Бозоклу Мустафа-паша
Бозоклу Мустафа Паша | |
---|---|
Голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 27 март 1693 – 13 март 1694 | |
Монарх | Ахмед II |
Претходник | Чалик Али-паша |
Наследник | Сумерли Али-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1638 Јозгат, Отоманско Царство |
Починал(а) | Декември 1698 (на 59–60 г.) Едрене, Отоманско Царство |
Националност | Отоманец |
Воена служба | |
Припадност | Османлиско Царство |
Род | Османлиска војска Османлиска морнарица |
Чин | Капудан-паша (1680–84) Командант (1684–90) |
Битки/војни | Голема турска војна |
Бозоклу Мустафа-паша (1638 – декември 1698) — отомански државник кој бил голем везир од 1693 до 1694 година. Неговиот епитет Бозоклу значи „од Бозок“ (денес Јозгат, Турција).[1]
Почетоци
[уреди | уреди извор]Мустафа бил бироктат во Отоманското Царство. Тој бил назначен за капудан-паша (голем адмирал) а подоцна и за командант на Полскиот фронт за време на Големата турска војна. Во соработка со Кримскиот хан Селим I Гирај, успеал да ја одбрани важната тврдина во Камјањец-Подиљски, (денес во Украина) од полските напади. Во 1690 година, тој бил назначен за управник на Дамаск (денес Сирија) и Триполи (денес Либан). На 27 март 1693 година, го наследил Чалик Али-паша како голем везир.[2]
Како голем везир
[уреди | уреди извор]Трансилванија (област во денешна западна Романија; турски: Erdel) била под владение на Австрија, и во летото 1693 година, Мустафа-шаѓа бил во поход да ја освои. Но, австријците поставиле опсада на Белград (денес Србија) на југот од неговиот поход, по што бил приморан да се врати и да го брани Белград. Австријците биле приморани да ја отстранат опсадата. Мустафа-паша ја поравил тврдината и се вратил во главниот град Истанбул. Сепак, бидејќи фронтот бил близу, австријците биле спремни да продолжат со нападите. Мустафа-паша, сепак, бил незаинтересиран за претстојните австриски напади, повеќе се интересирал за ловот и припремата за следниот поход, па така султанот Ахмед II го разрешил на 13 март 1694 година по една година како голем везир.
Смрт
[уреди | уреди извор]Следната служба на Мустафа-паша била управник на Триполи. Во мај 1698 година, тој бил повикан во Истанбл да биде привремен голем везир и да присуствува на воениот фронт. Но кус период подоцна, Мустафа-паша починал во декември 1698 година.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971
- ↑ Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009, ISBN 978-975-254-278-5 p.144
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Чалик Али-паша |
Голем везир 27 март 1693 – 13 март 1694 |
Наследник Сурмели Али-паша |