Прејди на содржината

Караташ (Прилеп)

Координати: 41°20′40″N 21°33′20″E / 41.34444° СГШ; 21.55556° ИГД / 41.34444; 21.55556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Караташ

Карта

Местоположба 41°20′40″N 21°33′20″E / 41.34444° СГШ; 21.55556° ИГД / 41.34444; 21.55556
Основни податоци
Место Прилеп
Општина Прилеп
Тип

 некропола


Период римското време
Портал „Археологија“

Караташархеолошко наоѓалиште во Прилеп. Претставува некропола од римското време. На околу 500 м северозападно од касарната, во лозјето на Ѓорѓи Ивановски при орањето биле уништени неколку гробови во кои се најдени керамички садови и еден постамент за стела. Од овој локалитет потекнуваат стела со грчки натпис во 8 ред и релјефна претстава на жена, која се чува во Музејот на Македонија во Скопје, и фрагментирана мермерна стела со приказ на девојка која во раката држи птица и венец, која сега се наоѓа во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 309. ISBN 9989-649-28-6.