Религија во Џибути
Религијата во Џибути има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во Џибути е исламот со околу 94% од населението на земјата или околу 740.000 според податоци од 2012 година, додека останатите 6% од жителите се христијански верници[1].
Ислам
[уреди | уреди извор]Исламот во земјата пристигнал уште од првите векови, кога една мала груоа на прогонети муслимани побарале засолниште преку Црвено Море во Африканскиот Рог, на барање на исламскиот пророк Мухамед. Во 1900 година, за време на почетокот на колонијалната ера, практично немало христијани во територијата каде денес се наоѓа Џибути, или имало само околу 100-300 следбеници кои доаѓале преку католичките мисионерски мисии. Уставот на Џибути исламот го наведува како единствена државна религија, а исто така обезбедува за еднаквост на граѓаните од сите вери (член 1) и слободата на религиозната практика (член 11)[2][3][3]. Поголемиот дел од муслиманите се сунити, додека дел од муслиманите припаѓаат на суфиски редови на различни училишта[4]. Според Извештајот за верските слободи од 2008 година, муслиманите имаат законско право да се конвентираат или да се мажат за некој од друга вера, но ова може да предизвика негативни реакции од нивните семејства или од општеството во целина, и тие често се соочуваат со притисок да се вратат во исламот[5].
Христијанство
[уреди | уреди извор]Христијанството во Џибути е малцинска религија во државата. Во Џибути околу 6% од населението се христијани (околу 25.000 луѓе), а државата има околу 923.000 жители (според проценките за 2012). Христијаните се воглавно Етиопјани или Европејци. Повеќето од христијаните се православни или католици. Според последните извештаи во државата немало затвореници поради тоа што биле христијани. Забележана е толеранција меѓу религиите. Проповедувањето на други религии меѓу муслиманите е забрането и луѓето кои се преобратуваат во христијанство се плашат од прогон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Djibouti“. The World Factbook. CIA. 5 February 2013. Архивирано од изворникот на 2014-07-02. Посетено на 26 February 2013.
- ↑ „Djibouti's Constitution of 1992 with Amendments through 2010“ (PDF) (англиски). Constitute. Посетено на 19 July 2016.
- ↑ 3,0 3,1 „Constitution de la République de Djibouti“ (француски). Agence Djiboutienne d'Information. Архивирано од изворникот на 2012-11-25. Посетено на 30 March 2013.
- ↑ Chapter 1: Religious Affiliation retrieved 4 September 2013
- ↑ United Nations High Commissioner for Refugees. „[accessed 13 December 2009 Immigration and Refugee Board of Canada, "Djibouti: Situation and treatment of Christians, including instances of discrimination or violence; effectiveness of recourse available in cases of mistreatment; problems that a Muslim can face if he or she converts to Christianity or marries a Christian (2000–2009)", 5 August 2009“. Unhcr.org. Посетено на 20 June 2010.
|