Прејди на содржината

Шехзаде Џем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шехзаде Џем
Султан на Анадолија
На престол28 мај 1481 − 20 јуни 1481
2nd Вали ахад
На престол1474 - 1481
Управител на Караманија
На престол1474 - 1481
Управител на Кастамон
На престол1469 - 1474
Роден(а)22 декември 1459, Одрин, Отоманско Царство
Починал(а)25 февруари 1495
Капуа, Неаполско кралство
Почивалиште
Бурса
СопружникЕлена Марија де Конти)
ДецаШехзаде Абдулах
Шехзаде Огуз Кан
Сехзаде Пири Мухамед
Ајше
ДинастијаОсманлиска династија
ТаткоМехмед II
МајкаПринцеза Елена Палеолог
Вероисповедислам

Шехзаде Џем или принц Џем (22 декември 1459, Одрин - 25 февруари 1495 во Капуа) бил средновековен благородник од отоманско потекло, втор син на Мехмед Освојувачот. Џем станал претендент за престолот на Османлиското Царство во 15 век, кога го оспорил престолот на неговиот поголем брат Бајазит II. Конфликтот довел до кратка граѓанска војна во која Џем бил поразен и принуден да побегне во Западна Европа.

Конфликт со Бајазид

[уреди | уреди извор]

Џем бил втор по големина син на султанот Мехмед II и една од неговите жени. Пораснал во харемот на освоениот Цариград и според традициите бил испратен како гувернер на Караманија и Конија каде дознал за ненадејната смрт на неговиот татко. Од друга страна Бајазит бил управител на Сивас, Токат и Амасија.

Спротивно на исламскиот закон, кој забранува непотребно одложување на погребот, телото на Мехмед II било пренесено во Цариград, каде што лежело три дена. Неговиот голема везир Караманли Мехмед-паша верувајќи дека самиот ќе ги исполни желбите на неодамна починатиот султан, се обидел да организира ситуација каде што помладиот син Џем, кој се наоѓал во Конија и кој бил поблиску од седиштето на неговиот брат Бајазит во Амасија, да пристигне прв во престолнината. Џем за престолот се повикал според византиската или римската традиција. Според неа по падот на Цариград во 1453 година наследството треба да го преземе единствениот син кој е роден откако неговиот татко бил преогласен за султан. Бајазит е роден во 1448 година, во времето кога Мехмед II бил отстранет од власта од неговиот татко, а првиот син кој се родил по неговото враќање бил самиот Џем.

И покрај обидите на Караманли Мехмед-паша во тајност да ја задржи смртта на султанот, планот бил откриен од страна на јаничарскиот корпус, кој го поддржал Бајазит II. Како резултат на тоа, јаничарскиот корпус влегол во градот и го погубил на големикот везир. По неговата смрт започнале нереди меѓу јаничарите, а од друга страна овие бунтови немал кој да ги контролира. Разбирајќи ја опасноста, везирот Исак-паша презел иницијатива за брзо преместување на Бајазит во престолнината. Синот на Бајазит, шехзаде Коркут кој имал 11 години, го поставил за регент до пристигнувањето на Бајазит[1].

Принцот Бајазит пристигнал во Цариград на 21 мај и бил прогласен за султан. Џем бил поддржан од спахиите кои сакале продолжување на експанзијата и зголемување на своето влијание. Охрабрен, 22-годишниот Џем одлучил да се спротивстави на својот брат Бајазит кој бил качен на престолот. Така Џем го окупирал Инегол со сила од 4,000 војници. Султанот Бајазит ја испратил својата војска под команда на везирот Ајас-паша да го убие неговиот брат. На 28 мај Џем ја поразил војската на Бајазит и се прогласил за султан на Анадолија, а градот Бурса го прогласил за своја престолнина. Од Бурса тој предложил поделба на империјата на два дела, оставајќи му ја на Бајазит само Румелија. Бајазит жестоко го отфрлил предлогот и тргнал во поход. Решавачката битка се случила во близима ма Јенишехир каде Џем бил поразен, но тој успеал да побегне во Каиро.

Во Каиро, Џедм добил писмо од својот брат нудејќи му пари доколку се откаже од престолот. Тој ја одбил оваа понуда и во наредната година започнал кампања во Анадолија. На 27 мај 1482 година го опседнал градот Конија но наскоро бил принуден да се повлече во Анкара. Тој имал намера да се повлече но увидел дека патот кон источна Анадолија е затворен од силите на неговиот брат. Така Џем и неговите служители побарале заштита од шпанскиот управител на Бодрум, Пјер Де Авбусон, Големиот мајстор на Малтешкиот ред, а по ова тој бил префрлен на Родос. Во замена за отфрлање на новиот султан Бајазит, принцот Џем понудил вечен мир меѓу османлискиот и католичкиот свет. Сепак, султанот платил голема сума на пари за да се задржи Џем во заробеништво. Витезите ги зеле парите и Џем станал добро третиран затвореник. По ова тој бил испратен во Франција, а Бајазит испратил гласник и побарал тој да се чува таму покривајќи ги трошоците за неговиот брат.

Во март 1489 година бил префрлен во Рим кај папа Инокентиј VIII, кој сакал да го искористи Џем за започнување на нова крстоносна војна[2]. Папата исто така се обидел да го преобрати Џем во христијанството, но без успех. Присуство на Џем во Рим било корисно бидејќи секогаш кога Бајазит имал намера да започне воен поход против христијанските народи на Балканот, папата се заканувал да го ослободи. Во замена за одржување на притвор на Џем, Бајазит платил 120.000 круни, реликва од Светото копје, стотина робови и годишен надоместок од 45,000 дукати.[3]

Џем починал во Капуа на 25 февруари 1495 година, за време на воена експедиција во Неапол под команда на кралот Шарл VIII. Султанот Бајазит прогласил жалост три дена.По неколку години неговото тело било однесено во Бурса.

  1. Finkel, 2006, pp. 81–82.
  2. Finkel, 2006, p. 87.
  3. Duffy, 2006, p. 196.