Уругвај (река)
- За други значења на поимот „Уругвај“, видете ја страницата за појаснување.
Уругвај | |
Río Uruguay, Rio Uruguai | |
Залез над реката Уругвај во Аргентина
| |
Земји | Аргентина, Бразил, Уругвај |
---|---|
Главен извор | Пелотас |
- место | Сера Герал, Бразил |
- височина | 1.800 м |
Спореден извор | Река Каноас |
- местоположба | Сера Герал, Бразил |
Утока | Рио де ла Плата |
- височина | 0 м |
Должина | 1.838 км [1] |
Слив | 365.000 км2 |
Истек | |
- просечен | 5.500 м3/с |
Карта на басенот на реката Уругвај
|
Уругвај (шпански: Río Uruguay; португалски: Rio Uruguai) е река во Јужна Америка. Реката Уругвај е една од главните реки во средишните и јужните предели на Јужна Америка и според неа е именувана државата Уругвај. Текот на реката е во правец север-југ и таа воедно претставува природна граница, на делови од границите, помеѓу Бразил, Аргентина и Уругвај. Реката извира во јужен Бразел и поминува низ сојузните држави Санта Катарина и Рио Гранде до Сул, потоа тече на границата на Бразил со Аргентина, а понатака и на границата помеѓу Аргентина и Уругвај.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Името на реката потекнува од шпанската интерпретација на гваранските фрази кои биле користени за именување на реката. Постојат повеќе интерпретации за значењето на зборот, меѓу кои „реката на уру“ (уру е ендемска птица во регионот) и „реката на уругуа“ (автохтом мекотел, полжав).[2]
Течение
[уреди | уреди извор]Реката има должина на тек од околу 1838 километри. Уругвај извира во Сера до Мар во Бразил,[3][4][5][6][7] каде реките Каноас и Пелотас се спојуваат на надморска височина од 200 метри. Во понатамошниот тек реката тече низ нерамен терен, формирајќи падови и брзаци. Течението на реката во Рио Гранде до Сул не е пловно.
Интересна одлика на реката е подводниот кањон. Овој кањон бил создаден во доцното ледено доба, кога климата била посушна и реката била помала. Длабочината е до 100 метри под речниот канал.[6][8] Овој кањон се гледа само на две места, од кои едниот е водопадот Мокона. Сепак. водопадите не се видливи 150 дена од година. За разлика од други водопади, овие водопади се паралелни со реката. Водопадите се од 10 до 12 метри високи, а широки од 1800 до 3000 метри.[6][8]
Реката Уругвај се спојува со реката Парана и така се вливаа во Рио де ла Плата, односно Атлантскиот Океан. Главна притока на реката Уругвај е реката Рио Негро.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Водопадите Мокона, на местото каде реката поминува од Бразил во Аргентина.
-
Карта на басенот на Рио де ла Плата со приказ на местото каде Уругвај се спојува со Парана.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Río de la Plata“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 14 August 2010.
- ↑ El País newspaper: Presentan tesis del nombre Uruguay Архивирано на 14 март 2012 г., (шпански) Retrieved 21 November 2014.
- ↑ „Rio Uruguay“. Архивирано од изворникот на 2013-11-07. Посетено на 2018-10-29.
- ↑ Consejo Nacional de Investigaciones Científicas y Técnicas
- ↑ „FACULDADE DE BIOCIÊNCIAS PROGRAMA DE PÓS-GRADUAÇÃO EM BIOCIÊNCIAS – ZOOLOGIA“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-04. Посетено на 2018-10-29.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „A particular canyon excavated in the large Uruguay River channel (South America)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-10-29.
- ↑ „The fish fauna of two tributaries of the passo fundo river, uruguay river basin, rio grande do sul, brazil“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-05-27. Посетено на 2018-10-29.
- ↑ 8,0 8,1 „Moconá Falls (Yucumã Falls)“. Wondermondo.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Уругвај (река) на Ризницата ?
- Река Уругвај - Топонимски опслужувач GEOnet (англиски)
- Карта на реката Уругвај од 1784