Чука (Тополчани)
Изглед
„Чука“
| |
Местоположба | 41°13′28″N 21°25′48″E / 41.22444° СГШ; 21.43000° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Тополчани |
Општина | Прилеп |
Тип |
|
Период | неолитско време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Чука — археолошко наоѓалиште во прилепското село Тополчани. Претставува населба од неолитот, како и јами од средниот век.
На 300 м југозападно од селото, на самата траса на старата железничка пруга Прилеп-Битола има ниска тумба на која во 1958 и 1975 година се извршени ископувања. Откриени се остатоци од населба со множество фрагменти од керамички садови украсувани со барботин, импресо и сликање со бела боја врз црвена основа, која временски и културно му припаѓа на средниот неолит во Пелагонија, односно на Велушко-породинската културна група.
Исто така, веднаш под хумусниот слој биле откриени две јами, едната со пречник од 1,45 м, а другата од 1,80 м, во кои се најдени фрагменти од средновековна керамика.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 314. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од неолитско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на јами
- Тополчани
- Археолошки наоѓалишта во Општина Прилеп
- Археолошки наоѓалишта во Прилепско