Прејди на содржината

12 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

12 декември — 346-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (347-и во престапна година). Остануваат 19 денови до крајот на годината.

Настани:

1642  Холандскиот морепловец Абел Тасман го открил Нов Зеланд, во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Нов Зеланд бил британска колонија од 1841 година, а британски доминион од 1907 година, кога влегол во составот на Британската заедница на народите како независна држава.
1963  Кенија се стекнала со независност и била прогласена за република во рамките на британскиот Комонвелт.
1979  НАТО дозволил инсталирање на ракети во Европа.
1997  Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн, на една аукција во „Сотби“, било продадено за 387.500 американски долари.
1997  Во Париз почнало судењето на Карлос Шакалот, „професионален револуционер“ од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирес Санчес. Тој бил обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 1970-те и 1980-те години.

Родени:

1866  Андреј Љапчевпремиер на Бугарија.
1821  Гистав Флобер — француски писател.
1863  Едвард Мункекспресионистички сликар.
1882  Јиржи Махен — чешки писател.
1915  Френк Синатра — американски пејач и глумец.
1922  Франтишек Вацлав Мареш — чешки професор по славистика.
1923  Ог Мандино — американски писател.
1928  Чингиз Ајтматов — киргиски и советски писател.
1928  Хелен Франкенталер — американска сликарка.
1929  Џон Озборн — англиски драмски писател.
1939  Мајкл Газанига — професор по психологија.
1940  Дајон Ворик — американска пејачка и глумица.
1943  Дики Бетсамерикански рок-музичар, член на групата „Алман брадерс бенд“.
1946  Емерсон Фитипалди — бразилски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“.
1948  Срѓан Керим — македонски политичар и дипломат.
1950  Ришар Галијано — француски џез-музичар.
1973  Јане Николоски — македонски фудбалер.
1984  Даниел Агер — дански фудбалер.
1984  Матје Ладању — француски велосипедист.
1990  Виктор Мозес — нигериски фудбалер.

Починале:

1574  Селим IIотомански султан.
1802  Виктор Буњаковски — руски математичар.
1939  Даглас Фербанкс — американски филмски глумец, режисер и продуцент.
1958  Слободан Јовановиќ — српски политичар.
1983  Дарко Дамески — македонски глумец.
1985  Ијан Стјуарт — британски рок-музичар.
1993  Јожеф Анталпремиер на Унгарија.
2008  Лилјана Минова - Ѓурковамакедонист.
2019  Дени Ајело — американски глумец.
2020  Џон ле Каре — британски писател.