Религија во Малави
Религијата во Малави има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во земјата е христијанството, додека втора по големина е исламот, иако точните бројки се оспорени. Има ограничени податоци со многу различни проценки за верската припадност во земјата. Според проектот за верска припадност во Малави, што го води Универзитетот во Пенсилванија од 2010 година[1], околу 69% од населението се идентификува како христијани, 26% како муслимани и 5% како останати односно други[2]. Следната статистика била направена од ЦИА во 1998 година според која 82% од населението е христијанин, а 13% се муслимани[3].
Христијанство
[уреди | уреди извор]Најголеми христијански деноминации се Римокатоличката црква и Презвитеријанската црква на Централна Африка (CCAP). Протестантите формираат половина од населението, а римокатолиците уште една петтина од населението. CCAP е најголемата протестантска деноминација во Малави со 1,3 милиони членови. Постојат помали пресвитеријански деноминации како Реформираната пресвитеријанска црква на Малави и Евангелистичката пресвитеријанска црква на Малави. Исто така, има помал број англиканци, Баптисти, Јеховини сведоци (приближно 89.000), Евангелисти, Адвентисти на седмиот ден и лутеранци итн.[4] Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни имала нешто над 2.000 членови во земјата на крајот на 2015 година.[5].
Ислам
[уреди | уреди извор]Исламот е втора по големина религија во Малави по христијанството. Речиси сите муслимани во Малави се придржуваат кон сунитскиот ислам, или од редовите Кадрија и Ахмадија[6][7]. Иако е тешко да се процени[8], според CIA Factbook, во 2008 година околу 12,8% од населението во земјата било муслиманско[9], но така ниската бројка е одбиена од страна на муслиманските организации во земјата[10] кои тврдат дека муслиманите се околу 30-35%[11]. Според Муслиманското население во земјата главно е сконцентрирано во јужниот регион на земјата[2].
Бахајство
[уреди | уреди извор]Бахајството во земјата пристигнало пред Малави да прогласи независност. Пред Првата светска војна, територијата на денешна Малави била дел од Нисасленд, а потоа Абдул Баха, тогашниот водач на религијата, побарал од следбениците на верата да патуваат во регионите на Африка.[12]. Како дел од големиот пораст на религијата во Потсахарска Африка[13], религијата била воведена во овој регион кога раноафриканските верници патувале од Тангањика во 1952 година[14], а во 1953 година следеле и верниците од Иран[15]. Движењето истата година било познато како Федерација на Родезија и Нисасленд. Во текот на една деценија се одржале пет собранија на бахајските верници[16]. Во 1970-тите години во земјата постоеле 12 локални собранија и едно национално духовно собрание. Во 2003 година се проценува дека во земјата живееле околу 15.000 верници[15], додека Светската христијанска енциклопедија од 2001 година го проценила членството на 24.500[17], а во 2005 година нивната проценка била околу 36.000 верници.[18].
Останати
[уреди | уреди извор]Други религиозни групи во земјата вклучуваат Растафаријци, Хиндуси и околу 300 евреи[19]. Атеистите сочинуваат околу 4% од населението, иако овој број може да вклучува луѓе кои практикуваат традиционални африкански религии[20].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Malawi Religion Project (MRP) | Malawi Longitudinal Study of Families and Health (MLSFH)“. Malawi.pop.upenn.edu. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 31 December 2013.
- ↑ 2,0 2,1 HANS-PETER KOHLER. „Cohort Profile: The Malawi Longitudinal Study of Families and Health (MLSFH)“. Repository.upenn.edu. Посетено на 2016-02-09.
- ↑ „The World Factbook“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 31 December 2013.
- ↑ „Lutheran Church of Central Africa.—Malawi“. Confessional Evangelical Lutheran Conference. Архивирано од изворникот на 2017-01-11. Посетено на 2017-06-25.
- ↑ „LDS Statistics and Church Facts – Total Church Membership“.
- ↑ Richard Carver. Where Silence Rules: The Suppression of Dissent in Malawi. стр. 59. Посетено на June 7, 2014.
- ↑ Klaus Fiedler (2015). Conflicted Power in Malawian Christianity: Essays Missionary and Evangelical from Malawi (illustrated. изд.). Mzuni Press. стр. 180–1. ISBN 9789990802498.
- ↑ Arne S. Steinforth (2009). Troubled Minds: On the Cultural Construction of Mental Disorder and Normality in Southern Malawi. Peter Lang. стр. 79. ISBN 9783631587171.
- ↑ „CIA statistics“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2017-06-25.
- ↑ Owen J. M. Kalinga (2012). Historical Dictionary of Malawi (revised. изд.). Rowman & Littlefield. стр. 202. ISBN 9780810859616.
- ↑ Klaus Fiedler (2015). Conflicted Power in Malawian Christianity: Essays Missionary and Evangelical from Malawi (illustrated. изд.). Mzuni Press. стр. 213. ISBN 9789990802498.
- ↑ `Abdu'l-Bahá (1991) [1916-17]. Tablets of the Divine Plan (Paperback. изд.). Wilmette, Illinois, USA: Bahá'í Publishing Trust. стр. 40–2, 57 86. ISBN 0-87743-233-3.
- ↑ „Overview Of World Religions“. General Essay on the Religions of Sub-Saharan Africa. Division of Religion and Philosophy, University of Cumbria. Архивирано од изворникот на 2007-12-09. Посетено на 2008-04-16.
- ↑ „International News; Africa; Two New Territories Opened“. Bahá'í News (259): 4. September 1952.
- ↑ 15,0 15,1 Bahá'í International Community (2003-07-09). „Dramatic stories thrill Malawi golden jubilee“. Bahá'í World News Service.
- ↑ Compiled by Hands of the Cause Residing in the Holy Land. „The Bahá'í Faith: 1844-1963: Information Statistical and Comparative, Including the Achievements of the Ten Year International Bahá'í Teaching & Consolidation Plan 1953-1963“. стр. 19–20, 52. Архивирано од изворникот на 2013-10-23. Посетено на 2017-06-25.
- ↑ „Bahai Faith, continued...“. Adherents.com. Adherents.com. 2008. Архивирано од изворникот на 2009-05-22. Посетено на 2008-11-12.
- ↑ „Most Baha'i Nations (2005)“. QuickLists > Compare Nations > Religions >. The Association of Religion Data Archives. 2005. Архивирано од изворникот на 2010-04-14. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ Joshua Project. „Jews in Malawi“. Joshuaproject.net. Посетено на 19 April 2013.
- ↑ „Malawi“. International Religious Freedom Report 2007. U.S. Department of State. 14 September 2007. Посетено на 18 December 2008.
|