Прејди на содржината

Васил Чочов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Чочов
Роден 1862
Берово, Македонија
Починал 1899
Софија, Бугарија

Васил Иванов Чочов или Чочев, бил револуционер на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Васил Чочов е роден во 1862 година во Малешевско село Берово, тогаш во Отоманското Царство. Добива основно образование. По Кресненско Разлошкото востание емигрира во Бугарија и станува фелдфебел (подофицер) во бугарската армија. Во 1896-1897 година по иницијатива на Чочов група малешевци формираат во Софија конспиративен кружок во населбата Курубаглар (денес Лозенец). На иницијатива на Гоце Делчев, 15 лица од овој кружок формираат чета, која за свој водач го избира војводата Васил Чочов. Во четата се и Никола Петров Русински, Михаил Апостолов и други. Во пролетта 1897 година четата заминува за Македонија и тоа е првата чета од организацијата во Малешево. Есента во истата година учествува во киднапирањето на Назл'м бег, раководено од Гоце Делчев. Умира во Софија во 1899 година [1].

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 188.