Белгиски фолклор
Фолклорот на Белгија е исклучително разновиден и одразува богатото наследство на културни и верски влијанија во текот на историја, дури и пред формирањето на нацијата на Белгија во 1830 година. Многу од белгискиот фолклор е единствен во регионот во кој се празнува. Многу аспекти на фолклорот се манифестираат со јавни поворки и паради низ белгиските градови; традиции кои се чуваат живи за забава на месните жители и на туристите.
Поимот фолклор (кој постои и на француски и на холандски) се користи во Белгија во многу поширока смисла, отколку во англискиот јазик, главно за означување на сите културни јавни настани, како што се традиционални фестивали и паради. Не се сметаат за фолклор само оние настани кои започнале неодамна, како музичките фестивали.
Валонија
[уреди | уреди извор]Провинцијата Ено
[уреди | уреди извор]Карневалот во градот Бенш е еден од најпознатите во Белгија. Карневалот традиционално се случува на Марди Гра (Мрсен вторник) пред почетокот на големите велигденски пости. Учесниците (познати како Жили) изработуваат костими во националните бои на Белгија (црвена, црна и жолта). Жилите носат дрвени кломпи и имаат закачени ѕвонци на појасот.[1] Наутро носат маска. Кога ќе стигнат до општинската зграда, ги вадат маските а време на парадата напладне, фрлаат портокали во толпата. Во 2003 година, фестивалот бил признат од страна на УНЕСКО како едно од духовните културни наследства на човештвото.[2]
Секое лето, во малиот град Ат се одржува Парадата на џиновите (или Дикас). Парадата која потекнува уште од средниот век, го одбележува бракот на два џина (Господинот и госпоѓата Гујас или Голијат). Комичната церемонија се одржува во црквата, а потоа, џинот се бори со овчарот Давид, пред градската општинска сала.[3] Случајни минувачи фрлаат парички на џиновите додека поминуваат за да ги прати добра среќа. Очигледно е дека христијанската приказна за Давид и Голијат има влијание на овој фестивал. Атскиот дикас е прогласен за непроценливо духовно културно наследство на човештвото од УНЕСКО во 2008.
Провинцијата Намур
[уреди | уреди извор]Во Ардените секоја година, три недели пред Велигден, се одржува фестивал познат како "Мечка фестивал". Приказната околу фестивалот е дека се одбележува подвигот на младиот Карло Мартел кој ја поразил мечката која го тероризирала регионот. Мечката исто така фигурира и на симболите на градот (грбот и знамето). Светицата Бега Анденска, наводно роднина на Мартел, била заслужна за основањето на градот во 684[3]. 2,000 луѓе учествуваат на парадата, маскирани, и 250 мечиња се фрлаат на публиката кај општинската зграда.
Провинција Лиеж
[уреди | уреди извор]Во градот Ставло постои фестивал Блан Муси (што значи 'облечен во бела"). Учесниците носат бели наметки, качулки и маски со големи шпицести носови. Фестивалот се сеќава на монасите од 15 век, на кои им било забрането да го слават карневалот поради нивната мрзеливост. Учесниците талкаат по улиците на градот и лепат постери. Напладне фрлаат конфети кон насобраните гледачи.[4]
Провинцијата Луксембург
[уреди | уреди извор]Фолклорот на Ардените, во провинцијата Луксембург, е особено богат.
Брисел
[уреди | уреди извор]"Омеганг" е еден од најпопуларните фолклорни фестивали во Белгија, вклучувајќи 2,000 учесници и илјадници гледачи. Името потекнува од стариот фламански збор "omme", што значи "околу" и "gang" или "одење". Се случува секоја година во јули во централен Брисел и одбележува настан во чест на крунисувањето на императорот Карло V кој бил престолонаследник на Шпанија и војвода на Брабант во градот Брисел[5]. Процесијата се движи од Големиот Саблон до Големиот градски плоштад и прикажува витези.
Фландрија
[уреди | уреди извор]Западна Фландрија
[уреди | уреди извор]Во Бриж, Поворката на Светата Крв (Heilig Bloedprocessie) се одржува секоја година на денот на Христовото Вознесение, во текот на која низ градот се парадира со една реликвија - камено-кристален сад наводно пронајден во текот на 1148 за време на Втората крстоносна војна од страна на Теодорих Алзашки (гроф од Фландрија) кој се верува дека ја содржи крвта на Христос. Самата процесија се вели дека датира од 13 век. Секоја година, процесијата привлекува 50.000 посетители и верници.
Мачкиниот фестивал (Kattenstoet ), се случува во Ипр секоја година, веројатно по повод една средновековна традиција во која мачки, тогаш поврзани со вештерството, биле фрлени од кулата на градската катедрала.
Антверпен
[уреди | уреди извор]Во Антверпен, во северните делови на градот, постои една традиционална игра која се негува и се нарекува Јавање гуска (Ganzenrijden). Мртва гуска се обесува во мрежа за ловење риби високо над земјата, и треба да се повлече за главата додека се јава на коњ под неа. Победникот потоа се крунисува за крал, за рок од една година. Потоа, кралевите на секое село се собираат за вториот натпревар да се види кој е најдобриот меѓу нив, а победникот од тој натпревар потоа се крунисува за цар.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Colorful Belgian 'Gilles' dancers mark Mardi Gras“. International Herald Tribune. 2009-02-24. Посетено на 2009-03-04.
- ↑ Cole, Leanne Logan & Geert (2007). Lonely Planet Belgium & Luxembourg (3.. изд.). Footscray (Victoria): Lonely Planet. стр. 223. ISBN 1-74104-237-2.
- ↑ 3,0 3,1 „The best Belgian folklore festivals“. www.expatica.com. Архивирано од изворникот на 2013-08-04. Посетено на 25 November 2012.
- ↑ „Blanc Moussis Carnival of Stavelot“. www.opt.be. Архивирано од изворникот на 2013-05-29. Посетено на 2 December 2012.
- ↑ „Ommegang - History“. www.ommegang.be. Архивирано од изворникот на 2012-04-16. Посетено на 25 November 2012.
- ↑ „Ganzenrijden in de polderdorpen“. Radio 2 (холандски). Посетено на 2017-08-15.