Прејди на содржината

Св. Никола (Варош)

Координати: 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° СГШ; 21.53250° ИГД / 41.35694; 21.53250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Никола

Карта

Местоположба 41°21′25″N 21°31′57″E / 41.35694° СГШ; 21.53250° ИГД / 41.35694; 21.53250
Основни податоци
Место Варош
Општина Прилеп
Тип

 осамен наод  населба  некропола

Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Св. Николаархеолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Претставува осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола.

Во црквата и во нејзниот двор има поголем број антички лапиди од мермер, и тоа од: импост - капител, мено, ара со релјеф како база на чесната трпеза, дел од ара со претставени гирланди и глава од овен вградена во десниот довратник. Со ископувањата и конзерваторските работи во 1960 година биле откриени неколку мермени плочи со старогрчки натписи, и ари со релјефни претстави и старогрчки натписи, а во дворот биле откопани 170 гроба, датирани од XII до почетокот на XIX век, со голем број прилози од разновиден накит, стаклени садови и ромејски и српски монети. Исто така се откриени и делови од станбени објекти од старословенска населба. Наодите се чуваат за Завод и Музеј во Прилеп.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 288, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069