Прејди на содржината

Отоманска поезија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Поезијата во Отоманската империја, или османлиската диванска поезија, е не многу препознатлива поезија надвор од рамките на модерна Турција, која го формира јадрото на некогашното Отоманско Царство.Таа е богата,античка,поетска традиција која траела околу 700 години и чие влијание сè уште може да се почувствува во современата турска поетска традиција.  

Дури и во модерна Турција, османлиската диванска поезија е високо специјалистичка тема. Голем дел од ова зборува за тоа дека диванската поезија е напишана на османски турски јазик и била пишувана во варијанти земени од арапското писмо.Со што,широко се користат арапски и персиски зборови во ваквиот поетски вокабулар, што го прави јазикот доста различен од современиот турски јазик. Во тоа време, познавањето на оваа форма на литературен турски јазик во голем размер било ограничено на образованите класи.

Историја

[уреди | уреди извор]

Османлиската диванска поетска традиција го прифатила влијанието на персиските и, во помала мера, на арапските литератури. Уште во предотоманскиот период на Селџуците, во периодот од крајот на 11 до раниот 14 век н.е., веќе се чувствувало влијание: Селџуците својата деловна, службена активност ја вршеле на персиски јазик, наместо на турски и поезијата на Селџуците била прилично наклонета кон персискиот јазик.

Кога Отоманското Царство почнало да расте во северозападна Анадолија, се продолжила оваа традиција. Најчестите поетски форми на османлискиот суд, на пример, потекнувале или пак директно биле изведени од персиската книжевна традиција (газел ; месневи), или индиректно преку персиски од арапски (касиде). Сепак, одлуката за усвојување на овие поетски форми на големо довела до две важни понатамошни последици:[1]

  • усвојување на поетските метри (поезија -персиски: бехер (арапски: بَحْر); турски: аруз (арапски: عَرُوض) од арапската поезија.
  • Голем број од зборовите основани од персиски и арапски јазик биле внесени во турскиот јазик, бидејќи турските зборови ретко функционирале добро во системот на арапскиот поетски метар.

Со овој склоп на избори, на делотворен начин се родил отоманскиот турски јазик - јазик кој всушност секогаш бил многу по различен од стандардниот турски јазик. Овој стил на пишување под персиско и арапско влијание станал познат како „диванска литература“ (турски divân edebiyatı ,од каде divân е отомански турски збор што се однесувал на собраните дела на еден поет).

Почнувајќи од периодот на танзиматските реформи (1839–1876г.) до распаѓањето на империјата во почетокот на 20 век во Османлиската историја, диванската поетска традиција постепено опаѓа.Со ова, сè повеќе и повеќе влијание врз поезијата и поетската традиција извршува турската народна книжевност и европската литература.

  1. Tanpınar, 2–3