Прејди на содржината

Германија

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сојузна Република Германија
Bundesrepublik Deutschland
Знаме Грб
Химна

Третата строфа од Das Lied der Deutschen  
Песната на Германците

Местоположбата на  Германија  (темнозелена) – на Европскиот континент  (зелена и темнозелена) – во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Германија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темнозелена)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Германија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темнозелена)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Берлин
52°31′N 13°23′E / 52.517° СГШ; 13.383° ИГД / 52.517; 13.383
Службен јазик германски[1]
Народности (2024)
Демоним Германци

(Германец/Германка)

Уредување Сојузна парламентарна уставна република
 •  Претседател Франк-Валтер Штајнмаер
 •  Канцелар Олаф Шолц
Создавање
 •  Свето Римско Царство 2 февруари 962 
 •  Обединување 18 јануари 1871 
 •  Сојузна република 23 мај 1949 
 •  Реобединување 3 октомври 1990 
пристапила во ЕУ 25 март 1957
Површина
 •  Вкупна 357,021 км2 (63та)
 •  Вода (%) 2.416
Население
 •  проценка за 2024 г. 93,059,447[1] (17та)
 •  Густина 239 жит/км2 (58ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2023 г.
 •  Вкупен $5.537 трилиони[2] (5та)
 •  По жител $66,037[2] (19та)
БДП (номинален) проценка за 2023 г.
 •  Вкупно $4.462 трилиони[2] (3та)
 •  По жител $52,823[2] (19та)
Џиниев коеф. (2023)positive decrease 28.8[3]
низок
ИЧР (2024) 0.958[4]
многу висок · 6та
Валута Евро ()[2] (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .de [3]
Повик. бр. +49
1. ^ Дански, долногермански, лужички, ромски и фризиски се официјално признаени и заштитени како малцинско од ECRML.
2. ^ Пред 2002: германска марка (DEM).
3. ^ Исто така, .eu, го дели со земјите-членки на Европската Унија.

Германија, службено Сојузна Република Германија (германски: Bundesrepublik Deutschland)[5]сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин. Германија покрива површина од 357.021 км2 и главно има умерена сезонска клима. таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки предводник во многу полиња.

Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од X век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство.[6] Во текот на XVI век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно римокатолички, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество.[7] Окупирана за време на Наполеоновите војни, се случил подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било предводено од Прусија. По Ноемвриската револуција од 1918-1919 г., а потоа и военото предавање во Првата светска војна, царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета.

Германија била еден од основачите на Европската заедница во 1957, која станала Европска Унија во 1993. Таа е дел од Шенгенската зона и од 1999 членка на еврозоната. Германија е членка на Обединетите нации, НАТО, Г8, Г20, ОЕЦД и Советот на Европа и моментално е непостојана земја членка во Советот за безбедност на ОН со мандат за 2011-2012.

Таа е четврта најголема економија во светот по номинален БДП и петта најголема по паритетот на куповна моќ. Воедно, таа е втор најголем извозник и трет најголем увозник на добра. Има развиено многу висок стандард на живот и сеопфатен систем на социјална заштита. Германија е дом на многу влијателни научници и пронаоѓачи и позната е по нејзината културна и политичка историја.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Англискиот збор Germany потекнува од латинското Магна Германија, кој стапил во употреба откако Гај Јулиј Цезар го прифатил овој назив за луѓето источно од Рајна.[8] Во другите јазици има различни имиња.

Германскиот збор Deutschland (првично diutisciu land, „германска земја“) потекнува од deutsch, наследено од старогорногерманското diutisc „популарен“ (односно, кои припаѓаат на diot или diota „луѓе“; првично користено за разликување на јазикот на обичните луѓе од латинскиот и римските наследници).

Историја

[уреди | уреди извор]

Германски племиња

[уреди | уреди извор]
Германи
Карта на Древна Германија и Римското Царство

Се смета дека појавувањето на германските племиња како етнос се случило во времето на бронзената доба или најдоцна во времето на железната доба. Германските племиња потекнуваат од јужна Скандинавија и Северна Германија, кои започнале со своето населување кон југ, исток и запад во I век п.н.е.. Тие влегле во контакт со келтските племиња во Галија како и со персиските, балтичките и словенските во Источна Европа.[9] Со водство на Октавијан Август, римскиот генерал Публиј Квинтилиј Варус започнал да ја освојува Германија (област која се протегала од Рајна до Урал). Во 9 година од нашата ера, три римски легии предводени од Варус биле поразени од водачот на Херуските, Арминиј. До 100 година од нашата ера, кога Такит ја напишал Германија, германските племиња се населиле долж Рајна и Дунав, зафаќајќи го поголемиот дел од денешна Германија; меѓутоа, Австрија, јужна Баварија и западната Рајнска област биле римски провинции.[10]

Во III век, се појавиле голем број на западногермански племиња: Алемани, Франки, Хати, Саксонци, Фризи, Сикамбри и Туринги. Околу 260, Германите влегле во земјите контролирани од Римјаните.[11] По инвазијата на Хуните во 375 и со пропаѓањето на Рим од 395, германски племиња се поместиле кон југозапад. Истовремено, неколку големи племиња ја формирале Германија и раселиле неколку помали германски племиња. Големи области (познати од периодот на Меровинзите како Австразија) биле окупирани од Франките, а Северна Германија била управувана од Саксонците и Словени.[10]

Империја на Франките

[уреди | уреди извор]

По пропаѓањето на Западното Римско Царство, Франките создале своја империја под раководство на Меровинзите, потчинувајќи ги другите германски племиња. Швабија во рамките на Царството на Франките станала грофовство во 496 година по Битката кај Болбијак. Кралот Кловис I веќе го имал зеземено поголемиот дел од територијата на денешна Германија и покренал нови походи кон Саксонија, додека југоисточниот дел од денешна Германија останал под власта на Остроготите. Во 531 година, Саксонците и Франките го зазеле кралството Тирингија. Саксонското население се населило во областа Унштрут. Во времето на разделувањето на Франкиската Империја, нивните германски територии биле дел од Австрија. Во 718 година, Карл Мартел започнал воени дејствија против Саксонија, поради фактот што таа му ја откажала својата помош за Неустрија. Во 751 година, Пипин III ја примил титулата крал, а самата титула му била дадена од страна на црквата.

Свето Римско Царство

[уреди | уреди извор]
Мартин Лутер ја иницирал протестантската реформација.

Син на Пипин III e Карло Велики (768-814), најпознатиот и најмоќниот крал на Франките. Во текот на своето владеење, тој водел војни со Саксонците (772-804), Лангобардите (774), Словените (789-812), Баварците (788) и Аварите (791-802). Пред неговата смрт, Франкиската држава се простирала од Атлантскиот Океан и Ламанш до Рим, Елба и Панонија. Островот Бретан останал под власта на Галите. На југ, неговата држава се простирала до Шпанија и на исток до Картинија, Австрија, Данска и Чешка.[12] Државата била разделена на 230 мали административни единични грофовства. Со грофовствата управувале грофови, кои имале правни и административни функции. Еден од најголемите успеси на Карло Велики е крунисувањето за царот од страна на папата Лав III на 25 декември 800 година.[12] Византија, која се наоѓала од другата страна на Европа ја признала оваа титула на Карло Велики.

Во 1033 година, Светото Римско Царство го уништило кралството Бургунди ставајќи го под нејзина контрола во времето на Конрад II. За време на управувањето на неговиот син, Хенри III, Светото Римско Царство ја поддржила клунијачката реформа на црквата, забраната на Симонијата и безбрачноста на свештениците. Во ова време, империјата била под власта на папата во позадина.

Следувал конфликтот помеѓу Анри IV и папата Григориј VII. Папата сакал да си ја врати својата раководна улога во Западна Европа и германскиот цар да му стане вазал. Хенри IV попаднал во тешка положба и бил принуден да отиде кај Григориј VII, за да бара помилување. Царот отишол во седиштето на папата во Каноса. Бил принуден неколку денови да го чека папата гладен и необлечен. По неколку денови папата го примил и му простил. Со оваа победа над царот, папата во Западна Европа уште повеќе добил можност за наложување на христијанството како и подоцната поддршка за Крстоносните војни. Во 1222 година се дошло до привремено помирување помеѓу Хенри V и папата.

Во периодот од 1212 година до 1250 година, Фридрих II создал модерна, професионално административна држава во Сицилија. Преку тоа тој ги подновил своите планови за завлдување на Италија, кое довело до создавање на нов конфликт со папството. Борбата со папата целосно ја исцрпила државата. По неговата смрт паднала и неговата династија Хоенштауфен. Следувал период на безвластие односно период во кој немало цар. Врз основа на Златната була од Римини, големиот водач на тевтонските витези Херман фон Салца и војводата Конрад I од Масовије заедно ги нападнале старите Пруси во 1226 година, за да ги покрстат во крстоносниот поход на Прусите. Тогаш витезите биле обвинети за малверзации во полската управа и образување на независната Монашка Држава на тевтонски витези. Редот ја губи својата цел кога соседната Литванија го прифаќа христијанството. Сместен во Прусија, Редот почнува походи кон своите христијански соседи, царството Полска, Големото Војводство Литванија и Република Новгород, откако целосно го асимилира Ливонискиот ред. Благодарение на своите достигнувања, редот постигнува голема градска економија, вработува голем број на европски трговци и станува морска сила на Балтичкото Море.

Во периодот од 1346 до 1378 година, Карл IV од Луксембург, крал на Чешка (Бохемија), преземал големи мерки за да ја издигне повторно царската власт. Во средината на XVI век, црната смрт ја опустошила Европа, заедно со територијата на Германија.[13] Следувало прогонувањето на Евреите на економска и религиозна основа. Многу од нив успеале да побегнат во Полска. Во времето на златниот век, во 1356 година било земено решение дека царот ќе се избира од страна на кралот на Чешка, на Рејн, грофот на Саксонија и маркгрофот на Бранденбург, како и од страна на три духовни свештеници односно бискупите на Мајнц, Трир и Келн.[14]

Од 1640 година, Бранденбург започнал да ја зголемува својата моќ под раководство на Фридрих Вилхелм. Вестфалскиот мировен договор кој бил потпишан во 1648 година дал уште поголема можност за завладување со Источна Померанија.[15] Била образувана апсолутна форма на управување. Во 1701 година, Фридрих Ванденбургски бил прогласен за крал на Прусија. Од 1713 година до 1740 година, кралот Фридрих Вилхелм I Прусија ја образувал како високо централизирана територијална држава. Во тоа време Луј XIV, крал на Франција, успеал да завладее со делови од Елзас и Лотарингија. Во 1683 година Турците Османлии за првпат доживеале пораз пред портите на Виена од страна на полската армија водена од страна на Јан III заедно со австриските војски под раководство на Карло IV. Унгарија била покорена, а Австрија станала голема светска сила.

Германски Сојуз и Германско Царство

[уреди | уреди извор]
Ото Фон Бизмарк
Основање на Германското Царство во Версај, 1871. Бизмарк е во средината во бела униформа.

По падот на Наполеон, се одржал Виенскиот конгрес во 1814 и бил основан Германскиот Сојуз (Deutscher Bund), лабава лига на 39 суверени држави. Несогласување со политиката на реставрација делумно довело до побудување на либералните движење, следени од новите мерки за репресија на австрискиот државник Метерних. Zollverein, царинска унија, да се унапреди економското единство на германските држави.[16] Националните и либералните идеали на Француската револуција добиле зголемена поддршка меѓу многу, особено млади, Германци. Во пресрет на низата револуционерни движења во Европа, од кои била формирана републиката во Франција, интелектуалците и обичните луѓе ги започнале револуциите од 1848 во германските држави. Кралот Фридрих Вилхелм IV од Прусија добил понуда за титула на цар, но со губење на моќта; тој ја отфрлил круната и предложениот устав, што довело до привремен неуспех на движењето.[17]

Конфликт меѓу прускиот крал Вилхелм I од и либералниот парламент избил за воените реформи во 1862 и кралот го назначил Ото фон Бизмарк за нов премиер на Прусија. Бизмарк успешно ја завршил војната со Данска во 1864. Пруската победа во Австриско-пруската војна од 1866 му дозволила да ја создаде Северногерманскиот Сојуз (Norddeutscher Bund) и да ја исклучи Австрија, порано водечка германска држава, од работите на сојузот. По францускиот пораз во Француско-пруската војна, Германското Царство било прогласено во 1871 во Версај, обединувајќи ги сите распрскани делови на Германија освен Австрија (Kleindeutschland, или „Мала Германија“). Со скоро две третини од нејзината територија и население, Прусија била доминантна во новата држава; од династијата Хоенцолерн бил кралот на Прусија кој владеел како цар, а Берлин станал главен град.[17] Во периодот на Gründerzeit по обединувањето на Германија, надворешната политика на Бизмарк како канцелар на Германија под власт на царот Вилхелм I ѝ ја обезбедила позицијата на Германија како голема нација во градење сојузи, изолирајќи ја Франција од дипломатијата и избегнувајќи војна. Меѓутоа, под царот Вилхелм II, Германија, како и другите европски сили, го зазела империјалистичкиот курс, што довело до напнатост во соседните земји. Како последица на Берлинската конференција во 1884, Германија барала неколку колонии вклучувајќи ја Германска Источна Африка, Германска Југозападна Африка, Того и Камерун.[18] Повеќето сојузи во кои Германија порано била вклучена не биле обновени, додека новите сојузи ја исклучувале земјата.[19]

Атентатот на австрискиот престолонаследник на 28 јуни 1914 ја предизвикал Првата светска војна. Германија, како дел од Централните сили, доживеала пораз против Сојузниците во една од најкрвавите конфликти на сите времиња. Се проценува дека два милиони германски војници умреле во Првата светска војна.[20] Ноемвриската револуција избила во ноември 1918 година и царот Вилхелм II и сите германски владејачки принцови абдицирале. Примирје ја завршило војната на 11 ноември и Германија била принудена да го потпише Версајскиот договор во јуни 1919 година. Договорот бил прифатен во Германија како понижувачко продолжување на војната и често е наведуван како влијание во подемот на нацизмот.[21]

Вајмарска Република и Третиот Рајх

[уреди | уреди извор]
Адолф Хитлер, канцелар и претседател на 1 1933–1945
1: мандатот службено го започнал од август 1934; Хитлер самиот се именувал како Führer und Reichskanzler[22]
Третиот Рајх

На почетокот на Германската револуција во ноември 1918, Германија била прогласена за република. Меѓутоа, борбата за власт продолжила, со освојувањето на власта во Баварија на радикалните комунисти. Револуцијата завршила на 11 август 1919, кога демократскиот Вајмарски устав бил потпишан од претседателот Фридрих Еберт.[23] Страдајќи од Големата депресија од 1929, суровите услови поставени со Версајскиот договор и нестабилните влади, Германците ја изгубиле идентификацијата со владата. Ова било влошени од широко распространетата десничарска Dolchstoßlegende, или митот за забивање на нож во грбот, кој тврдел дека Германија изгубила во Првата светска војна, поради оние кои сакале да ја соборат владата. Вајмарската влада била обвинета за предавство на Германија со потпишувањето на Версајскиот договор. Од 1932, Германската комунистичка партија и Нацистичката партија го контролирале мнозинството во парламентот, разгорени од незадоволството на Вајмарската влада. По серија неуспешни кабинети, претседателот Паул фон Хинденбург го назначил Адолф Хитлер како канцелар на Германија на 30 јануари 1933.[24] На 27 февруари 1933, зградата на Рајхстагот била запалена и како последица на тоа бил донесен итен декрет, кој ги укинал основните права на граѓаните. Овој закон поминал во парламентот давајќи му на Хитлер неограничена законодавна власт. Само Социјалдемократската партија гласала против, додека комунистичките членови на парламентот веќе биле затворени.[25][26] Користејќи ја неговата моќ да го уништи каков било вистински или потенцијален отпор, Хитлер воспоставил централизирана тоталитарна држава за неколку месеци. Индустријата била ревитализирана со фокус на военото вооружување.[27]

Берлин во руини по Втората светска војна

Во 1935, Германија ја повратила контролата на Сар, а во 1936 воената контрола на Рајнската Област, обата изгубени со Версајскиот договор.[28] Во 1938, Австрија била припоена, а во 1939, над Чехословачка била воспоставена германска контрола. Инвазијата на Полска била подготвена со пактот Рибентроп-Молотов и операцијата Химлер. На 1 септември 1939, германскиот Вермахт започнал блицкриг со Полска, која била брзо окупирана од Германија и од советската Црвена армија. Обединетото Кралство и Франција ѝ објавиле војна на Германија, означувајќи го почетокот на Втората светска војна.[29] Како напредувала војната, Германија и нејзините сојузници брзо постигнале контрола на поголемиот дел од континентална Европа и Северна Африка, иако плановите за принудување на Обединетото Кралство на примирје или предавање не успеале. На 22 јуни 1941, Германија го прекршила пактот Рибентроп-Молотов и го нападнала Советскиот Сојуз. Јапонскиот напад на Перл Харбор довел Германија да ѝ објави војна на Соединетите Американски Држави. Сталинградската битка ја принудила германската армија да се повлече од Источниот фронт.[29] Во септември 1943, германскиот сојузник Италија се предале и германските трупи биле принудени да бранат дополнителен фронт во Италија. Д-денот го отворил Западниот фронт, како што сојузничките трупи напредувале кон германската територија. На 8 мај 1945, германските вооружени сили се предале откако Црвената армија го окупирала Берлин.[30]

Во она што подоцна стана познато како Холокауст, режимот на Третиот Рајх донел политики, кои директно се однесувале на многу дисиденти и малцинства. Милиони луѓе биле убиени од нацистите во текот на Холокаустот, вклучувајќи голем број на Евреи, Роми, Јеховини сведоци, Полјаци и други Словени, вклучувајќи советски воени заробеници, лица со ментални и/или физички пречки, хомосексуалци и членови на политичката опозиција.[31] Втората светска војна била одговорна за повеќе од 40 милиони мртви во Европа.[32] Нирнбершкиот процес на нацистичките воени злосторници бил одржан по Втората светска војна.[33] Воените жртви за Германија се проценети на 5,3 милиони германски војници[34] и милиони германски цивили;[35][36][37][38][39] и губењето на војната резултирало со големи територијални загуби; протерување на околу 15 милиони Германци од поранешните источни територии на Германија и други држави; масовно силување на германските жени;[40] и уништување на многубројни големи градови.

Разделување на Германија

[уреди | уреди извор]
Конрад Аденауер
Окупациските зони во Германија, 1947. Териториите источно од линијата Одра-Ниса, под де јуре полска и советска администрација и де факто припоени, се покажани во светложолто, како и издвоениот протекторат Сар.
Берлинскиот ѕид пред Бранденбуршката порта кратко пред неговиот пад во 1989

По предавањето на Германија, преостанатата германска територија и Берлин биле поделени од Сојузниците во четири воено-окупациски зони. Западните сектори, контролирани од Франција, Обединетото Кралство и САД, биле споени на 23 мај 1949 за формирање на Сојузна Република Германија (Bundesrepublik Deutschland); на 7 октомври 1949, советската зона станала Германска Демократска Република (Deutsche Demokratische Republik, или DDR). Тие неслужбено биле познати како „Западна Германија“ и „Источна Германија“. Источна Германија го избрала Источен Берлин како свој главен град, додека Западна Германија го одбрала Бон како привремен главен град, да го истакне својот став дека решението за двете држави е вештачко и привремено статус кво.[41]

Западна Германија, основана како сојузна парламентарна република со „социјална пазарна економија“, била сојузник на Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Франција. Државата уживала подолг економски раст започнат во раните 1950-ти (Wirtschaftswunder). Западна Германија му се придружила на НАТО во 1955 и била еден од основачите на Европската економска заедница во 1957. Источна Германија била држава од Источниот блок под политичка и воена контрола од СССР преку нивните окупациски сили и Варшавскиот договор. Иако Источна Германија тврдела дека има демократија, политичка власт била практикувани исклучиво од водечките членови (Politbüro) на комунистичко контролираната партија за социјалистичко единство на Германија (SED), поддржувана од Штази, огромната тајна служба,[42] и различни подорганизации го контролирале секој аспект во општеството. Била создадена командна економија во советски стил; ГДР подоцна станал дел од Советот за заемна економска помош.[43] Додека источногерманската пропаганда била заснована врз социјалните програми на ГДР и за наводната постојана закана од западногерманска инвазија, многу од нејзините граѓани го гледале Западот како слобода и просперитет.[44] Берлинскиот ѕид, изграден во 1961 за да ги спречи Источногерманците да бегаат во Западна Германија, станал симбол на Студената војна.[17]

Тензиите помеѓу Источна и Западна Германија биле намалени во раните 1970-ти од канцеларот Вили Брант со неговата Ostpolitik. Во летото 1989, Унгарија одлучила да ја расформира Железната завеса и да ги отвори границите, предизвикувајќи емиграција на илјадници Источногерманци кон Западна Германија преку Унгарија. Ова имало катастрофални последици врз ГДР, каде што регуларните масовни демонстрации добиле поголема поддршка. Властите на Источна Германија неочекувани ги олесниле граничните ограничувања, дозволувајќи им на Источногерманците да патуваат во Западот; првично наменети за зачувување на Источна Германија како држава, отворањето на границите всушност довело до забрзување на реформскиот процес Wende. Ова кулминирало во Договорот Два плус Четири една година подоцна на 12 септември 1990, со кој четирите окупациски сили ги прекинале своите права во рамките на Актот за капитулација и Германија стекнала полна сувереност. Ова го дозволило повторното обединување на Германија на 3 октомври 1990, со пристапувањето на петте повторно основани покраини од поранешна ГДР (нови покраини или „neue Länder“).[17]

Падот на комунизмот

[уреди | уреди извор]

Врз основа на законот Берлин/Бон, донесен на 10 мај 1994, Берлин повторно станал главен град на обединета Германија, додека Бон го добил уникатниот статус на Bundesstadt (сојузен град), задржувајќи некои сојузни министерства.[45] Преместувањето на владата била завршена во 1999.[46] Од обединувањето, Германија земала поактивна улога во Европската Унија и НАТО. Германија испратила мировни сили за обезбедување стабилност на Балканот и одреден број на германски војници во Авганистан како дел од напорите на НАТО за обезбедување на сигурноста во таа држава по истерувањето на Талибанците.[47] Овие распоредувања биле контроверзни, бидејќи по војната, Германија била обврзана со домашното право да распоредува воени трупи само за одбранбени цели.[48] Во 2005, Ангела Меркел станала првата жена канцелар на Германија како водач на големата коалиција.[17]

Географија

[уреди | уреди извор]
Топографска карта

Германија е во Западна и Средна Европа, граничејќи се со Данска на север, Полска и Чешка на исток, Австрија и Швајцарија на југ, Франција и Луксембург на југозапад и Белгија и Холандија на северозапад. Главно се наоѓа помеѓу ширините 47° и 55° С (врвот на Зилт е малку посеверно од 55°) и должините и 16° И. Територијата покрива 357.021 км2, која се состои од 349.223 км2 копнена површина и 7.798 км2 водена површина. Таа е седма најголема држава по површина во Европа и 62. најголема во светот.[49]

Висината се движи од планинскиот масив, Алпи (највисока точка: Цугшпице на 2.962 метри) на југ до бреговите на Северното Море (Nordsee) на северозапад и Балтичкото Море (Ostsee) на североисток. Шумскиот планински дел од централна Германија и низинските делови на Северна Германија (најниска точка: Вилстермарш на 3,54 под надморската височина) е испресечен од големите реки Рајна, Дунав и Елба. ледници се наоѓаат во алпскиот регион, но во последно време се забележува нивно топење. Значајни природни ресурси се железна руда, јаглен, потања, дрво, лигнит, ураниум, бакар, природен гас, сол, никел, обработлива земја и вода.[49]

Поголемиот дел од Германија има умерена сезонска клима, во која преовладуваат западните влажни ветрови. Климата е под влијание на северноатлантската струја, северното продолжување на Голфската струја. Оваа потопла вода влијае на областите, кои се граничат со Северното Море; како последица на тоа на северозапад и север, климата е океанска. Врнежите од дожд се случуваат преку целата година, особено во лето. Зимите се благи, а летата имаат тенденција да бидат топли, со температура околу 30 °C.[50]

На исток има повеќе континентална клима; зимите може да бидат многу ладни и летата многу топли, а долгите сушни периоди се чести. Централна и Јужна Германија се преодни региони, кои се разликуваат од умерена океанска до континентална. Покрај поморската и континенталната клима, кои доминираат во земјата, Алпскиот регион на крајниот југ и во помал степен, некои области во Централните Германски Висорамнини имаат планинска клима, карактеризирана со пониски температури и поголеми врнежи.[50]

Биоразновидност

[уреди | уреди извор]
Орелот е заштитена птица и национално хералдичко животно.

Територијата на Германија може да биде поделена во два екорегиона: Европско-средоземниот со мешани шуми по планините и Североисточно-атлантскиот покрај приморјето.[51] До 2008, поголемиот дел на Германија бил покриен или од обработливо земјиште (34%) или од шуми и гори (30,1%); само 13,4% од површината се состои од постојани пасишта, 11,8% е покриена од населби и улици.[52]

Растенијата и животните главно се слични со оние од средна Европа. Буките, дабовите и другите листопадни дрвја претставуваат една третина од шумите; четинарите се зголемуваат како последица на пошумувањето. Смреките и зимзелените дрвја доминираат во високите планини, додека боровите се наоѓаат на песоклива почва. Постојат многу видови на папрати, цвеќиња, габи и мов. Диви животни, кои се сретнуваат се елени, диви свињи, муфлони, лисици, јазовци, зајаци и други животни.[53]

Национални паркови во Германија се Национални паркови Ваденско Море, Национален парк Јазмунд, Национален парк Западнопомерански лагуни, Национален парк Мириц, Национален парк Долна долина на Одра, Национален парк Харц, Национален парк Саксонска Швајцарија и Национален парк Баварска Шума. Во Германија работат преку 400 регистрирани зоолошки градини и животински паркови, што се верува дека е најголема бројка во една држава.[54] Познатата Берлинска зоолошка градина е најстарата зоолошка градина во Германија и претставува најсеопфатната збирка на видовите во светот.[55]

Политички систем

[уреди | уреди извор]
Франц-Валтер Штајнмајер, претседател на Германија
Рајхстагот во Берлин е седиштето на германскиот парламент.

Германија е сојузна, парламентарна, посредна демократска република. Германскиот политички систем функционира по рамка донесена во уставниот документ од 1949 година, познат како Основен закон за Сојузна Република Германија (Grundgesetz). Генерално, измените бараат двотретинско мнозинство на обата дома од парламентот; основните принципи на Уставот, како што е изнесено во членовите се гарантирање на човечкото достоинство, поделба на власта, сојузна структура и владеење на правото, кои како такви се трајни.[56]

Претседателот е на чело на државата и главно има претставнички одговорности и овластувања. Него го бира Сојузното собрание (Bundesversammlung), институција составено од членови на Бундестагот и на еднаков број на покраински делегати. Втората по важност функција во германската протоколарна хиерархија е претседателот на Бундестагот (Bundestagspräsident), кој е избран од Бундестагот и одговорен за надгледување на дневните заседанија на парламентот. Третата функција и шеф на владата е канцеларот, кој е назначен од сојузниот претседател откако бил избран од Бундестагот.[17]

Канцеларот, моментално Ангела Меркел, е на чело на владата и на извршната власт, слично на улогата на премиерот во другите парламентарни демократии. Сојузната законодавна власт е доверена на парламентот, кој се состои од Бундестагот („Сојузно собрание“) и Бундесратот („Сојузен совет“), кои заедно го создаваат законодавното тело. Бундестагот се бира на директни избори, по пропорционален модел.[49] Членовите на Бундесратот ги претставуваат владите на шеснаесетте сојузни покраини и се членови на покраинските владини состави.[17]

Шверински замок, парламентот на Мекленбург-Западна Померанија

Од 1949 година, во партискиот систем на Германија доминира Христијанската демократска унија и Социјалдемократска партија на Германија, па така досега сите канцелари биле членови на овие партии. Меѓутоа, помалата либерално Слободна демократска партија (која има членови во Бундестагот од 1949 г.) и Сојуз 90/Зелени (која првпат обезбедила места во парламентот во 1983 г.) исто така имаат значајни улоги.[57]

Германија има граѓански правен систем заснован на римското право со одредени упати од германското право. Bundesverfassungsgericht (Сојузен уставен суд) е германски Врховен суд одговорен за уставни прашања, со моќ на уставна контрола.[17][58] Германскиот систем на врховни судови, наречен Oberste Gerichtshöfe des Bundes, е специјализиран: за граѓански и кривични дела, највисокиот суд на жалби е Врховниот суд, а за други прашања, надлежни се судовите Сојузен суд за труд, Сојузен социјален суд, Сојузен финансиски суд и Сојузен административен суд. Völkerstrafgesetzbuch ги регулира последиците од злосторства против човештвото, геноцид и воени злосторства и им дава на германските судови универзална јурисдикција во некои околности.[59] Кривичните и граѓанските дела се кодифицирани на национално ниво во Strafgesetzbuch и Bürgerliches Gesetzbuch соодветно. Германскиот казнен систем е насочен кон рехабилитација на криминалците и заштита на општата јавност.[60] Освен за ситни злосторства, кои се судат пред еден професионален судија и сериозните политички дела, сите обвиненија се судат пред мешан состав на судии-поротници, кои седат на страна заедно со професионалните судии.[61][62]

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Германија се состои од шеснаесет покраини, кои на германски се нарекуваат Länder.[63]

Секоја покраина има сопствен покраински устав[64] и се во голема мерка автономни во поглед на нивната внатрешна организација. Поради разликите во големина и население понатамошната административна поделба на овие покраини се разликува, особено помеѓу градовите-покраини (Stadtstaaten) и покраините со поголеми територии (Flächenländer). За регионални административни цели, пет покраини (Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија), имаат воведено вкупно 22 административни окрузи (Regierungsbezirke). До 2009 година, Германија била поделба на 403 окрузи (Kreise) на општински ниво, кои се состојат од 301 рурален округ и 102 урбани окрузи.[65]

Покраина Главен град Површина (км2) Население
Баден-Виртемберг Штутгарт 35.752 10.717.000
Баварија Минхен 70.549 12.444.000
Берлин Берлин 892 3.400.000
Бранденбург Потсдам 29.477 2.568.000
Бремен Бремен 404 663.000
Долна Саксонија Хановер 47.618 8.001.000
Мекленбург-Западна Померанија Шверин 23.174 1.720.000
Рајнска област-Пфалц Мајнц 19.847 4.061.000
Саксонија Дрезден 18.416 4.296.000
Саксонија-Анхалт Магдебург 20.445 2.494.000
Сар Сарбрикен 2.569 1.056.000
Северна Рајна-Вестфалија Диселдорф 34.043 18.075.000
Тирингија Ерфурт 16.172 2.355.000
Хамбург Хамбург 755 1.735.000
Хесен Висбаден 21.115 6.098.000
Шлезвиг-Холштајн Кил 15.763 2.829.000

Пред обединувањето на Германија во 1990, Западна Германија се содржела од 10 покраини, додека во 1952 Источна Германија ја реорганизирала својата територија на 15 административни области. По обединувањето на Германија на 3 октомври 1990, 14 од овие области биле сместени во 5 покраини — Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Тирингија и Саксонија како што постоеле до 1952. Поранешната област Берлин (источен) била комбинирана со Западен Берлин и ја оформиле новата покраина Берлин.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]
Канцеларката Ангела Меркел како домаќин на самитот на Г8 во Хајлигендам

Германија има мрежа од 229 дипломатски мисии во странство и одржува односи со повеќе од 190 држави.[66] До 2011 била најголем придонесувач во буџетот на Европската Унија (обезбедува 20%[67] и трет најголем придонесувач во буџетот на ОН (обезбедува 8%).[68] Германија е членка на НАТО, Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Г8, Г20, Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Одигрува водечка улога во Европската Унија од нејзиното основање и одржува силен сојуз со Франција од крајот на Втората светска војна. Германија се обидува да го унапреди создавањето на пообединет европски политички, одбранбен и безбедносен апарат.[69][70]

Политиката на развој на Сојузната Република Германија е независна областа на германската надворешна политика. Таа е формулиран од сојузното министерство за економска соработка и развој (BMZ) и спроведувана од организации, кои ја спроведуваат. Германската влада ја гледа политиката на развој како заедничка одговорност на меѓународната заедница.[71] Таа е трет најголем светски дарител по САД и Франција.[72][73]

Во текот на Студената војна, поделбата на Германија со железната завеса ја направи симбол на тензиите на Истокот и Западот и политичко борбено поле во Европа. Меѓутоа, Ostpolitik на Вили Брант била клучен фактор во попуштањето во 1970-тите.[74] Во 1999, владата на канцеларот Герхард Шредер дефинирала нова основа на германската надворешна политика со земање дел до одлуките на НАТО околу Косовската војна и со испраќањето германски војници во борба првпат по Втората светска војна.[75] Владите на Германија и САД се блиску политички сојузници.[17] Маршаловиот план и силните културни врски изградиле силен сојуз помеѓу двете земји, иако противењето на Шредер на Ирачката војна предложила крај на атлантицизмот и релативно заладување на германско-американските односи.[76] Исто така, двете земји се економски меѓузависни: 8,8% од германскиот извоз е врзан за Америка и 6,6‘ од германскиот увоз потекнува од САД.[77]

Јурофајтер тајфун е дел од Луфтвафе.

Германската војска, Bundeswehr, е организирана во деловите Heer („армија“), Marine („морнарица“), Luftwaffe („воздушни сили“), Zentraler Sanitätsdienst („централни медицински услуги“) и Streitkräftebasis („заедничка поддршка“). До 2005, воените трошоци биле на околу 1,5% од БДП на државата, со што го добива 99. место од сите држави;[49] апсолутно, германските воени трошоци се осми по ред во светот.[78] Во мирнодопски услови, Бундесвер е командувана од министерот за одбрана. Доколку Германија влезе во војна, што според уставот е дозволено единствено за одбранбени цели, Канцеларот станува врховен командант на Bundeswehr.[79]

До мај 2011, Бундесвер вработувал 188.000 професионални војници, 31.000 регрути помеѓу 18 и 25 години, кои служат најмалку шест месеци.[80] Германската влада планира да го намали бројот на војници на 170.000 професионалци и 15.000 краткотрајни волонтери (доброволна воена служба).[81] Резервистите се достапни на вооружените сили и учествуваат во одбранбени вежби и распоредувањата во странство, новиот концепт за резервите за силата и функции бил објавен во 2011.[81] До април 2011, германската војска имала околу 6.900 војници сместени во странски земји како дел од меѓународните мировни сили, вклучувајќи 4.900 војници на Бундесвер во мисијата на НАТО, ИСАФ во Авганистан и Узбекистан, 1.150 германски војници во Косово и 300 учесници во УНИФИЛ во Либан.[82]

До 2011, воената служба била задолжителна за мажи на возраст од 18 години и служеле шестмесечен воен рок; доколку одбијат да служат можат да се одлучат за Zivildienst (граѓанска служба) во еднаков период или шестгодишна посветеност на (доброволно) служби за итни случаи, како што е доброволната противпожарна бригада или Црвениот крст. На 1 јули 2011, регрутацијата била службено суспендирана и заменета со доброволна служба.[83][84] Од 2001 жените може да служат во сите функции на војската без ограничување, но тие не биле предмет на регрутација. Во моментов има околу 17.500 жени на активна служба и голем број на женски резервисти.[85]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Мерцедес Бенц. Германија бил водечки светски извозник на добра од 2003 до 2008.[86]
Франкфурт претставува финансиски центар на Германија
Германскиот извоз (2009) по производствена категорија. МИТ/Харвард[87]

Германија има социјална пазарна економија со висококвалификувана работна сила, голем капитал, ниско ниво на корупција,[88] и високо ниво на иновација.[89] Таа е најголема национална економија во Европа, четврта најголема по номинален БДП во светот,[90] и петта најголема по ПКМ[91] во 2009. Услужниот сектор придонесува со околу 71% од вкупниот БДП, индустријата 28% и земјоделството 0,9%.[49] Просечната национална стапка на невработеност во 2010 била околу 7,5%.[49] Првите проценки укажуваат 3,6% пораст на прилагодениот БДП за 2010, по падот од 4,7% во 2009.[92]

Табела 1: Годишни реални стапки на растеж на БДП во Германија (1990-2013)[93]

1999-2007 2008-2013 1990-2013
ЕУ 2,5% -0,1% 1,7%
Германија 1,7% 0,7% 1,3%

Германија е еден од основачите на ЕУ, Г8 и Г20 и била најголем светски извозник од 2003 до 2008. Во 2009 останала втора најголема извозник и трет најголем увозник на добра. Поголемиот дел од извозот на земјата е во областа на инженерството, особено машинската индустрија, автомобили, хемиски добра и метали.[49] Германија е водечки производител на турбини на ветер и технологија за сончева енергија.[94] Годишни саеми и конгреси се одржуваат во градови низ Германија.[95]

Германија е застапник за поблиска европска економска и политичка интеграција. Нејзините трговски политики сè повеќе се утврдени со договори меѓу земјите членки на Европската Унија и законодавството на ЕУ. Германија ја вовела заедничката европска валута, еврото, на 1 јануари 2002.[96][97] Нејзината монетарна политика е поставена од страна на Европската централна банка. Две декади по повторното обединување на Германија, животниот стандард и приходите по глава на жител остануваат значително повисоки во покраините на поранешна Западна Германија, отколку во Истокот.[98] Модернизацијата и интеграцијата на источната германска економија и долгорочен процес, кој треба да трае до 2019 година, со годишни трансфери од западот кон истокот околу 80 милијарди долари.[99] Во јануари 2009 германската влада одобрила економски стимулативен план од 50 милијарди евра за заштита на неколку сектори од криза и последователен пораст на стапките на невработеност.[100]

На светскиот список на 500 најголеми компании, кои котираат на берзата, распоредени по приход во 2010, Fortune Global 500, 37 имаат седиште во Германија. 30 компании основани во Германија се вклучени во DAX, германскиот берзански индекс. Добро познати светски марки се Mercedes-Benz, BMW, SAP, Siemens, Volkswagen, Adidas, Audi, Allianz, Porsche и Nivea.[101] Германија е позната по нејзините специјализирани мали и средни претпријатија. Околу 1.000 од овие компании се водачи на глобалниот пазар во нивниот сегмент и се означени како скриени прваци.[102]

Списокот ги вклучува најголеми компании по обртот во 2009. Не се рангирани најголемата банка и најголемата осигурителна компанија во 2007:

Место[103] Име Седишта Приход
(мил. €)
Профит
(мил. €)
Вработени
(Свет)
1 Volkswagen AG Волфсбург 108,897 4,120 329.305
2 Daimler AG Штутгарт 99,399 3,985 272.382
3 Siemens AG Минхен/Берлин 72,488 3.806 398.200
4 E.ON AG Диселдорф 68,731 7,204 87,815
5 Metro AG Диселдорф 64,337 825 242.378
6 Deutsche Post AG Бон 63,512 1,389 475.100
7 Deutsche Telekom AG Бон 62,516 569 241.426
8 BASF SE Лудвигсхафен 57,951 4,065 95.175
9 BMW AG Минхен 56,018 3,126 107.539
10 ThyssenKrupp AG Есен/Дисбург 51,723 2,102 191.350

Инфраструктура

[уреди | уреди извор]
Возот ICE 3
Атомската централа Grafenrheinfeld

Со нејзината средишна положба во Европа, Германија е сообраќаен центар. Ова се однесува на нејзината густа и современа сообраќајна мрежа. Мрежата на автопатишта (Autobahn) се наоѓа на третото место во светот по должина.[104] Германија има основано полицентрична мрежа на брзи возови. Мрежата на InterCityExpress или ICE на Deutsche Bahn ги опслужува главните германски градови, како и одредишта во соседните држави со брзини над 300 км/ч.[105] Најголеми германски аеродроми се франкфуртскиот и аеродромот во Минхен, двата седишта на Lufthansa. Други поголеми аеродроми се Берлин Шенефелд, Хамбург, Келн/Бон и Лајпциг/Хале. Обата аеродрома во Берлин ќе бидат споени во еден на место во близина на Берлин Шенефелд, кој ќе стане аеродром Берлин Бранденбург во 2012.[106]

До 2008, Германија била шестиот најголем потрошувач на енергија во светот,[107] и 60% од нејзината примарна енергија била увезувана.[108] Политиката на владата промовира зачувување на енергија и користење обновлива енергија. Енергетската ефикасност е подобрена од раните 1970-тите; целите на владата се да ги задоли потребите за енергија користејќи само обновлива енергија до 2050.[109] Во 2010, извори на енергија биле: нафта (33,7%); јаглен, вклучувајќи лигнит (22,9%); природен гас (21,8%); јадрена енергија (10,8%); хидроенергија и енергија од ветер (1,5%) и други обновливи извори (7,9%).[110] Во 2000, владата и индустријата на јадрена енергија се согласија на фазно затворање на сите атомски централи до 2021.[111] Германија е обврзана со протоколот Кјото и неколку други договори да промовира биоразновидноста, стандарди за ниска емисија, рециклирање и употреба на обновлива енергија и да го поддржува одржливиот развој на глобално ниво.[112] Германската влада започна активности за намалување на емисиите и конечните емисии на јаглерод диоксид на државата се во опаѓање.[113] Сепак, емисијата на стаклени гасови било на највисоко ниво во ЕУ до 2007.[114]

Наука и технологија

[уреди | уреди извор]
Враќање на германските научници од СССР, во февруари 1958 г.

Достигнувањата на Германија во науката се значајни и напорите за истражување и развој претставуваат составен дел од економијата.[115] Нобеловата награда била доделана на 103 германски лауреати.[116] За време на XX век, Германија имала повеќе лауреати од која било друга нација, особено во науките, како што се (физика, хемија и физиологија или медицина).[117][118]

Работата на Алберт Ајнштајн и Макс Планк била од клучно значење за основање на современата физика, која Вернер Хајзенберг и Макс Борн ја развиле понатаму.[119] Вилхелм Конрад Рентген ги открил Х-зраците и бил првиот добитник на Нобеловата награда за физика во 1901.[120] Бројни математичари биле родени во Германија, вклучувајќи ги Карл Фридрих Гаус, Давид Хилберт, Бернхард Риман, Готфрид Лајбниц, Карл Вајерштрас, Херман Вајл и Феликс Клајн. Истражувачки институции во Германија се Друштвото Макс Планк, Асоцијацијата Хелмхолц и Друштвото Фраунхофер. Наградата Лајбниц се доделува на десет научници и академици секоја година. Со максимум од 2,5 милиони евра по награда; тоа е еден од највисоките износи за истражувачка награда во светот.[121]

Германија била дом на многу познати пронаоѓачи и инженери, како што се Јоханес Гутенберг, кој е заслужен за пронаоѓањето на движечкото печатење во Европа; Ханс Гајгер, пронаоѓачот на Гајгеровиот бројач и Конрад Цузе, која го изградил првиот потполно автоматски дигитален компјутер.[122] Германските пронаоѓачи, инженери и индустријалци, како грофот Фердинанд фон Цепелин, Ото Лилиентал, Готлиб Дајмлер, Рудолф Дизел, Хуго Јункерс и Карл Бенц помогнале да се обликува современата автомобилска и воздушна технологија.[123] Воздухопловниот инженер Вернер фон Браун ја развил првата ракета за вселената и подоцна бил истакнат член на НАСА и ракетата за Месечината Сатурн 5, која му го отворила патот на успехот во американската програма „Аполо“. Работата на Хајрих Рудолф Херц во областа на елетромагнетното зрачење била клучна за развојот на современите телекомуникации.[124]

Исто така, Германија е една од водечките земји во развојот и користењето на зелени технологии. Компаниите специјализирани во зелената технологија имаат проценет обрт од 200 милијарди евра. Особено експертизата во инженерството, науката и истражувањето на Германија е секогаш за почит. Водечки пазари во Германија за индустријата на зелена технологија се електричната енергија, одржлива подвижност, материјална ефикасност, енергетска ефикасност, управување со отпад и рециклирање, како и управување со водите.[125]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Со проценето население од 93 милиони во март 2024,[126] Германија е најнаселената држава во Европската Унија и се смета за 17 најнаселена држава во светот.[127] Нејзината густина на населеност изнесува 229,4 жители по километар квадратен. Целокупниот животен век во Германија е 80 години. Стапката на плодност од 1.6 деца по мајка или 8.4 раѓања на 1.000 жители во 2020, е една од најниските во светот.[128] Од 1970-тите, стапките на смртност во Германија постојано ја надминува нејзината стапка на наталитет.[129] Сојузното статистичко биро на Германија предвидува дека населението ќе се накачи на 100 милиони до 2060 (зависејќи од стапката на нето-миграцијата).[130]

Германците сочинуваат 81% од населението на Германија. До 2010, околу седум милиони странски државјани биле регистрирани во Германија и 19% од жителите на државата биле со странско или делумно странско потекло (вклучувајќи ги и лицата, кои потекнуваат или делумно потекнуваат од етничките Германци — повратници), 96% од нив живееле во Западна Германија или Берлин.[131] Фондот за население на Обединетите нации ја вбројува Германија со трет највисок број на странски доселеници во светот, околу 5% или 10 милиони од сите 191 милиони доселеници.[132] Како последица на ограничувањата на поранешните германски закони за правото на азил и имиграцијата, бројот на баратели на азил или барањата за германско државјанство (главно од поранешниот Советски Сојуз) силно опаднале од 2000.[133] Во 2009, 20% од населението имало доселенички корени, највисоко од 1945.[134] Во 2008, најголема национална група била од Турција (2,5 милиони), следени од Италија (776.000) и Полска (687.000).[135] Околу 3 милиони „Aussiedler“ — етнички Германци, главно од Источна Европа и поранешен Советски Сојуз — се вратиле во Германија од 1987.[136]

Германија има голем број на големи градови. Најголема област е регионот Рајна-Рур (11,5 милиони во 2006, вклучувајќи го Диселдорф (главен град во Северна Рајна-Вестфалија), Келн, Дортмунд, Есен, Дисбург и Бохум.[137]

 
Најголеми градови во Германија
Список на статистички канцеларии во Германија - 31 декември 2018
Бр. Покраини Нас. Бр. Покраини Нас.
Берлин
Берлин
Хамбург
Хамбург
1 Берлин Берлин 3.644.826 11 Бремен Бремен (покраина) 569.352 Минхен
Минхен
Келн
Келн
2 Хамбург Хамбург 1.841.179 12 Дрезден Саксонија 554.649
3 Минхен Баварија 1.471.508 13 Хановер Долна Саксонија 538.068
4 Келн Северна Рајна-Вестфалија 1.085.664 14 Нирнберг Баварија 518.365
5 Франкфурт Хесен 753.056 15 Дисбург Северна Рајна-Вестфалија 498.590
6 Штутгарт Баден-Виртемберг 634.830 16 Бохум Северна Рајна-Вестфалија 364.628
7 Диселдорф Северна Рајна-Вестфалија 619.294 17 Вупертал Северна Рајна-Вестфалија 354.382
8 Лајпциг Саксонија 587.857 18 Бон Северна Рајна-Вестфалија 333.786
9 Дортмунд Северна Рајна-Вестфалија 587.010 19 Билефелд Северна Рајна-Вестфалија 327.258
10 Есен Северна Рајна-Вестфалија 583.109 20 Минстер Северна Рајна-Вестфалија 314.319

Религија

[уреди | уреди извор]
Келнската катедрала на реката Рајна е дел од светското културно наследство на УНЕСКО

Христијанството е најголема религија во Германија, со околу 51,5 милиони приврзаници (62,8%) во 2008,[138] од кои 30% се католици и 29,9% се протестанти, припаѓајќи на Евангелистичката црква во Германија (EKD); додека останатите припаѓаат на помали вероисповести (секоја помалку од 0,5% од населението во Германија).[139] Протестантството повеќе е раширено на северот и југот, додека Римокатоличката црква има повеќе членови на југот и запад;[7] 1,6% од вкупното население во Германија се изјаснуваат како православни христијани.[138]

Втора најголема религија е исламот со околу 3,8 до 4,3 милиони приврзаници (4,6% до 5,2%),[140] следени од будизмот со 250.000 и јудаизмот со околу 200.000 приврзаници (0,3%); Хиндуизмот има околу 90.000 приврзаници (0,1%). Сите други религиозни заедници во Германија имаат помалку од 50.000 приврзаници.[141] Од околу 4 милиони муслимани, најмногу се Сунити и Алевити од Турција, но има и мал број на Шиити и други правци.[140] На германските муслимани, голем дел од нив со турско потекло, им недостига потполно признавање на државата на нивните религиозна заедница.[7] Германија ја има третата најголема еврејска заедница во Европа (зад Франција и Велика Британија).[142] Околу 50% од будистите во Германија се азијски доселеници.[143]

Германците со ненаведена верска припадност претставуваат 34,1% од населението, особено во поранешната Источна Германија и големите метрополитенски области.[139] Повторното обединување во Германија во 1990 значајно го зголеми процентот на лица, кои немаат наведено религиозна определеност, наследство од државниот атеизам на Источна Германија, која била контролирана од Советскиот Сојуз. Членството во христијанските цркви се намалува во последните декади, делумно меѓу протестантите.[7]

Двојазичен знак на германски и долнолужички во градот Котбус (Chóśebuz), Бранденбург

Германскиот јазик е службен и најмногу говорен јазик во Германија.[144] Тој е еден од 23. службени јазици во Европската Унија и еден од трите работни јазици на Европската комисија. Признаени национални малцински јазици во Германија се данскиот, долногермански, лужички, ромски и фризиски; тие се официјално заштитени од ECRML. Најмногу користени доселенички јазици се турскиот, курдскиот, полскиот, балканските јазици и рускиот; 67% од германски граѓани изјавуваат дека се способни да комуницираат на најмалку еден странски јазик, а 27% на најмалку два јазици различни од нивниот мајчин.[144]

Стандардниот германски е западногермански јазик и е тесно поврзан и групиран заедно со англискиот, долногерманскиот, холандскиот и фризиските јазици. Во помала мера, исто така е поврзан со источните (изумрени) и северногерманските. Поголемиот дел од германскиот вокабулар е изведен од германската гранка на индоевропското јазично семејство.[145] Значаен број на зборови се изведени од латински и грчки, помала количина од француски и од неодамне од англиски (познат како Денглиш). Германскиот јазик се пишува со помош на латиница. Германските дијалекти, традиционалните локални форми кои потекнуваат од германските племиња, се разликуваат од варијантите на стандардниот германски јазик по нивната лексика, фонологија и синтакса.[146]

Образование

[уреди | уреди извор]
Хајделбершкиот универзитет бил основан во 1386.

Над 99% од Германците со возраст од 15 години или повеќе можат да читаат и пишуваат.[49] Меѓутоа, голем број на лица од вкупното население се функционално неписмени.[147] Одговорноста за образовниот надзор во Германија првенствено се наоѓа во поединечните сојузни покраини. Од 1960-тите, реформското движење се обидело да го обедини средното образование во Gesamtschule (сеопфатно училиште); неколку западногермански покраини подоцна го поедноставиле нивниот училиштен систем на две или три нивоа. Системот за образување наречен Duale Ausbildung („двојно образование“) им дозволува на учениците со стручна насока да учат во компанија, како и да посетуваат државно стручно училиште.[148]

Недоброволното предучилишно образование се обезбедува за сите деца помеѓу три и шест години, по што присуството на училиште е задолжително за сите, најмалку девет години. Основното образование обично трае четири години и јавните училиште не се групирани во оваа фаза на образованието.[148] За разлика од тоа, средното образование се состои од три традиционални типови на улилишта насочени кон различно ниво на академска способност: Гимназијата ја запишуваат најталентираните деца и се подготвуваат за студии на универзитет; Realschule за просечните ученици и трае шест години; Hauptschule ги подготвува учениците за стручно образование.[149]

Општ услов за влез на универзитет е Abitur, квалификација обично заснована на континуирано оценување во текот на последните години на училиште и завршни испити; но, сепак постојат исклучоци, и барањата се разликуваат, различно во поглед на одредени покраини, универзитети и предмети. Универзитетите во Германија се меѓународно признати; во академското рангирање на светските универзитети за 2008, шест од врвните 100 универзитети во светот се од Германија, а 18 од нив се наоѓаат во првите 200 универзитети.[150] Речиси сите германски универзитети се јавни институции, со плаќање партиципација од 50 до 500 евра секој семестар за секој студент.[151]

Здравство

[уреди | уреди извор]

Германија го има најстариот систем за универзална здравствена заштита во светот, кој потекнува од социјалното законодавство на Ото фон Бизмарк во 1883.[152] Моментално населението е покриено со прилично сеопфатен план за здравствено осигурување предвиден со статутот. Некои групи на луѓе (доживотни функционери, самовработени лица, вработени со високи доходи) може да излезат од планот и да преминат кон некое приватно друштво со склучување договор. Претходно, овие групи можеа исто така да изберат да бидат без осигурување, но оваа можност била повлечена во 2009.[153] Според Светската здравствена организација, германскиот систем за здравствена заштита бил финансиран 77% од владата и 23% од приватниот сектор во 2005.[154] Во 2005, Германија потрошила 11% од нејзиниот БДП за здравствена заштита. Германија е рангирана на 20. место во светот по проценетиот животен век со 77 години за мажи и 82 години за жени и имала многу ниска стапка на смртност кај новороденчињата (4 на 1.000 живородени деца).[154]

До 2010, главна причина за смрт биле кардиоваскуларните болести, со 41%, следени од злоќудните тумори, со 26%.[155] До 2008, околу 82.000 Германци биле заразени со ХИВ/СИДА, а 26.000 умреле од оваа болест (кумулативно од 1982).[156] Според направено истражување во 2005 година, 27% од возрасните Германци биле пушачи.[156]

* Лудвиг ван Бетовен
* Хегел
* Браќата Грим
* Метрополис
* Kraftwerk

Од нејзините корени, културата во Германија била обликувана од главните интелектуални и популарни струи во Европа, како религиозни, така и секуларни. Историја, Германија била нарекувана Das Land der Dichter und Denker („земјата на поети и мислители“).[157] Сојузните покраини се задолжени за културните институции. Постојат 24- субвенционирани театри, стотици симфониски оркестри, илјадници музеи и над 25.000 библиотеки низ цела Германија. Овие културни можности се користени од многумина: годишно има над 91 милион посети во германски музеи; 20 милиони одат секоја година во театар и опера; 3,6 милиони лица секој година ги слушаат симфониските оркестри.[158] УНЕСКО има впишано 33 објекти како светско природно и културно наследство.[159]

Германија има воспоставено високо ниво на еднаквост на половите,[160] ги промовира правата на лицата со хендикеп и е правно и социјално толерантна кон хомосексуалците. Хомосексуалците можат правно да ги посвојат биолошките деца на нивните партнери, а граѓанските заедници се дозволени од 2001.[161] Исто така, Германија го промени својот став кон доселениците; од средината на 1990-тите, владата и мнозинството Германци започнале да признаваат дека контролираната имиграција треба да се дозволи врз основа на определени стандарди.[162] Германија била именувана како втора најценета нација во светот помеѓу 50 држави во 2010.[163] Глобалната анкета спроведена од британскиот јавен сервис BBC, покажала дека за Германија се верува дека има најголемо позитивно влијание во светот во 2011.[164]

Уметности

[уреди | уреди извор]

Бројни германски сликари стекнале меѓународен углед преку нивната работа во различни уметнички стилови. Ханс Холбајн Помладиот, Матијас Гриневалд и Албрехт Дирер биле важни уметници на ренесансата, Каспар Давид Фридрих на романтизмот и Макс Ернст на надреализмот. Архитектонските достигнувања од Германија ги вклучува каролиншките и отонските стилови, кои биле претходници на романската. Подоцна, регионот станал место на готската, ренесансната и барокната уметност. Германија била особено важна во раното движење на модернизмот, особено преку движењето Баухаус, основано од Валтер Гропиус. Лудвиг Мис ван дер Рое станал еден од најпознатите архитекти во светот во втората половина на XX век. Тој ја осмислил стаклената фасада на облакодерите.[165]

Германската музика вклучува дела на некои од најпознатите класични музички композитори во светот, вклучувајќи ги Лудвиг ван Бетовен, Јохан Себастијан Бах, Волфганг Амадеус Моцарт, Јоханес Брамс, Рихард Вагнер и Рихард Штраус. До 2008, Германија е четвртиот најголем музички пазар во светот[166] и има влијание врз популарната музика преку артистите, како што е Kraftwerk, Alphaville, Boney M., Нена, Нико, Нина Хаген, Scorpions, Die Toten Hosen, Tokio Hotel, Rammstein и Пол ван Дајк.

Книжевност и филозофија

[уреди | уреди извор]

Германската книжевност може да се проследи сè до средниот век и вклучува дела на писатели, како што се Валтер фон дер Фогервајде и Волфрам фон Ешенбах. Познати германски автори се Јохан Волфганг фон Гете, Фридрих Шилер, Готхолд Ефрајм Лесинг и Теодор Фонтан. Збирките на народните приказни објавени од Браќата Грим го прошириле германскиот фолклор на меѓународно ниво. Влијателни автори на XX век биле Герхарт Хауптман, Томас Ман, Херман Хесе, Хајнрих Бел и Гинтер Грас.[167] Издавачите на германски јазик издаваат околу 700 милиони книги секоја година, со над 80.000 наслови, скоро 60.000 од нив нови. Германија се наоѓа на третото место во количината на објавени книги, веднаш зад пазарите на англиското говорно подрачје и оној на Народна Република Кина.[168] Франкфуртскиот Саем на книга е најважен саем во светот за склучување меѓународни договори и тргување, со традиција од над 500 години.[169]

Германската филозофија е историски значајна. Придонесите на Готфрид Лајбниц кон рационализмот; основањето на класичниот германски идеализам од Имануел Кант, Јохан Готлиб Фихте, Георг Вилхелм Фридрих Хегел и Фридрих Вилхелм Јозеф Шелинг; делото на Артур Шопенхауер за метафизичкиот песимизам; формулирањето на комунистичката теорија од Карл Маркс и Фридрих Енгелс; развојот на перспективизмот од Фридрих Ниче; придонесите на Готлоб Фреге за почетокот на аналитичката филозофија; делата на Мартин Хајдегер за битието и развојот на франкфуртската школа од Макс Хоркхајмер, Теодор Адорно, Херберт Маркус и Јирген Хабермас се смета за исклучително влијателна. Во овој век, Германија придонесува кон развојот на современата аналитичка филозофија во континентална Европа, заедно со Франција, Австрија, Швајцарија и скандинавските држави.[170]

Германскиот филм потекнува од најраните години на овој медиум со делата на Макс Складановски, кој бил особено влијателен со германските експресионисти, како што се Роберт Вине и Фридрих Вилхелм Мурнау. Режисерот Фриц Ланг и неговиот филм „Метрополис“ (1927) се смета за првиот модерен научно-фантастичен филм. Во 1930, Американецот со австриско потекло Јозеф фон Стернберг го снимил „Синиот ангел“, првиот важен германски филм со звук.[171] Во текот на 1970-тите и 1980-тите, режисерите од Новиот германски филм, како што се Фолкер Шендорф, Вернер Херцог, Вим Вендерс и Рајнер Вернер Фасбиндер го поставил западногерманскиот филм на меѓународна сцена.[172] Годишната церемонија за доделување на Европската филмска награда се одржува секоја друга година во Берлин седиштето на Европската филмска академија (EFA); Берлинскиот филмски фестивал, кој се одржува секоја година од 1951, е еден од најистакнатите филмски фестивали во светот.[173]

Во поново време, филмовите како Збогум, Ленин! (2003), Gegen die Wand („Против ѕидот“) (2004), Падот (2004) и Baader Meinhof Complex (2008) имале меѓународен успех. Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје отишол за германската продуција Калај тапан во 1979, за Никаде во Африка во 2002 и за Животот на другите во 2007.[174] Германскиот телевизиски пазар е најголем во Европа, со околу 34 милиони ТВ-домаќинства. Околу 90% од германските домаќинства имаат кабелска или сателитска телевизија, со различни слободни јавни и комерцијални канали.[175]

Германската кујна се разликува од еден регион до друг. Јужните региони на Баварија и Швабија, на пример, делат слична кујна со Швајцарија и Австрија. Во сите региони е присутно месото, особено колбасите.[176] Органската храна придобила пазарно учество од околу 2% и тоа се очекува да се зголемува.[177]

Иако, виното станува сè попопуларно во многу делови на Германија, национален алкохолен пијалак е пивото. Потрошувачката на пиво по лице во Германија опаѓа, но со 121,4 литри во 2009, сè уште е меѓу највисоките во светот.[178]

Водичот Мишелин на девет рестораи во Германија им има доделено три ѕвезди, највисока оценка, додека уште 15 имаат добиено две ѕвезди.[179] Со тоа, германските ресторани станале вторите по бројност означени ресторани од Мишелин, зад оние од Франција.[180]

* A Schwarzwälder Kirschtorte (буквално, „Торта со црешни од Шварцвалд“.)
* Сигнал Идуна Парк е најголемиот стадион во Германија

Дваесет и седум милиони Германци се членови на спортски клуб и дополнителни дванаесет милиони практикуваат некој спорт поединечно.[181] Фудбалот е најпознатиот спорт. Со повеќе од 6,3 милиони официјални членови, Германскиот фудбалски сојуз (Deutscher Fußball-Bund) е најголемата спортска организација од овој вид во светот[181] Бундеслигата е на второто место по просечниот број на посети во однос на која било професионална спортска лига во светот.

Националната фудбалска репрезентација ги освоила Светските првенства во фудбал во 1954, 1974 и 1990 и Европските првенства во фудбал во 1972, 1980 и 1996. Германија била домаќин на светските првенства во фудбал во 1974 и 2006 и европското првенство во 1988. Меѓу најпознатите фудбалери се Франц Бекенбауер, Герд Милер, Јирген Клинсман, Лотар Матхојс и Оливер Кан. Други распространети спортови се ракометот, одбојката, кошарката, хокејот на мраз и тенисот.[181]

Германија е една од водечките држави во мото-спортот во светот. Конструкторите како BMW и Mercedes се познати производители во мото-спортот. Дополнително, Porsche има победено на 24 часа Ле Ман, годишна трка на издржливост во франција, 16 пати и Audi, кој има освоено 9 победи. Возачот во Формула 1 Михаел Шумахер има поставено многу рекорди во овој спорт во текот на неговата кариера, имајќи освоено повеќе титули во првенството и повеќе победи на трките од кој било друг возач; тој е еден од најмногу платените спортисти во историјата.[182]

Историски, германските спортисти биле успешни натпреварувачи на Олимписките игри, сместувајќи се на третото место на по бројот на медали на сите времиња, кога ќе се земат предвид медалите на Источна и Западна Германија. На Летните олимписки игри 2008, Германија завршила петта по бројот на медали,[183] додека на Зимските олимписки игри 2006 завршила на првото место.[184] Германија била домаќин на Летните олимписки игри двапати, во Берлин во 1936 и во Минхен во 1972. Зимските олимписки игри се одржале во Германија еднаш во 1936 во споените градови Гармиш и Партенкирхен.

Германија како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. „Bevölkerung in Deutschland zum Jahresende 2016 auf 82,5 Millionen Personen gewachsen“. Архивирано од изворникот на 16 јануари 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „World Economic Outlook Database“. International Monetary Fund. септември 2011. Посетено на 17 ноември 2011.
  3. „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 25 ноември 2017.
  4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. Mangold, Max (уред.). Duden, Aussprachewörterbuch (6. изд.). Dudenverlag. стр. 271, 53f. ISBN 9783411209163.
  6. Латинското име Sacrum Imperium (Света Империја) било документирано уште во 1157. Латинското име Свето Римско Царство (Sacrum Romanum Imperium) било првпат документирано во 1254 година. Полното име „Свето Римско Царство на германскиот народ“ (Heiliges Römisches Reich Deutscher Nation) датира уште од XV век.
    Zippelius, Reinhold. Kleine deutsche Verfassungsgeschichte: vom frühen Mittelalter bis zur Gegenwart (германски) (7. изд.). Минхен: Beck. стр. 25. ISBN 9783406476389.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Германија“. Berkley Center for Religion, Peace, and World Affairs. Архивирано од изворникот на 2013-10-12. Посетено на 2011-12-15.
  8. Шулце, Хаген. Германија: Нова историја. Универзитет Харвард. стр. 4. ISBN 0-674-80688-3.
  9. Claster, Jill N. (1982). Средновековна историја: 300–1400. Њујорк Универзитет. стр. 35. ISBN 0-8147-1381-5.
  10. 10,0 10,1 Fulbrook 1991, pp. 9–13.
  11. Bowman, Alan K.; Garnsey, Peter; Cameron, Averil (2005). Криза на императија, 193–337. Древна историја - Кембриџ. 12. Универзитет Кембриџ. стр. 442. ISBN 0-521-30199-8.
  12. 12,0 12,1 Fulbrook 1991, p. 11.
  13. Нелсон, Лин Хари. Големата глад (1315–1317) и црната смрт (1346–1351). Универзитет Канзас. Посетено на 19 март 2011.
  14. Fulbrook 1991, p. 27.
  15. Philpott, Daniel (January 2000). „The Religious Roots of Modern International Relations“. World Politics. 52 (2): 206–245.
  16. Хендерсон, W. O. (јануари 1934). „The Zollverein“. Историја. 19 (73): 1–19. doi:10.1111/j.1468-229X.1934.tb01791.x. ISSN 0018-2648.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 17,6 17,7 17,8 „Германија“. Американски Стејт департмент. 10 ноември 2010. Посетено на 26 март 2011.
  18. Black, John, уред. (2005). 100 maps. Sterling Publishing. стр. 202. ISBN 9781402728853.
  19. Fulbrook 1991, pp. 135, 149.
  20. Кросланд, Давид (22 јануари 2008). „Последниот ветеран од Првата светска војна починал“. Spiegel Online. Посетено на 25 март 2011.
  21. Lee, Stephen J. (2003). Europe, 1890–1945. Routledge. стр. 131. ISBN 9780415254557.
  22. Thamer, Hans-Ulrich (2003). „Beginn der nationalsozialistischen Herrschaft (Teil 2)“. Nationalsozialismus I (германски). Bonn: Federal Agency for Civic Education. Посетено на 4 October 2011. Претседателот Фон Хинденбург умрел на втори август 1934. Еден ден претходно, кабинетот ја одобрил одлуката Хитлер да биде негов наследник. Канцеларијата на претседателот била укината и обединета на таа со канцеларот под името „Führer und Reichskanzler“. Меѓутоа, ова било големо непочитување на законите
  23. Fulbrook 1991, pp. 156–160.
  24. Fulbrook 1991, pp. 155–158, 172–177.
  25. „Das Ermächtigungsgesetz 1933“ (германски). Deutsches Historisches Museum. Посетено на 25 март 2011.
  26. Stackelberg, Roderick (1999). Германија на Хитлер: Потекло, интерпретации, закони. Routledge. стр. 103. ISBN 9780415201155.
  27. „Industrie und Wirtschaft“ (германски). Deutsches Historisches Museum. Посетено на 25 March 2011.
  28. Fulbrook 1991, pp. 188–189.
  29. 29,0 29,1 Fulbrook 1991, pp. 190–195.
  30. Steinberg, Heinz Günter (1991). Die Bevölkerungsentwicklung in Deutschland im Zweiten Weltkrieg: mit einem Überblick über die Entwicklung von 1945 bis 1990 (германски). Kulturstiftung der dt. Vertriebenen. ISBN 9783885570899.
  31. Niewyk, Donald L.; Nicosia, Francis R. (2000). The Columbia Guide to the Holocaust. Columbia University Press. стр. 45–52. ISBN 9780231112000.
  32. „Leaders mourn Soviet wartime dead“. BBC News. 9 May 2005. Посетено на 18 March 2011.
  33. Овери, Ричард (17 февруари 2011). „Нирнберг: Нацистите на судење“. BBC History. Посетено на 25 март 2011.
  34. Rűdiger Overmans. Deutsche militärische Verluste im Zweiten Weltkrieg. Oldenbourg 2000. ISBN 3-486-56531-1
  35. Das Deutsche Reich und der Zweite Weltkrieg, Bd. 9/1, ISBN 3-421-06236-6. Page 460 (Оваа студија била подготвена од Германскиот воено-историски истражувачки центар, агенција на германската влада)
  36. Peter Antill; Peter Dennis (10 October 2005). Berlin 1945: end of the Thousand Year Reich. Osprey Publishing. стр. 85. ISBN 9781841769158. Посетено на 24 June 2011.
  37. Bonn : Kulturstiftung der Deutschen Vertriebenen, Vertreibung und Vertreibungsverbrechen, 1945–1948 : Bericht des Bundesarchivs vom 28. Mai 1974 : Archivalien und ausgewählte Erlebnisberichte / [Redaktion, Silke Spieler]. Bonn :1989 ISBN 3-88557-067-X. (Ова е студија на германските жртви поради „воено злосторство“ подготвена од архивите на германската влада)
  38. Germany reports. With an introd. by Konrad Adenauer. Germany (West). Presse- und Informationsamt. Wiesbaden, Distribution: F. Steiner, 1961] Page 32
  39. Robert N. Proctor, Racial Hygiene: Medicine under the Nazis, Harvard 1988,
  40. Beevor, Antony (2003) [2002]. Berlin: The downfall 1945. Penguin. стр. 31–32, 409–412. ISBN 9780140286960.
  41. Wise, Michael Z. (1998). Дилема за главен град: Германската потрага по нова архитектура на демократија. Princeton Architectural Press. стр. 23. ISBN 978-1-56898-134-5.
  42. maw/dpa (11 март 2008). „Нова студија открива повеќе траги на Штази“. Spiegel Online – англиска страница (www.spiegel.de/international). Der Spiegel. Посетено на 30 октомври 2011. 189,000 луѓе биле информатори за Штази - поранешната комунистичка тајна полиција - кога Источна Германија пропаднала во 1989 – 15.000 повеќе отколку претходните студии. [...] околу еден од 20 членови на поранешната комунистичка партија на Источна Германија, SED, бил информатор на тајната полиција.
  43. Колчестер, Нико (1 јануари 2001). „D-mark day dawns“. Financial Times. Лондон. Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на 19 март 2011.
  44. Protzman, Ferdinand (22 August 1989). „Westward Tide of East Germans Is a Popular No-Confidence Vote“. www.nytimes.com. The New York Times. Посетено на 30 October 2011.
  45. „Gesetz zur Umsetzung des Beschlusses des Deutschen Bundestages vom 20. Juni 1991 zur Vollendung der Einheit Deutschlands“ (германски). Bundesministerium der Justiz. 26 април 1994. Посетено на 19 април 2011.
  46. „Brennpunkt: Hauptstadt-Umzug“. Focus (германски). Минхен. 12 април 1999. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 19 март 2011.
  47. Dempsey, Judy (31 октомври 2006). „Germany is planning a Bosnia withdrawal“. International Herald Tribune. Paris. Посетено на 7 мај 2011.
  48. Merz, Sebastian (November 2007). „Still on the way to Afghanistan? Germany and its forces in the Hindu Kush“. Stockholm International Peace Research Institute. стр. 2, 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-01. Посетено на 16 April 2011.
  49. 49,0 49,1 49,2 49,3 49,4 49,5 49,6 49,7 „World Factbook“. CIA. Архивирано од изворникот на 2016-02-11. Посетено на 26 март 2011.
  50. 50,0 50,1 „Клима во Германија“. GermanCulture. Посетено на 26 март 2011.
  51. „Екорегиони“. WWF. Архивирано од изворникот на 2013-08-12. Посетено на 19 март 2011.
  52. Стром, Катрин (мај 2010). „Обработливо земјиште во Германија“ (PDF). Agri benchmark. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-13. Посетено на 14 април 2011.
  53. Bekker, Henk (2005). Adventure Guide Germany. Hunter. стр. 14. ISBN 9781588435033.
  54. „Зоо факти“. Зоолошки градини и аквариуми во Америка. Архивирано од изворникот на 2003-10-07. Посетено на 16 април 2011.
  55. „Der Zoologische Garten Berlin“ (германски). Zoo Berlin. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 19 март 2011.
  56. „Основен закон за Сојузна Република Германија“ (PDF). Deutscher Bundestag. Btg-bestellservice. октомври 2010. Посетено на 14 април 2011.
  57. „Христијанска демократска унија/Христијанска социјална унија“. Библиотека на Конгресот (САД). Посетено на 26 март 2011.
  58. „Сојузен уставен суд“. Bundesverfassungsgericht. Архивирано од изворникот на 2011-04-29. Посетено на 26 март 2011.
  59. „Völkerstrafgesetz Teil 1 Allgemeine Regelungen“ (германски). Bundesministerium der Justiz. Посетено на 19 април 2011.
  60. „§ 2 Strafvollzugsgesetz“ (германски). Bundesministerium der Justiz. Посетено на 26 март 2011.
  61. Јеле, Јерг-Мартин; Германско сојузно министерство за правда (2009). Кривична правда во Германија. Forum-Verlag. стр. 23. ISBN 9783936999518.
  62. Каспер, Герхард; Цајзел, Ханс (јануари 1972). „Судии-поротници во германските кривични судови“. Journal of Legal Studies. 1 (1): 141. JSTOR 724014.
  63. Поединечно може да се нарекуваат или Land [покраина], Freistaat [слободна покраина] или Freie (und) Hansestadt [слободен (и) ханзеатски град].
    „Сојузни покраини“. www.bundesrat.de. Бундесрат на Германија. Архивирано од изворникот на 2013-09-10. Посетено на 17 July 2011.
    „Official denomination of federated states“ (PDF; download file „Englisch“). www.auswaertiges-amt.de (германски). Сојузно министерство за надворешни работи. Посетено на 22 октомври 2011.
  64. „Пример за покраински устав: „Устав на Покраината Северна Рајна-Вестфалија". Ландтаг (покраинско собрание) на Северна Рајна-Вестфалија. Архивирано од изворникот на 2013-01-17. Посетено на 17 јули 2011.
  65. „Kreisfreie Städte und Landkreise nach Fläche und Bevölkerung 31.12.2009“ (германски). Statistisches Bundesamt Deutschland. 2010. Архивирано од изворникот (XLS) на 2011-04-28. Посетено на 26 септември 2011.
  66. „Германски мисии“. Германско министерство за надворешни работи. Посетено на 26 март 2011.
  67. „ЕУ-буџет 2011 во бројки“. Европска Комисија. Посетено на 6 мај 2011.
  68. „Буџетот на ОН за 2011 година“. ОН Комитет за придонеси. Посетено на 6 мај 2011.
  69. „Објава од француско-германскиот одбранбен и безбедносен совет“. Француска амбасада. 13 мај 2004. Архивирано од изворникот на 2014-03-27. Посетено на 19 март 2011.
  70. Фрид, Џон К. (4 април 2008). „Водачот на Европа?“. The New York Times. Посетено на 28 март 2011.
  71. „Цели на германската развојна политика“. Сојузно министерство за економска соработка и развој. 10 април 2008. Архивирано од изворникот на 2011-03-10. Посетено на 26 март 2011.
  72. „Net Official Development Assistance 2009“ (PDF). OECD. Посетено на 26 март 2011.
  73. „Говор од канцеларот Ангела Меркеле во Генералното собрание на Обединетите нации“. Die Bundesregierung. 21 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2011-04-02. Посетено на 18 март 2011.
  74. Харисон, Хоуп (2004). „American détente and German ostpolitik, 1969–1972“ (PDF). Bulletin Supplement. Германски историски институт. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-08. Посетено на 26 март 2011.
  75. „Новото лице на Германија надвор“. Deutsche Welle. 14 октомври 2005. Посетено на 26 март 2011.
  76. „Подготвени за прегретка од Буш?“. The Economist. 6 јули 2006. Посетено на 19 март 2011.
  77. „Економски односи САД-Германија“ (PDF). Американска амбасада во Берлин. мај 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-11. Посетено на 26 март 2011.
  78. „Извештај на СИПРИ за податоците на воените трошоци 2010“. Меѓународен истражувачки институт за мир Стокхолм. 11 април 2011. Посетено на 7 мај 2011.
  79. „Grundgesetz für die Bundesrepublik Deutschland, Artikel 65a,87,115b“ (PDF) (германски). Bundesministerium der Justiz. Посетено на 19 март 2011.
  80. „Die Stärke der Streitkräfte“ (германски). Bundeswehr. Посетено на 5 јуни 2011.
  81. 81,0 81,1 „Ausblick: Die Bundeswehr der Zukunft“ (германски). Bundeswehr. Посетено на 5 јуни 2011.
  82. „Einsatzzahlen – Die Stärke der deutschen Einsatzkontingente“ (германски). Bundeswehr. Посетено на 14 април 2011.
  83. Коноли, Кејт (22 ноември 2010). „Германија ја укинува задолжителната воена служба“. The Guardian. Обединето Кралство. Посетено на 7 април 2011.
  84. Пајд, Хелен (16 март 2011). „Без наредби за регрутација во Германија, но што ќе дојде на нивно место?“. The Guardian. Обединето Кралство. Посетено на 7 април 2011.
  85. „Frauen in der Bundeswehr“ (германски). Bundeswehr. Посетено на 14 април 2011.
  86. Норис, Флојд (20 февруари 2010). „Промена во силата на извозот“. The New York Times. Посетено на 27 март 2011.
  87. http://macroconnections.media.mit.edu/featured/economic-complexity-observatory/[мртва врска]
  88. „Табела на CPI 2009“. Transparency International. Архивирано од изворникот на 2012-04-22. Посетено на 27 март 2011.
  89. „Предноста на иновациите во производството: Како САД може да ја поврати предноста“ (PDF). Boston Consulting Group. март 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-20. Посетено на 19 март 2011.
  90. „Бруто-домашен производ (2009)“ (PDF). Светска банка: Податоци за индикаторите на светскиот развој. Светска банка. 27 септември 2010. Посетено на 1 јануари 2011.
    Список - БДП (службен курс) Архивирано на 27 декември 2018 г., CIA World Factbook
  91. „Бруто-домашен производ (2009)“ (PDF). Светска банка: Податоци за индикаторите на светскиот развој. Светска банка. 27 септември 2010. Посетено на 5 октомври 2010.
    Список - БДП (курс ПКМ) Архивирано на 4 јуни 2011 г., CIA World Factbook
  92. Германски мисии во САД (12 јануари 2011). "Германската економија доживеа рекорден пораст во 2010". Соопштение за печат.  посет. 27 март 2011 г Архивирано на 1 ноември 2011 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-11-01. Посетено на 2012-04-01.
  93. Eurostat (пристапено на 20.9.2017)
  94. „Енергија од ветер“. Сојузно министерство за економија и технологија. Архивирано од изворникот 2006-12-10. Посетено на 27 март 2011.
  95. UFI, the Global Association of the Exhibition Industry (2008). „Статистика за европски саеми 2008“ (PDF). AUMA Ausstellungs- und Messe-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft e.V. стр. 12. Посетено на 24 септември 2011.
  96. Ендрјус, Едмунд Л. (1 јануари 2002). „Германија ѝ кажаат збогум на марката, симболот на силата и обединувањето“. The New York Times. Посетено на 18 март 2011.
  97. Тејлор Мартин, Сузан (28 декември 1998). „На 1 јануари стигнува еврото“. St. Petersburg Times. стр. National, 1.A.
  98. Берг С.; Винтер С.; Васерман А. (5 септември 2005). „Цената на пропаднатото обединување“. Spiegel Online. Посетено на 28 ноември 2006.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  99. Kulish, Nicholas (19 јуни 2009). „In East Germany, a Decline as Stark as a Wall“. The New York Times. Посетено на 27 март 2011.
  100. „Германија се согласи на стимулативен план од 50 милијарди евра“. France 24. 6 јануари 2009. Посетено на 27 март 2011.
  101. „100 врвни марки 2010“. Interbrand. Архивирано од изворникот на 2011-02-12. Посетено на 27 март 2011.
  102. Гевин, Мајк (23 септември 2010). „Германија има 1.000 пазарно водечки компании, вели магазинот Менаџер“. Businessweek. Њујорк. Посетено на 27 март 2011.
  103. „Global 500: Држави - Германија“. Forbes. 26 јули 2010. Посетено на 27 март 2011.
  104. ADAC (јуни 2010). "Autobahn-Temporegelung" (на германски). Соопштение за печат.  посет. 19 март 2011 г Архивирано на 1 јануари 2015 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-01-01. Посетено на 2022-10-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  105. „Geschäftsbericht 2006“ (германски). Deutsche Bahn. Архивирано од изворникот 2007-08-09. Посетено на 27 март 2011.
  106. „Аеродроми во Германија“. Air Broker Center International. Архивирано од изворникот на 2011-04-27. Посетено на 16 април 2011.
  107. „Преглед/Податоци: Германија“. САД енергетски информации. 30 јуни 2010. Посетено на 19 април 2011.
  108. „Увоз на енергија, нето (% од користење на енергија)“. Светска банка. Посетено на 18 април 2011.
  109. Reuters Berlin (7 јули 2010). „* Животна средина * Обновлива енергија Германија планира замена до 100% обновлива енергија до 2050“. The Guardian. UK. Посетено на 18 април 2011.
  110. „Primärenergieverbrauch nach Energieträgern“ (германски). Bundesministerium für Wirtschaft und Technologie. декември 2010. Архивирано од изворникот на 2011-04-27. Посетено на 18 април 2011.
  111. „Германија се определи за зелена енергија“. BBC News. 25 февруари 2005. Посетено на 27 март 2011.
  112. Umweltbundesamt (1 февруари 2010). "Deutschland erfüllte 2008 seine Klimaschutzverpflichtung nach dem Kyoto-Protokoll" (на германски). Соопштение за печат.  посет. 19 март 2011 г Архивирано на 27 април 2011 г. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-27. Посетено на 2012-04-08.
  113. „Германија - најзелена земја во светот“. The Times of India. Њу Делхи. 21 јуни 2008. Архивирано од изворникот на 2011-04-28. Посетено на 26 март 2011.
  114. „Treibhausgas-Emissionen der Europäischen Union ...“ (PDF) (германски). Umweltbundesamt. 2009. Посетено на 10 мај 2011.
  115. „Германските технолошки резултати“. Сојузно министерство за образование и истраживање. 11 јануари 2007. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 21 август 2011.
  116. „Нобелова награда“. Nobelprize.org. Посетено на 27 март 2011.
  117. „Наградите на Шведската академија“. ScienceNews. Архивирано од изворникот на 2012-09-29. Посетено на 1 октомври 2010.
  118. Нобелови награда поделени 1901–2009 по државјанство во моментот на наградата и по држава на раѓање. Од Шмидхубер, Ј. (2010). „Еволуција на доделувањата на нобеловите награди во XX век“. Посетено на 27 март 2011.
  119. Робертс, Џ. М. (2002). The New Penguin History of the World. Allen Lane. стр. 1014. ISBN 9780713996111.
  120. „Првата Нобелова награда“. Deutsche Welle. 8 септември 2010. Посетено на 27 март 2011.
  121. „Награда Лајбниц“. DFG. Архивирано од изворникот 2008-06-21. Посетено на 27 март 2011.
  122. Бјанки, Лујџи. „Големи електромеханички компјутери“. York University. Посетено на 17 април 2011.
  123. „Цепелин“. U.S. Centennial of Flight Commission. Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на 27 март 2011.
  124. „Историски бројки во телекомуникациите“. International Telecommunication Union. 14 јануари 2004. Посетено на 27 март 2011.
  125. Roland Berger Strategy Consultants: Green Growth, Green Profit – How Green Transformation Boosts Business Palgrave Macmillan, New York 2010, ISBN 978-0-230-28543-9
  126. Клучни бројки за Европа (PDF). Белгија: Европска Унија. стр. 37. doi:10.2785/623. ISBN 978-92-79-18441-3.
  127. „Споредба на држави :: Население“. CIA. Архивирано од изворникот на 2012-01-06. Посетено на 26 јуни 2011.
  128. Destatis. „Durchschnittliche Kinderzahl 2008 in den neuen Ländern angestiegen“ (германски). Архивирано од изворникот 2010-12-29. Посетено на 28 март 2011.
  129. „Модел на демографска транзиција“. Barcelona Field Studies Centre. Посетено на 28 март 2011.
  130. Destatis (18 ноември 2009). "Im Jahr 2060 wird jeder Siebente 80 Jahre oder älter sein" (на германски). Соопштение за печат.  посет. 6 април 2012 г
    Детали за методологијата, детални табел се обезбедени од „Bevölkerungsentwicklung in Deutschland bis 2060“ (германски). Statistisches Bundesamt. 18 ноември 2009. Архивирано од изворникот 2010-12-29. Посетено на 15 февруари 2011.
  131. Population and employment: Population with migrant background – Results of the 2010 microcensus (PDF). Fachserie 1 Reihe 2.2 (германски). Statistisches Bundesamt. 14 јули 2010. стр. 6–8. Artikelnummer: 2010220107004. Посетено на 7 март 2012.
    Сојузното статистичко биро ги дефинира лицата со доселеничко потекло, како сите луѓе кои мигрирале во денешната област на Сојузна Република Германија по 1949, дополнително сите странски државјани кои се родиле во Германија како германски државјани со најмалку еден родител, кој се доселил во Германија или е роден во Германија како странец.
  132. „Меѓународна миграција 2006“ (PDF). ОН департман за економски и социјални прашања. Посетено на 18 март 2011.
  133. „Германија“. Focus-Migration. Посетено на 28 март 2011.
  134. „20% од Германците имаат доселенички корени“. Burlington Free Press. 15 јули 2010. стр. 4A.
  135. „Bevölkerung nach Migrationshintergrund“ (германски). Германско сојузно статистичко биро. Архивирано од изворникот 2010-12-29. Посетено на 28 март 2011.
  136. „Неколку етнички Германци се враќаат во татковината“. Migration Information Source. Посетено на 28 март 2011.
  137. „Regionales Monitoring 2008 – Daten und Karten zu den Europäischen Metropolregionen (EMR) in Deutschland“ (PDF) (германски). Bundesamt für Bauwesen und Raumordnung. стр. 10. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-07-29. Посетено на 11 јуни 2011.
  138. 138,0 138,1 „EKD-Statistik: Christen in Deutschland 2007“ (германски). Evangelische Kirche in Deutschland. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 28 март 2011.
  139. 139,0 139,1 „Konfessionen in Deutschland“ (PDF) (германски). Fowid. 9 септември 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-03-03. Посетено на 28 март 2011.
  140. 140,0 140,1 Muslimisches Leben in Deutschland. Chapter 2: Wie viele Muslime leben in Deutschland? (германски). Bundesamt für Migration und Flüchtlinge. јуни 2009. стр. 80, 97. ISBN 978-3-9812115-1-1. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-30. Посетено на 28 март 2011.
  141. „Religionen in Deutschland: Mitgliederzahlen“ (германски). Religionswissenschaftlicher Medien- und Informationsdienst. 31 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 2014-05-28. Посетено на 28 март 2011.
  142. Blake, Mariah (10 ноември 2006). „In Nazi cradle, Germany marks Jewish renaissance“. Christian Science Monitor. Посетено на 28 март 2011.
  143. Schnabel, U. (15 март 2007). „Buddhismus Eine Religion ohne Gott“. Die Zeit (германски). Hamburg. Посетено на 19 март 2011.
  144. 144,0 144,1 Европска Комисија (2006). „Special Eurobarometer 243: Europeans and their Languages (Survey)“ (PDF). Europa (web portal). Посетено на 28 март 2011.
    Европска Комисија (2006). „Special Eurobarometer 243: Europeans and their Languages (Executive Summary)“ (PDF). Europa (web portal). Посетено на 28 март 2011.
  145. Европска Комисија (2004). „Многу јазици, едно семејство. Јазици во Европската Унија“ (PDF). Europa (web portal). Посетено на 28 март 2011.
  146. „Sprechen Sie Deutsch?“. The Economist. 18 март 2010. Посетено на 16 април 2011.
  147. Grotlüschen, Anke; Riekmann, Wibke (2011). „leo.- Level One Survey. Presseheft“ (PDF) (германски). Хамбуршки универзитет. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-27. Посетено на 15 април 2011.
  148. 148,0 148,1 „Country profile: Germany“ (PDF). Library of Congress. април 2008. Посетено на 28 март 2011.
  149. „Образованиот систем во Германија“. Cuesta College. 31 август 2002. Архивирано од изворникот на 2011-05-13. Посетено на 16 мај 2011.
  150. „Топ 100 Светски универзитети“. Academic Ranking of World Universities. Архивирано од изворникот 2008-08-22. Посетено на 28 март 2011.
  151. „Школарините на универзитетите во Германија“. StudyinEurope.eu. 2009. Архивирано од изворникот на 2011-05-13. Посетено на 19 март 2011.
  152. Системите за здравствена заштита во транзиција: Германија (PDF). European Observatory on Health Care Systems. 2000. стр. 8. AMS 5012667 (DEU). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-13. Посетено на 15 април 2011.
  153. „Die Gesundheitsreform 2007: Was hat sich geändert?“. Krankenkassen.de. Посетено на 16 април 2012.
  154. 154,0 154,1 „Core Health Indicators“. Светска здравствена заштита. Посетено на 6 јуни 2011.
  155. „2010: Herz-/Kreislauferkrankungen verursachen 41 % aller Todesfälle“ (германски). Destatis.de. Архивирано од изворникот на 2013-07-23. Посетено на 6 април 2012.
  156. 156,0 156,1 „Профил на Германија“ (PDF). Library of Congress Federal Research Division. 2008. Посетено на 7 мај 2011.
    Оваа статија може содржи текст од овој извор, кој е јавна сопственост.
  157. Wasser, Jeremy (6 април 2006). „Spätzle Westerns“. Spiegel Online International. Посетено на 28 март 2011.
  158. „Unbelievable Multitude“. Deutsche Welle. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 28 март 2011.
  159. „Објекти на светското наследство во Германија“. УНЕСКО. Посетено на 3 октомври 2010.
  160. „Human Development Report 2010 Table 4 Gender Inequality Index“ (PDF). United Nations Development Programme. стр. 156–160. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-04. Посетено на 20 април 2011.
  161. „Германија ги проширува хомосексуалните права“. News24. 29 октомври 2004. Архивирано од изворникот на 2013-07-24. Посетено на 19 март 2011.
  162. Heckmann, Friedrich (2003). The Integration of Immigrants in European Societies: national differences and trends of convergence. Lucius & Lucius. стр. 51 ff. ISBN 978-3-8282-0181-1.
  163. GfK (12 октомври 2010). "2010 Anholt-GfK Roper Nation Brands Index". Соопштение за печат.  посет. 28 март 2011 г „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-10-16. Посетено на 2012-04-26.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  164. „Views of US Continue to Improve in 2011 BBC Country Rating Poll“. Worldpublicopinion.org. 7 март 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-27. Посетено на 28 март 2011.
  165. A Dictionary of Architecture and Landscape Architecture. Oxford University Press. 2006. стр. 880. ISBN 0-19-860678-8.
  166. „Germany's flailing music industry seeks new talent“. Deutsche Welle. 2 февруари 2010. Посетено на 28 март 2011.
  167. Espmark, Kjell (3 декември 1999). „The Nobel Prize in Literature“. Nobelprize.org. Посетено на 28 март 2011.
  168. „Land of ideas“. Land-der-ideen.matrix.de. Архивирано од изворникот на 2011-04-27. Посетено на 19 март 2011.
  169. Weidhaas, Peter; Gossage, Carolyn; Wright, Wendy A. (2007). A History of the Frankfurt Book Fair. Dundurn Press Ltd. стр. 11 ff. ISBN 9781550027440.
  170. Searle, John (1987). The Blackwell Companion to Philosophy. Introduction. Wiley-Blackwell.
  171. Bordwell, David; Thompson, Kristin (2003) [1994]. Film History: An Introduction. The Introduction of Sound (2. изд.). McGraw-Hill. стр. 204. ISBN 978-0-07-115141-2.
  172. „Rainer Werner Fassbinder“. Fassbinder Foundation. Архивирано од изворникот на 2011-10-26. Посетено на 28 March 2011.
  173. „2006 FIAPF accredited Festivals Directory“ (PDF). International Federation of Film Producers Associations. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-01-09. Посетено на 28 март 2011.
  174. „Awards:Das Leben der Anderen“. IMDb. Посетено на 28 март 2011.
  175. „Профил на држава: Германија“. BBC News. Посетено на 28 март 2011.
  176. „Guide to German Sausages & Meat Products“. German Foods North America. Архивирано од изворникот на 2010-03-29. Посетено на 6 април 2012.
  177. „Germany Country Profiles for Organic Agriculture“. Food and Agriculture Organization. Архивирано од изворникот на 2012-01-21. Посетено на 6 мај 2011.
  178. Schneibel, Gerhard (23 април 2010). „Brewers not worried by beer consumption drop“. Deutsche Welle. Бон. Посетено на 6 април 2012.
  179. „Schnitzel Outcooks Spaghetti in Michelin Guide“. Deutsche Welle. Bonn. 15 ноември 2007. Посетено на 6 април 2012.
  180. „German cuisine beats Italy, Spain in gourmet stars“. Reuters. 28 март 2011. Архивирано од изворникот на 2015-11-17. Посетено на 19 март 2011.
  181. 181,0 181,1 181,2 „Germany Info: Culture & Life: Sports“. Germany Embassy in Washington, D.C. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 28 март 2011.
  182. Ornstein, David (23 октомври 2006). „What we will miss about Michael Schumacher“. The Guardian. UK. Посетено на 19 март 2011.
  183. „Beijing 2008 Medal Table“. International Olympic Committee. Посетено на 19 март 2011.
  184. „Turin 2006 Medal Table“. International Olympic Committee. Посетено на 19 март 2011.
  185. Discogs, The Original Adam & The Ants* ‎– Deutscher Girls (пристапено на 4.9.2019)
  186. Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Статијата „Германија“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).