VI периода на периодниот систем
Изглед
Шестата периода на хемиски елементи во себе содржи еден алкален метал, еден земноалкален метал, девет преодни метали, дванаесет лантаноиди, три слаби метали, еден металоид, еден халоген елемент и еден благороден гас. На шестата група хемиски елементи и припаѓаат: цезиум, бариум, лантан, цериум, празеодиум, неодиум, прометиум, самариум, европиум, гадолиниум, тербиум, диспрозиум, холмиум, ербиум, тулиум, итербиум, лутециум, хафниум, тантал, волфрам, рениум, осмиум, иридиум, платина, злато, жива, талиум, олово, бизмут, полониум, астат и радон. овие елементи имаат атомски броеви од 55 до 86. Во оваа периода се наоѓаат вкупно 32 хемиски елементи.