стр. 823–847.
  13. 13,0 13,1 Özsu 2011, стр. 79.
  14. 14,0 14,1 Mustafa Suphi Erden (2004). The exchange of Greek and Turkish populations in the 1920s and its socio-economic impacts on life in Anatolia. Journal of Crime, Law & Social Change International Law. стр. 261–282.
  15. Naimark, Norman M. (2002). Fires of Hatred: Ethnic Cleansing in Twentieth-Century Europe. Harvard University Press. стр. 47.
  16. Dinah, Shelton. Encyclopaedia of Genocide and Crimes Against Humanity. стр. 303.
  17. 17,0 17,1 Pentzopoulos, Dimitri (1962). The Balkan Exchange of Minorities and its Impact on Greece. Hurst & Company. стр. 51–110.
  18. Petrakis 2006, стр. 39
  19. Giirsoy, Yaprak (2008). The effects of the population exchange on the Greek and Turkish political regimes in the 1930s. East European Quarterly. стр. 95–122.
  20. 20,0 20,1 MUSTAFA SUPHi ERDEN (2004). The exchange of Greek and Turkish populations in the 1920s and its socio-economic impacts on life in Anatolia. Journal of Crime, Law, and Social Change. стр. 261–282.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 BI ̇RAY KOLLUOG ̆LU. (2013). Excesses of nationalism: Greco-Turkish population exchange. Journal of the Association for the Study of Ethnicity and nationalism. стр. 532–550. doi:10.1111/nana.12028.
  22. Gilbar, Gad G. (1997). Population Dilemmas in the Middle East: Essays in Political Demography and Economy. London: F. Cass. ISBN 978-0-7146-4706-7.
  23. Kantowicz, Edward R. (1999). The rage of nations. Grand Rapids, Mich: Eerdmans. стр. 190–192. ISBN 978-0-8028-4455-2.
  24. Crossing the Aegean: The Consequences of the 1923 Greek-Turkish Population Exchange (Studies in Forced Migration). Providence: Berghahn Books. 2003. стр. 29. ISBN 978-1-57181-562-0.
  25. „Greece and Turkey – Convention concerning the Exchange of Greek and Turkish Populations and Protocol, signed at Lausanne, January 30, 1923 [1925] LNTSer 14; 32 LNTS 75“. worldlii.org.
  26. Ladas 1932, стр. 438—439.
  27. Hirschon, Renée (2003). Crossing the Aegean: an Appraisal of the 1923 Compulsory Population Exchange between Greece and Turkey. Berghahn Books. стр. 85. ISBN 978-1-57181-562-0.
  28. Sofos, Spyros A.; Özkirimli, Umut (2008). Tormented by History: Nationalism in Greece and Turkey. C Hurst & Co Publishers Ltd. стр. 116–117. ISBN 978-1-85065-899-3.
  29. Hershlag, Zvi Yehuda (1997). Introduction to the Modern Economic History of the Middle East. Brill Academic Pub. стр. 177. ISBN 978-90-04-06061-6.
  30. Kats, Yosef (1998). Partner to Partition: the Jewish Agency's Partition Plan in the Mandate Era. Routledge. стр. 88. ISBN 978-0-7146-4846-0.
  31. Vryonis, Speros (2005). The Mechanism of Catastrophe: The Turkish Pogrom of September 6–7, 1955, and the Destruction of the Greek Community of Istanbul. New York: Greekworks.com, Inc. ISBN 978-0-9747660-3-4.
  32. Tsouloufis, Angelos (1989). „The exchange of Greek and Turkish populations and the financial estimation of abandoned properties on either side“. Enosi Smyrnaion. 1 (100).
  33. 33,0 33,1 33,2 33,3 Lekka, Anastasia (зима 2007). „Legislative Provisions of the Ottoman/Turkish Governments Regarding Minorities and Their Properties“. Mediterranean Quarterly. 18 (1): 135–154. doi:10.1215/10474552-2006-038. ISSN 1047-4552.
  34. Metin Herer, "Turkey: The Political System Yesterday, Today, and Tomorrow," in Contemporary Turkey: Society, Economy, External Policy, ed. Thanos Veremis and Thanos Dokos (Athens: Papazisi/ELIAMEP, 2002), 17 – 9.
  35. Yildirim, Onur (2013). Diplomacy and Displacement: Reconsidering the Turco-Greek Exchange of Populations, 1922–1934. Taylor & Francis. стр. 317. ISBN 978-1-136-60009-8.
  36. „From 'Denying Human Rights and Ethnic Identity' series of Human Rights Watch“. 7 јули 2006. Архивирано од изворникот на 7 јули 2006.
  37. „US Department of State – Religious Freedom, Greece“.
  38. 38,0 38,1 Clark, Bruce (2006). Twice A Stranger: How Mass Expulsion Forged Modern Greece and Turkey. Granta. ISBN 978-1-86207-752-2.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: