Прејди на содржината

Сари Сулејман-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сари
Сулејман
паша
Мохачка битка
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
18 ноември 1685 – 18 септември 1687
Монарх Мехмед IV
Претходник Бајбуртлу Кара Ибрахим-паша
Наследник Абаза Сијавуш-паша
Лични податоци
Роден(а) Босна, Османлиско Царство
Починал(а) 14 октомври 1687
Цариград
Националност Ottoman
Вероисповед ислам
Origins Босанско
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство
Род Османлиска армија
Чин командир
Битки/војни Голема турска војна

Сари Сулејман-паша (починал на 14 октомври 1687 бил отомански државник од босанско потекло[1] и голем везир во периодот од 1685 до 1687 година[2]. По поразот на Османлиите во Мохачката битка, Сулејман бил погубен.

Кога бил назначен за голем везир, тој веднаш започнал да пишува очајни писма до кримските власти и паши за испраќање на дополнителна војска кон Унгарија по поразот кај Виена. Тој направил неколку обиди да ја пробие блокадата на Будим од христијанските сојузници но истата не успеала па градот паднал. По овој пораз неговите сили биле во близина на Мохач каде уште еднаш биле поразени. По овој пораз турската армија започнала бунт против везирот, а тој плашејќи се за неговиот живот побегнал најпрвин во Белград а потоа во Истанбул. На почетокот од септември 1687 година во Истанбул пристигнале лошите вести за поразот во Унгарија по кое Сулејман бил уапсен и погубен. По два месеци како резултат по поразот во Мохачката битка од престолот бил соборен и самиот султан Мехмед IV а за нов султан бил поставен Сулејман II.

  1. Uzunçarşılı 1954, p. 424
  2. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971[се бара страница]
  • Ismail Hakkı Uzunçarşılı, Enver Ziya Karal (1954). Osmanlı tarihi: cilt. Uzunçarşılı, İ.H. 1. kısım. II. Selim'in tahta çıkışından 1699 Karlofça andlaşmasına kadar (1973) 2. kısım. XVI. yüzyıl ortalarından XVII. yüzyıl sonuna kadar (1954). Türk Tarih Kurumu Basımevi.
Политички функции
Претходник
Бајбуртлу Кара Ибрахим-паша
Голем везир на Отоманското Царство
18 ноември 1685 – 18 септември 1687
Наследник
Абаза Сијавуш-паша