Прејди на содржината

Религија во Комори

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Религија во Коморите)
Религија во Комори
Религија процент
Ислам
  
98 %
Христијанство
  
2 %

Религијата во Комори има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во Комори е исламот, кој претставува државна религија на земјата според нејзиниот устав ратификуван во 2001 и ревидиран во 2009 година[1][2][3].

Во земјата 98% од вкупниот број на население се муслимани и речиси сите припаѓаат на сунитскиот ислам[4] . По воениот удар во 1999 година, Уставот до 2000 година не ја гарантирал слободата на вероисповед. Новиот Устав кој бил ратификуван во декември 2001 година обезбедил еднаквост на сите жители, без разлика на полот, потеклото, расата или религијата.[1][2]. Според член 41 од новиот устав во земјата бил формиран Совет на улемите (исламски научници) за помагање на властите во нивните одлуки кои влијаат на религиозниот живот во Комори. Уставот на Коморите исто така наведува дека исламскиот карактер на државата не може да се промени и го прави исламскиот закон обврзувачки за сите граѓани на Коморите.[2].

Напуштањето на исламот и преминување во друга религија е кривично дело, исто како и во Мавританија, Судан и Иран, кое може да доведе до смртна казна.[5]. Студиите на исламските стихови се задолжителни во јавните училишта, дури и за децата на оние кои не се муслимани. Сепак, малцинствата имаат право да работат во нивните сопствени училиште без употреба на исламските стихови[2][6].

Според локалната легенда, исламот бил донесен на Коморите во 7 век за време на животот на Мухамед од страна на два благородници кои ја посетиле Мека[7]. Историските докази покажуваат фрка исламот бил донесен од страна на арапските. Во текот на својата историја, исламот има долга и централна улога во Коморите. Владејачките семејства научиле арапски, извршиле Хаџ и одржувале врски со други муслимански заедници.

Хасан Ибн Иса, кој живеел во текот на 16 век, тврдел дека има директно потекло од исламскиот пророк Мухамед и во негово време биле изградени голем број на џамии. Денес, околу 98% од населението во Коморите се сунитски муслимани[2]. Исламот и неговите институции помогнале во интеграцијата на општеството и идентификација со светот надвор од островот. Жителите на земјата ги следат верските празници совесно и строго се придржуваат кон религиозната ортодоксност. Во текот на колонизацијата, Французите не се обиделе да ги заменат исламските практики и биле внимателни кон почитувањето на шеријатот.

Денеска во земјата се почитуваат и слават сите муслимански празници, како Курбан бајрам, Мухарем, Ашура, Мавлид и Рамазан. Во земјата има повќе од сто џамии и медреси. Сите деца одат во исламско училиште на возраст од пет години, каде ги научуваат основите на исламот и арапската лингвистиката.

Христијанство

[уреди | уреди извор]

Христијанството во Коморите е малцинска религија. Во државата има околу 2% христијанско население[2], од кои најголем процент се Римокатолиците[2][8], по кое следуваат Протестантите и Адвентистите.

Владата има тенденција да ги дискриминира другите вери, особено христијанството. Постојат две римокатолички цркви и една протестантска црква. Пред државниот удар во 1999 година, владата го ограничила користењето на овие цркви. Вознемирувањето и социјалната дискриминација на христијаните е честа појава во земјата. Во 2006 година биле уапсени 4 лица во главниот град. Религиските заедници не може да се регистрираат во државата, а мисионерите не можат да ги обавуваат своите задачи, освен оние хуманитарните. Самиот закон во државата вели дека тој кој проповедува друга религија освен Исламот ќе биде затворен. Ова ја прави државата со слаб индекс на демократија, почитување на основните човекови права и ја става во групата на земји каде се прогонуваат религиските заедници кои се малцинство.

  1. 1,0 1,1 „Comoros 2001 (rev. 2009)“. Constitute. Посетено на 23 April 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Scott A. Merriman (2009). Religion and the State: An International Analysis of Roles and Relationships. ABC-CLIO. стр. 145–146. ISBN 978-1-59884-134-3.
  3. Martin Ottenheimer; Harriet Ottenheimer (1994). Historical Dictionary of the Comoro Islands. Scarecrow. стр. 46. ISBN 978-0-8108-2819-3., Quote: "Islam - the official and predominant religion of the Comoros, (...) According to local legend, Islam was first introduced to the islands in 650 AD (...)".
  4. Martin Ottenheimer; Harriet Ottenheimer (1994). Historical Dictionary of the Comoro Islands. Scarecrow. стр. 73. ISBN 978-0-8108-2819-3.
  5. Erwin Fahlbusch (2005). The Encyclopedia of Christianity. Wm. B. Eerdmans Publishing. стр. 163. ISBN 978-0-8028-2416-5.
  6. Martin Ottenheimer; Harriet Ottenheimer (1994). Historical Dictionary of the Comoro Islands. Scarecrow. стр. 47–48. ISBN 978-0-8108-2819-3.
  7. Pierre Vérin (1982). „Mtswa Muyindza et l'introduction de l'Islam à Ngazidja; au sujet de la tradition et du texte de Pechmarty“. Etudes Océan Indien. 2: 95–100.
  8. Catholic Hierarchy – Vicariate Apostolic of Archipelago of the Comores