Брест (Скопско)
Брест | |
Координати 42°13′0″N 21°28′40″E / 42.21667° СГШ; 21.47778° ИГД | |
Општина | Чучер-Сандево |
Население | 278 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25014 |
Надм. вис. | 1.185 м |
Брест на општинската карта Атарот на Брест во рамките на општината | |
Брест на Ризницата |
Брест — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора.
Историја
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Кале — доцноантички кастел спекула и збег;
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 39 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 192 мажи муслимани, со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 386 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брест живееле 240 жители, сите Арнаути[3] муслимани.[4]
Во 1913 година, селото имало 1014 жители. Било дел од Општина Бродец.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1250 Албанци.[6]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
На пописот од 2002 година, селото имало 569 жители, од кои 564 Албанци, 1 Ром и 4 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 278 жители, од кои 230 Албанци и 48 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | — | 1.778 | 1.886 | 1.782 | 1.434 | 1.061 | 0 | 1.158 | 569 | 278 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Брест е албанско село.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се.
- Доселеници: Муриз (60 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија. Припаѓале на фисот Бериша; Тенџер (55 к.) доселени се од северна Албанија кога и претходниот род. Исто така се од фисот Бериша; Мулија (42 к.) доселени се од северна Албанија. Припаѓале на фисот Красниќи; Малина (24 к.) доселени се од северна Албанија. Овде се доселиле преку Косово. Припаѓаат на фисот Шаља; Маслан (14 к.) доселени се во првата половина на XIX век. Припаѓале на фисот Бериша.[13]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Ова село пред да стане албанско, било православно македонско. Стари иселеници од селото има во Трпеза кај Гнилане (Љубисав), Бинча во Горна Морава (Шорлиќи, Ѓуриќи, Илиќи, Милкиќи, Џојкини и Цајчиќи). Могила во Горна Морава (Пржиќи). Кучевиште (Рајчиниќи, Шегменовиќи, Црничани, Белинци и Шејкови). Како и во градот Куманово (Вацеве).[13]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Албанците биле забележани како Арнаути.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 206.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Брест на Карти на Гугл
|