Ќопрулу Мехмед-паша
Мехмед паша | |
---|---|
Голем везир на Османлиското Царство | |
На должноста 15 септември 1656[1] – 31 октомври 1661 | |
Монарх | Мехмед IV |
Претходник | Бојнујарали Мехмед-паша |
Наследник | "опрулу Фазил Ахмед-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1575 Рошник, Отоманска Албанија |
Починал(а) | 31 октомври 1661 Одрин, Отоманско Царство |
Националност | Отоман |
Роднини | Ќопрулу Фазил Ахмед-паша (син) Ќопрулу Фазил Мустафа-паша (син) |
Вероисповед | ислам |
Потекло | Албанец[2][3][4] |
Фамилија | Ќопруловци |
Ќопрулу Мехмед-паша (1575 - 31 октомври 1661 во Одрин) — основач на албанското политичко семејство Ќопруловци во рамките на Османлиското Царство чии потомци биле на високи функции во државата како големи везири, команданти и административни работници во ерата позната како Ќопрулски период. Мехмед-паша ја обновил моќта на империјата преку искоренување на корупцијата и реорганизирање на армијата.
Денешниот град Велес во Македонија во времето на Османлиите го носел името Ќопрулу каде е роден најстариот син на Мехмед, Фазил Ахмед[5].
Ран живот
[уреди | уреди извор]Мехмед потекнувал од христијанско семејство и како мал бил земен како девширме во османлискиот двор.[1] Тој најпрвин бил кувар за да подоцна стане спахија (коњаница) и префрлен во селото Ќопру во Анадолија.
Кариера
[уреди | уреди извор]Во текот на почетните години Мехмед напредувал бргу станувајќи полициски шеф во Цариград, шеф на спахиите[2], паша, бејлербег на Трабзон во 1644 година[2], Егри, Караман, Анадолија. Во дворецот станал многу близок со мајката на малолетниот султан, Косем султан. Во 1656 година ситуацијата во империјата била на критично ниво главно поради војната на Крит и поразот на морнарицата кај Дарданелите каде престолнината била блокирана и немало можност да се прати дополнително засилување на Крит. Во текот на овој период била откриена намерата за симнување од престолот на султанот Мехмед IV од везирите по кое неколку учесници во заговорот биле погубени.[2], а мајката на султанот Турхан Хатиџе султан по големи консултации го постабил Мехмед за голем везир.
Голем везир
[уреди | уреди извор]Ќопрулу како услов за да го прифати предизвикот бил указ од султанот кој ќе му овозможи тој да има можност да решава околу новите назначувања или отпуштања на функционерите, на кое султанот се согласил[2]. Во времето кога ја презел функцијата имал 80 години. Како прва задача му била да го советува султанот Мехмед IV да направи свое патување низ Балканот и да ја посети поранешната престолнина Одрин. На овој начин била сопрена неговата директна политичка инволвираност во управувањето на државата.
На 4 јануари 1657, спахиите кренале востание кое било задушено од големиот везир и јаничарскиот корпус. Во следниот период голем дел од корумпираните функционери биле погубени а оние кои не се справувале со своите задачи биле сериозно казнети. Кога неговите конкуренти се пожалиле кај султанот за неговите методи на владеење Мехмед поднел оставка велејќи дека султанот го прекршил декретот кој претходно го издал, но султанот ја одбил оваа оставка и го повикал повторно да се врати.
Во следниот период Ќопрулу Мехмед-паша имал голема улога во победата на Османлиите кај Дарданелите и повторното обезбедување на директна врска на престолнината со Крит. Во Анадолија учествувал во задушувањето на востанието на Абаза Хасан-паша. Во 1658 година спровел успешна кампања во Трансилванија и ја потврдил земјата како османлиска територија. Во јули 1660 година во Истанбул избувнал голем пожар во кој биле оштетени голем дел од објектите и довело до појава на чума и недостиг на храна. Престолнината започнала да се реконструира под негово раководство. Во 1661 година Ќопрулу се разболел и кога дошол султанот во посета успеал да го наговори за свој наследник да го назначи неговиот син Ќопрулу Фазил Ахмед-паша.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Gabor Agoston, Bruce Alan Masters. Encyclopedia of the Ottoman Empire. Посетено на 22 September 2012.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Alexander Mikaberidze. Conflict and Conquest in the Islamic World. Посетено на 22 September 2012.
- ↑ CATHAL J. NOLAN. Wars of the Age of Louis XIV, 1650-1715: An Encyclopedia of Global Warfare. Посетено на 22 September 2012.
- ↑ John Keegan. Who's Who in Military History: From 1453 to the Present Day. Посетено на 22 September 2012.
- ↑ Rahmi Tekin, Osmanli Atlasi, Istanbul 2003
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Бојнујарали Мехмед-паша |
Голем везир на Османлиското Царство 15 септември 1656 – 31 октомври 1661 |
Наследник Ќопрулу Фазил Ахмед-паша |
|