Талиум — хемиски елемент со реден број 81. Постојат 11 познати изотопи на талиумот од кои стабилни се само два со масен број 203 и 205. Изотопот на Tl со масен број 204 има полупериод на распагање од неколку години, а изотопите со масен број 200, 201, 202, 206, 207, 208, 209 и 210 имаат полупериод на распаѓање од неколку минути донеколку денови. Постојат 32 познати минерали на талиумот од кои 17 можат да се најдат во рудникот Алшар во Република Македонија. Најпознат минерал на талиумот секако е лорандитот кој го има во Алшар и според некиј податоци во Швајцарија и Шри Ланка. Талиумот наоѓа примена во вселенските испитувања. Најчеста оксидациска состојба со која гради соединенија е +1 но во некој соединенија се срекава и со оксидациска состојба +3.
Во светот има само едно наоѓалиште на талиум, и тоа се наоѓа во рудникот „Алшар“ во Македонија и е заштитено од страна на Смарагдната мрежа за заштита на природните реткости.