Песна на Италијанците
макед. Песната на Италијанците | |
---|---|
Текст и ноти на химната | |
национална химна на Италија | |
Друг наслов | Inno di Mameli (Химната на Мамели) или Fratelli d'Italia (Италијански браќа) |
Текст | Гофредо Мамели, 1847 г. |
Музика | Микеле Новаро, 1847 г. |
Усвоена | 12 октомври 1946 г. (неофицијално) 17 ноември 2005 г. (официјално) |
Звучен извадок | |
инструментална верзија на италијанската химна | |
Песната на Италијанците (итал. Il Canto degli Italiani), позната и како Италијански браќа (итал. Fratelli d'Italia) и Химната на Мамели (итал. Inno di Mameli) е државна химна на Италија.[1]
Стиховите ги напишал Гофредо Мамели во 1847 година во Џенова, обидувајќи се да создаде патриотска песна за сите Италијанци кои тежнееле кон обединување. По нешто повеќе од два месеци музиката за текстот на Мамели ја напишал Микеле Новаро.
Меѓутоа, поминал долг период пред “Химната на Мамели“, како што била наречена според авторот, да стане химна на Италија. Во периодот од создавањето на италијанската држава, па сè до доаѓањето на фашистите на власт, официјална химна на Италија била дотогашната химна на Савојската династија, “Кралски марш“ (Marcia Reale), на која со доаѓањето на Бенито Мусолини на власт и била додадена и фашистичката химна “Младинска“ (Giovinezza).
Конечно, по создавањето на Република Италија, на 12 октомври 1946 година, “Песната на Италијанците“ (Il Canto degli Italiani) станала официјална химна на Италија.
Текст
[уреди | уреди извор]
Fratelli d'Italia
Noi siamo da secoli
Uniamoci, amiamoci
Dall'Alpi a Sicilia
Son giunchi che piegano
|
Италијанци браќа,
Со векови бевме
Да се обединиме во љубов со ближниот;
Од Алпите до Сицијлија,
Платеничките сабји
|
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на италијанската влада Архивирано на 14 мај 2011 г.
- From Quirinale, residence of the Head of State, lyrics and music
- MP3 податотека - инструментал Архивирано на 6 септември 2005 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|