Прејди на содржината

Алејдин-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алејдин
паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
1320–1331
Монарх Осман I, Орхан I
Претходник функцијата е создадена
Наследник Низамудин Ахмед-паша
Лични податоци
Роден(а) Џендере, Турција
Вероисповед ислам
Прв Голем везир на Отоманското Царство

Алејдин-паша — прв голем везир на Отоманското Царство. Неговото татково име било Кемалетин, така што често бил нарекуван Хаџи Кемалетин-оглу Алејдин-паша или Алејдин-бин Хаџи Кемалетин, со значење „син на Хаџи Кемалетин“. Тој најверојатно бил од градот Џендере, откаде што исто така потекнувало познатото семејство Чандарли.[1] Алејдин Паша бил факих (стручњак по исламско право). Бил назначен за везир за време на последните години од владеењето на Осман I (најверојатно во 1320), а продолжил да ја извршува функцијата и за време на владеењето на Орхан I. Со оглед на тоа то имало само еден везир во диванот за време на раните години од постоењето на Отоманскиот бејлик, неговата титулавсушност не била „Голем везир“, иако неговата функција била еднаква на онаа на подоцнежните Големи везири. Поради тоа, тој е познат како првиот Голем везир на Отоманското Царство.

Алејдин-паша ја основал првата постојана војска на отоманскиот султан, којашто подоцна прераснала во јаничарска војска. Новите припадници на војската носеле бели капи, што е различно од црвените капи на туркменските војници претходно. Алејдиновата служба како Голем везир завршила пред 1333 година.[2]

Интересно

[уреди | уреди извор]

Некои извори тврдат дека Алејдин-паша бил брат на султанот Орхан I.[3] Иако, Орхан имал брат со името „Алејдин-паша“, братот Алејдин и везирот Алејдин не се верува дека биле иста личност.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt II, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 310
  2. 2,0 2,1 Halil İnalcık:Kuruluş Dönemi OsmanlI Sultanları, İstanbul, ISAM, ISBN 978-605-5586-06-5 p.24, 71-72
  3. Lord Kinross:Ottoman centuries (translated by Meral Gaspıralı), İstanbul, Altın Kitaplar, p. 26, ISBN 978-975-21-0955-1.
Политички функции
Претходник
нова функција
Голем везир
1320-1331
Наследник
Низамудин Ахмед-паша