Кварц (SiO2) — еден од најзастапените минерали во Земјината кора. Има шестаголна кристална структура направена од триаголен кристализиран силициум (силициум диоксид, SiO2), со цврстина која има вредност 7 според Мосовата скала. Густината изнесува 2,65 г/см3.; Карактеристичен облик му е шестстрана призма која завршува во шестстрана пирамида, иако најчесто кварцот не се наоѓа токму во овој облик.
Зборот е добиен од германскиот поим Quartz, кој пак е заемка од полскотоkwardy, што значи „тврд“.
Правилните кристали на кварцот честопати се наоѓаат во шуплините од карпите, а најпознатите вариетети се: цитрин - жолта боја, аметист - виолетов, морион - црн, чаден кварц - темнокафејав и други. Поголеми примероци на кристалот погодни за одбивање се наоѓаат релативно ретко, па и артефактите од овој вид на суровина исто така ретко се наоѓаат на археолошките наоѓалиште.
Еден од најпознатите вариетеи на кварцот е горски кристал, безбоен вариетет на нискотемпературен кварц, кој формира ромбоедарски призми со пирамидални рамнини на двата или само на едниот крај.
↑Hurlbut, Cornelius S.; Klein, Cornelis (1985). Manual of Mineralogy (20. изд.). ISBN0-471-80580-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)