Шехзаде Халил
Шехзаде Халил | ||
Роден | околу 1346 Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1361 Отоманско Царство | |
Занимање | османлиски принц | |
Татко | Орхан I | |
Мајка | Теодора Кантакузина |
Шехзаде Халил — најмалиот син на вториот османлиски султан Орхан I. Во историските извори се јавува во времето кога бил киднапиран од страна на Византија.
Халил најверојатно е роден во 1346 година, како син на Орхан и Теодора Марија Кантакузина, ќерка на византискиот цар Јован VI Кантакузин. Во средината на 14 век, пиратството по должината на Егејско Море и Мраморно Море било широко распространето. Пиратите обично киднапирале луѓе за откуп. Во 1357 година Халил бил киднапиран во близина на Измит или античка Никомедија. Не е познато дали пиратите знаеле за идентитетот на принцот но кога дознале тие побегнале кон Фокеја која била византиска тврдина и неодамна била под власта на Џенова. Кога разбрал за ова Орхан I, тој се обратил до византискиот цар Андроник IV Палеолог и му понудил дека доколку го ослободи тој ќе се откаже од неговата помош на Кантакузин. Во тоа се согласил византискиот цар но не добил одобрение од џеновскиот управител Лео па поради ова следната 1358 година Андроник IV започнал опсада на Фокеја чии трошоци биле целосно покриени од страна на Орхан[1]. Во оваа акција бил повикан и владетелелот на Сарухан но барањето било одбиено. По неколку дена опсадата пропаднала, па во 1358 година Орхан заминал во Скутари или денешен Усќудар во Истанбул на преговори. Тој се согласил да плати 30.000 дукати за откуп на неговиот син. Следната 1359 година Халил бил ослободен.
Како дел од договорот, Халил бил оженето со Ирина, десетгодишната ќерка на Јован[2]. Царот го придружил османлискиот принц до Измит и го предал на Орхан со молба тој да го објави на Халил за престолонаследник со цел да осигури мир меѓу двете земји. Но по смртта на Орхан за нов бег бил поставен Мурат. Во следните години иако Халил се обидел да се бори со својот брат за престолот, тој бил погубен во 1361 или 1362 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Halil İnalcık: Kuruluş Dönemi Osmanlı Sultanları, İsam, İstanbul, 2010, ISBN 978-605-55-8606-5 pp. 66-69
- ↑ Nicolae Jorga: Geschiste des Osmanichen Reiches vol I, (trans: Nilüfer Epçeli) Yeditepe Yayınları, 2009, ISBN 975-6480-18-1, p. 196
|
|